Кој збореше дека законски има право да го стави тоа знаме во таа канцеларија во таа институција? Законски нема право.
Закон за употреба на знамињата на заедниците во РМ (има измени во однос на првичната верзија од законот, со измени во 2011, ќе се обидам да направам интегрален текст на следниве членови).
Член 4
Во единицата на локалната самоуправа, во која живеат граѓани припадници на заедницата и се повеќе од 50% од населението во таа единица на локалната самоуправа согласно со членот 2 од овој закон, пред и во објектите на органите на единицата на локалната самоуправа постојано се истакнати знамето на Република Македонија и знамето на таа заедница.
Ова е за постојана употреба. Јасно се наведува со болдираното.
Член 5
Во единицата на локалната самоуправа во која живеат граѓани припадници на заедницата „и се повеќе од 50% од населението во таа единица на локалната самоуправа, согласно со членот 2 од овој закон, пред и во објектите на државните органи, јавните служби и правните лица основани од државата, јавните служби и правните лица основани од единицата на локалната самоуправа, на улиците, плоштадите и други инфраструктурни објекти, покрај знамето на Република Македонија се истакнува и знамето на таа заедница:
- во денови на државни и други празници на Република Македонија утврдени со закон;
- во денови на празници на заедниците;
- во денови на општински и други празници утврдени со одлука на советот на единицата на локалната самоуправа;
- при пречек и испраќање на претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија и претседателот и членови на Владата на Република Македонија и
- при официјално доаѓање на претседател или премиер на странска држава, како и на суверен или висок претставник на меѓународната заедница.
- при официјално доаѓање на висок претставник на меѓународната заедница и
- во денови на одржување на манифестации од локален и меѓународен карактер.
Ова не знам дали можам да го протолкувам вака но ајде: Собранието се наоѓа во Град Скопје, припадниците на албанската заедница не се повеќе од 50% во Град Скопје.