Па не можам доказ да ти најдам, тоа што го прочитав го копирав ништо повеќе ништо помалку, друг доказ немам. Денот можеби е случајност можеби не е, нема да дознаеме никогаш, доаѓаше тој од САД, може ги притиснале да изберат за да тој се сретне со него.
Случајно ова го сретнав во врска со Вејце.
"Прв, кој уште пред нередите се јави со теза за тоа како ќе изгледал влезот во Собранието на Р.Македонија се јави Горан Митевски, екс-шеф на ДБК и кратко на БЈБ, и тоа во мандатот додека јас бев помошник-министер за внатрешни работи.
За неговата професионалност доволно зборува фактот дека, за време на конфликтот во 2001-та, човекот чија сопруга работи во Австриската амбасада на неколку пати беше фатен на дело како фотокопира службени белешки, и наредби за акциите кои трбаше да бидат спроведени против терористите, и ги препраќа кај сопругата, но и на адреси кои коинцидираат со амбасадата која прва го „призна“ изборот на Командант Форина.
Кариерата на Митевски, како и онаа на Верушевски и Пивоваров се заснова на кодошење на безбедносните служби, пред ним претпоставените странски претставници, кои врз основа на извештаите кои ги добиваа од нив, постојано вршеа притисок врз тогашниот министер и премиер итно да престанат планираните анти-терористички акции, инаку ќе било лошо. И да, навистина беше лошо.
Во една од акциите, која беше договарана во апсолутна тајност, а секако директорите на службите мораа да ја знаат, добивме директен притисок од Питер Фејт, кој буквално со нога влезе во кабинетот на министерот и на висок тон му се закани дека или ќе биде прекината акцијата или ќе биде лошо. И бидна лошо. Се случи Вејце. Благодарение на искодошните документи и планови на полицијата за акцијата, терористите беа предупредени и спремија заседа."
http://infomax.mk/wp/колумна-на-наталија-ивчева-од-партиск/