Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Некоја информација зошто УНИ банка за еден месец отиде од 1300 на 900?
 
Една можна причина е зошто отиде од 900 на 1300 за месец дена.
 
Која е таа банка што е 20% изложена?
 
Планот на Стопанска Битола за наредните 5 години изгледа одлично. Не сум сигурен дека ја имаат земено во предвид промената на власта.
 
Мислам дека власта на банките не влијае многу.
Мене повеќе ме интересира дали населението и фирмите се до крај „исцицани“ со кредити и друго банкарско работење.
Зошто нашиве банки работат турбо како змаеви последните години, ќе дојде време кога повеќе нема да можат лесно да растат.
 
Последно уредено:
http://emagazin.mk/vesti/vest/35399
Еве и потврда од регулаторот околу Базел лејери. "Една банка изложена 20% , една комплетно капитализирана.
Кој следи малку подлабоко знае што е што.
Moze li nekoj da go prokomentira gorenapisanoto? Dali toa stop za dividendite se odnesuva za ovaa ili za narednite godini?
 
Не разбирам што конкретно ова значи. Но НЛБ добила судски спор во кој тие биле тужени на вредност од 26м евра.
 
http://emagazin.mk/vesti/vest/35399
Еве и потврда од регулаторот околу Базел лејери. "Една банка изложена 20% , една комплетно капитализирана.
Кој следи малку подлабоко знае што е што.
образложи ако не ти е тешко, да знаеме сите =)
 
http://emagazin.mk/vesti/vest/35399
Еве и потврда од регулаторот околу Базел лејери. "Една банка изложена 20% , една комплетно капитализирана.
Кој следи малку подлабоко знае што е што.

Базел го топиме стопанска банка скопје маргината од вкупниот пондериран ризик е 6.5 -7пати поголема од бараната адекватноста, кај Кмб е проблематично бидејки не се знае која е пондерирана бројка поради резервациите и отписите правени последните 10 години кај останатите не ни отворив да проверам немам акции.
 
Не верувам дека некој има акции од Триглав ама одлична вест за малите акционери. Честито нека им е.
 
Znae li nekoj sto se slucuva so moj novac forumot? Dali e ugasen kompletno ili samo nie ne mozeme da go sledime?Sepak mora da priznaeme procitavme korisni raboti ot tamu,
 
Свежо инфо
Словенечки „Триглав“ сака да ги докупи и останатите околу 30% акции во македонскиот „Триглав осигурување“ и да стане 100-отстотен газда (и со тоа да не котира на Македонската берза и да не мора да поднесува завршни сметки до берзата).
Нуди дури 14.600 денари по акција во ситуација кога акциите вредат само 2.280 денари.
Што покажува колку се џабе македонските фирми после цела деценија слабо активен пазар на капитал. Колку беше евтин „Макпетрол“ кога рускиот олигарх сакаше да го купи за 40 милиони евра, колку евтин е „Фершпед“ во вредност од 12,5 милиони евра, итн.

Владимир Петрески виа фб
 
Немаше речиси никаква понуда за Триглав. Пред неколку месеци прашував и единствените акции што се нудеа на берзата беа по цена од 10.000 денари.
 
Поштовани форуме,

Ме мачи една енигма поврзана со SEE Link:

Можат ли физички лица, резиденти на Р. Македонија, да купуваат хартии од вредност од странство преку SEE Link, имајќи го во предвид ставот 4* од членот 14 од Законот за девизно работење**?

* - „Резидентите освен овластените банки, не можат да вложуваат во хартии од вредност во странство.
** - http://www.finance.gov.mk/files/u11/Zakon_za_devizno_rabotenje.pdf
 
Прочитај малку наназад форумов , има пишувано и за ова. Генерално сега за сега не е возможно,ако немаш регистриран престој во странство или пасош. Треба да може да се тргува наскоро но само Софија,Загреб и Скопје до сега имаат некој договор-платформа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom