Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Ова беше класично газење.
Зидан со денешнава текма, диплoмираше :)

Атлетико е тим кој секоја индивидуална а не па тактичка грешка знае да те казни ко никој друг.
Денес господин ЗЗ (не Зоран Заев) , успеа да го стави во шише Чоло.

Од почеток очекувана навала, и одлични 3-4 100% шанси - еден гол ...супер.

Второ полувреме како нагазија на топката паметно , без она ... "шо ги ебам, подобри сме дај уште пет да им дадеме"
менталитет, при што скоро секогаш примавме гол , посебно од Атлетико и после беше "држ-недај". Точно е дека имаме
класа играчи, ама кога работат по наложена стратегија, се машина.

Навас, одличен. Имаше само едно кикс подавање во нозе на почеток, ама затоа после зицер спаси.

Карвахал дур играше , исто беше одличен. Она надодавање во напад, секоја чест. Милион опции ствара.
Рамос и Варан , бетон. Посигурни централни од денешниве како изиграа, не сме имале некое време.
Марсело, маестро. Толку.

Крос контрола цел натпревар - браво. Прв пат да не го видам 75+ минута со јазик до голена да трча. Сепак има врска со онаа стратегија на не бркање втор гол по секоја цена да се игра.

Лука се врати, навистина се врати. Доста добар беше и тој денеска. Штета онаа со глава што ја смири и волејот потоа што не влезе. Во прав момент се враќа во форма.

Касемиро, се гледа дека некој го повлекол за уши. Доста покултурно играше денеска. Цврсто , ама сепак паметно.
Само некогач при посед на топка некако ноншалантно се однесува. Добро што не не кошташе денес.

Иско...а бееее Иско. Како што напишав пред некој ден. Значи сепак ЛаКоруња, Компостела, Осасуна не е исто со Атлетико а? ;) Далеку дека нема да го биде, ама добар "reality check" му беше ова денес.

Бензема, пак доста слабо ...дури и онаа на Роналдо за 2-0 што му ја намести , некако на среќа како да стигна до него.
Немаше среќа и со таа маказицата, ама сепак односот, движењата со и без топка му се некако многу троми.
Да не се лажеме, не беше од секогаш ваков. Доста добар играч на времето ни беше. Што знам.

Роналдо, пак МОТМ. Колку и да не е мој тип на играч, мора да се пофали. Не само головите , ама и во креирање акции, навлекување на играчи на него, обиди за асистенции ... секоја чест! Браво!

Од резервиве, Начо ти е чудо. Абе по конституција, изглед, многу смешен играч ми е ...АМА детето разара!!!
И на задњи даваше одлични партии, а пази го и на бек колку добро се снаоѓа, против не толку тапа противник!

Асенсио нешто ко у "втора брзина" од кога влезе. Некако многу опуштено. Највероватно, повеќе и не требаше денес ;)

Лукас Васкез, доста добро си ја искористи шансата со една асистенција. Браво. Доста опасен играч моше да биде,
дур противниците се концентѕрираат против на Кристијановци, Бејловци...


Ова беше една од најдобрите изданија, мислам пред се на комбинација од атрактивно-интуативен пристап.
Реал знае доста јаки натпревари да дава, ама она типично фајтерски. Ова денес беше нешто друго. БРАВО!
 
Последно уредено:
Како му налегна тогаш, толку добро од Ирина му нема некоја налегнато :cuc:
на вториот да не мислиш?третиот беше ТАП-ИН,змејот ако не спомне,ја ќе спомнам!повторувам ТАП-ИН фушерај од гол беше третиот каков шо е и овој играч.ЖИВЕО ВЕЛШАНИН!
 
Пола од головите на Роналдо му се у нокаут фаза, додека грото од головите на леприконон му се против „бате борисов“ екипи.
 
Најкомплетна утакмица шо ја имат Реал изиграно после можда 3 години. Од таа со Баерн. Сите 90 мин. Напад, средина, одбрана . (Додуша лошиот Атлети денес помогна, ама то не го гнасит одличниот настап).

Ако нешто донесит титула/и годинава, то е широката екипа. Никој, ама никој тим во светот немат толку широк состав како Реал, нешто шо години наназад не било случај.

И уште една работа, баш ја гледав од поинаков аспект утакмицава денес. Колку и да е теле и слаб сезонава, Бензема е "најнесовршениот совршен" напаѓач шо во моментов Реал би го имал. Нит Левандовски, нит Суарез, нит Игуаин. Бензема играт шпиц првите 2 минути. А после е крило, полушпиц, плејмејкер се само ради Роналдо (само видете ги последните 200 гола на Роналдо во Реал, ако едвај 25 % се од типична крилна позиција постигнати, со дриблинг/шут, све остало се "Герд Милер" тип на голој). Пиша некој погоре, Карим беше/е по мене страшен интелект од играч(игра со грб,шут, контрола, дупли пас) и во било која друга екипа би давал 2 пати појке голови него во Реал, али ради транзицијата на Роналдо од крило во шпиц во последниве 3/4 години, Бензема се "подреди" на таа некоја улога. Горенаведените играчи никогаш не би го напрајле то, Мората пробвит ама е сепак далеку од технички спремен за истото, така да од таа причина Бензема играт и ќе играт (освен ако не се донесит некое класично крило ко Хазард, па роналдо и по секоја можна основа би се прекомандовал ко шпиц, ко шо знаело да се десит после 70та минута со васкез/бејл и асенсио/хамес како крила).

Се надевам утакмицава ќе им дајт крила за остатоков од сезонава и конечно дупла круна ќе видиме :)
 
Cristiano Ronaldo the first player in history to score back-to-back hat-tricks in the Champions League KO stages.

⚽⚽⚽ Bayern
⚽⚽⚽ Atletico


@zmej gorjanin
 
На крај ќе испадне дека Бензема е појак од Роналдо ама намерно не дава голови за да нема поише од него :facepalm:
 
Најкомплетна утакмица шо ја имат Реал изиграно после можда 3 години. Од таа со Баерн. Сите 90 мин. Напад, средина, одбрана . (Додуша лошиот Атлети денес помогна, ама то не го гнасит одличниот настап).

Ако нешто донесит титула/и годинава, то е широката екипа. Никој, ама никој тим во светот немат толку широк состав како Реал, нешто шо години наназад не било случај.

И уште една работа, баш ја гледав од поинаков аспект утакмицава денес. Колку и да е теле и слаб сезонава, Бензема е "најнесовршениот совршен" напаѓач шо во моментов Реал би го имал. Нит Левандовски, нит Суарез, нит Игуаин. Бензема играт шпиц првите 2 минути. А после е крило, полушпиц, плејмејкер се само ради Роналдо (само видете ги последните 200 гола на Роналдо во Реал, ако едвај 25 % се од типична крилна позиција постигнати, со дриблинг/шут, све остало се "Герд Милер" тип на голој). Пиша некој погоре, Карим беше/е по мене страшен интелект од играч(игра со грб,шут, контрола, дупли пас) и во било која друга екипа би давал 2 пати појке голови него во Реал, али ради транзицијата на Роналдо од крило во шпиц во последниве 3/4 години, Бензема се "подреди" на таа некоја улога. Горенаведените играчи никогаш не би го напрајле то, Мората пробвит ама е сепак далеку од технички спремен за истото, така да од таа причина Бензема играт и ќе играт (освен ако не се донесит некое класично крило ко Хазард, па роналдо и по секоја можна основа би се прекомандовал ко шпиц, ко шо знаело да се десит после 70та минута со васкез/бејл и асенсио/хамес како крила).

Се надевам утакмицава ќе им дајт крила за остатоков од сезонава и конечно дупла круна ќе видиме :)

Дека е совршен тип на шпиц за Реал кога се Бејл и Роналдо напред - да.

Дека е уникатен талент од калиброт на Роналдо дебелиот - да.

Но, и, дека е белосветска флегма и мрза - да.

Дека не игра ни 5% од неговиот потенцијал - да.

Дека сезонава директно и индиректно има утупено милион акции во битни и тесни утакмици - да.

Он да имаше у просек бар по една онаква асистенција ко денешната за Роналдо на секои 2-3 меча, ова ќе му беше простлива сезона. Ама сезонава е толкав дибидус каков што не беше и пред 5 сезони, кога исто имаше хаварија сезона. Не трча, не се труди, буквално го нема на теренот.

Никој не вика дека Бензема е слаб играч или неталентиран, ама ова му е веќе втора целосезонска епизода како не игра ама баш ништо, а пак си е стартер.
 
Flawless victory.
Браво, психолошки колку стабилна екипа сме свака част. Рака му пружам на Зидан за тоа, како ги држи играчиве под конец е стварно за поздрав. Сите одиграа одлично, успеавме да ги ставиме во шише и да направиме Атлетико да создаде само една шанса за гол. Ми се свиѓа што одбраната остана сконцентрирана и не прими глупав гол како што знае да направи.
Бензема си ги истроши сите кредити веќе во Мадрид, пак се навраќаме на тоа сезонава дека ако не е Роналдо нема кој да погоди во екипава. Колку и да ни е добра средината, не можеме да очекуваме од нив, сепак тоа не им е работа.
Се надевам дека не е ништо страшно со Карвахал и дека Зидан го извади највеќе поради претпазливост. Он и Марсело се одлични сезонава, и се клучен дел од успесиве на екипата. Три пати сме поопасни од страна кога играат овие двајца.

И најдоброто нешто, кога има покажа на навивачите дека не заслужува да го свират.

giphy.gif
 
Последно уредено од модератор:
Дека е совршен тип на шпиц за Реал кога се Бејл и Роналдо напред - да.

Дека е уникатен талент од калиброт на Роналдо дебелиот - да.

Но, и, дека е белосветска флегма и мрза - да.

Дека не игра ни 5% од неговиот потенцијал - да.

Дека сезонава директно и индиректно има утупено милион акции во битни и тесни утакмици - да.

Он да имаше у просек бар по една онаква асистенција ко денешната за Роналдо на секои 2-3 меча, ова ќе му беше простлива сезона. Ама сезонава е толкав дибидус каков што не беше и пред 5 сезони, кога исто имаше хаварија сезона. Не трча, не се труди, буквално го нема на теренот.

Никој не вика дека Бензема е слаб играч или неталентиран, ама ова му е веќе втора целосезонска епизода како не игра ама баш ништо, а пак си е стартер.

Не се изразив убо, далеку од то да го бранам.. сакав да кажам дека :

1. Било кој шпиц позвучен во овој Реал при ваква поставеност на Роналдо не би се изнаиграл

2. Бензема играт дека Мората е послаб во тој дел на повлечен напаѓач/полушпиц шо и да е

3. Едини начин да се мафнит од први 11 е да дојдит класично крило, а Роналдо да си играт класичен шпиц во формација

Едноставно, слепо црево е годинава. Загноено
 
Иско...а бееее Иско. Како што напишав пред некој ден. Значи сепак ЛаКоруња, Компостела, Осасуна не е исто со Атлетико а? ;) Далеку дека нема да го биде, ама добар "reality check" му беше ова денес
Не ја гледав цела само 40 мин и од тоа шо видов имаше друга поставеност Иско, може и тоа да влијаеше...а и Чоло не е глуп знае у каква форма е и одма го затвараа или некои ситни фаули му правеа.

3. Едини начин да се мафнит од први 11 е да дојдит класично крило, а Роналдо да си играт класичен шпиц во формација
Бенз аут-Азар ин...Роки 50 гола у сезона.
 
Најкомплетна утакмица шо ја имат Реал изиграно после можда 3 години. Од таа со Баерн. Сите 90 мин. Напад, средина, одбрана . (Додуша лошиот Атлети денес помогна, ама то не го гнасит одличниот настап).

Ако нешто донесит титула/и годинава, то е широката екипа. Никој, ама никој тим во светот немат толку широк состав како Реал, нешто шо години наназад не било случај.

И уште една работа, баш ја гледав од поинаков аспект утакмицава денес. Колку и да е теле и слаб сезонава, Бензема е "најнесовршениот совршен" напаѓач шо во моментов Реал би го имал. Нит Левандовски, нит Суарез, нит Игуаин. Бензема играт шпиц првите 2 минути. А после е крило, полушпиц, плејмејкер се само ради Роналдо (само видете ги последните 200 гола на Роналдо во Реал, ако едвај 25 % се од типична крилна позиција постигнати, со дриблинг/шут, све остало се "Герд Милер" тип на голој). Пиша некој погоре, Карим беше/е по мене страшен интелект од играч(игра со грб,шут, контрола, дупли пас) и во било која друга екипа би давал 2 пати појке голови него во Реал, али ради транзицијата на Роналдо од крило во шпиц во последниве 3/4 години, Бензема се "подреди" на таа некоја улога. Горенаведените играчи никогаш не би го напрајле то, Мората пробвит ама е сепак далеку од технички спремен за истото, така да од таа причина Бензема играт и ќе играт (освен ако не се донесит некое класично крило ко Хазард, па роналдо и по секоја можна основа би се прекомандовал ко шпиц, ко шо знаело да се десит после 70та минута со васкез/бејл и асенсио/хамес како крила).

Се надевам утакмицава ќе им дајт крила за остатоков од сезонава и конечно дупла круна ќе видиме :)
Другар, кои пасови, кои асистенции, човекот има проблем со прем на топка, ја не знам ни еден профи напаѓач што у трк не може да прими топка. Ако има играч до него шансите се 90 % дека ја губи топката, а тука читам бил талент ко Роналдо дебелиот :pos:. Има еден битен факт, а тоа е дека ни треба креативец во напад, сега за сега во тимов тоа се само Иско и Марсело. Дибала очигледно планира да остане во Јувентус, така да ол ин на Азар. И Тео Хернандез да го донесат ќе биде топ пошто фали човек на таа позиција, е арно ама Фарсашиве за инат се умешаа иако имаат двајца на таа позиција, и нормално искомплексираниве од вчера на нив и за пониска цена би им го продале него на Реал да го дадат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom