Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.700
Поени од реакции
11.740
Сеуште старо-еонски муабети. Спасител бараш? Да одам од куќа до куќа? :)
Ми велиш ете во Африка жените, оди спаси ги... еми ете и во Скопје во муслиманското семејство е исто ко тука...
Да поминам да им објаснам?

Што сакаш од мене? Да ви ги спасам жените од вас самите? Ете ги спасувам - пратете ги на форумов вашите мајки, жени и ќерки - нека научат дека ти не си ништо подобар од нив: ниту пред боговите ниту пред луѓето!
Ниту свештеникот пред кој се исповедува бидејќи нели „грешна“ - не е ништо посебно.
Не знам како не разбирате... толку ви е тешко да сфатите дека сте слободни, еднакви, прекрасни битија кои треба да ги надминуваат еоните со убавина, мудрост и живот? :)

Па вие ми зборувате за старо-еонски религии и учења кои зборуваат за жената дека нема што таа да подучува, дека пстојат машки и женски работи, и во однос на духовноста и во однос на државата и во однос на бракот!
Како жената дури и бискуп да е - ќе направи беља! Како мажите свештеници сите светци, мажите мирјани ептен ја разбираат работата повеќе од жените денес!

Да им кажам дека не треба да биде вака како што ги учи „отец оној“ или „старец овој“, тоа сакаш?

Јас зборувам и споделувам учење кое вели дека „Секој маж и секоја жена е ѕвезда“. И многумина зборуваат и се обидуваат да покажат дека стариот еон е завршен и не може така повеќе да се дели човекот.
Светот се менува.
Но не е правилно јас ниту било кој друг да ти дојде дома насила и да ти ја освестува жената или тебе дека - тоа учење е срам и бедност спрема човештвото, ако ти и жената сте убедени дека со старо-еонскиот закон вие имате бомбона брак.
Сменете се вие самите - не друг да доаѓа да ве поправа. Некои нема да се поправат...

На човекот му е дадена Слобода, Светлина, Живот и Љубов - а колку може да изджи од сето тоа - зависи од самиот човек, без разлика дали е маж или жена.
Не сме ние спасители на другите. Тие „пророчки“ денови и учења завршија! Ние бараме секој човек да биде спасител на себе си и светот.
А со вакви учења, како ислам и христијанство - не гледам дека се спасувате. Само верувате и се надевате. А тоа - е исто како да не правите ништо.

Така да вакви муабети, кај тебе на улица со другарите и пиво - бидејќи како богоборец кој се залага за старо-еонскиот закон и ти си крив што жените сеуште слушаат за тој закон како се неспособни, како не треба ова или она да прават. Добро е што не ве слушаат... тоа е добро во овој еон.

А еонот е млад... 100 години се ништо... :)
 
Последно уредено:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Не ви иде памет, морате лични навреди, така? Ај ова атеистиве и Телемитскиве атеисти, да ги сфатам некако, пошто ионака се неморални :P, ама верник да се служи со такви навреди.... си го потврдувате вистинското лице само на вашата религија. Колку год дрвото дава убав цвет, ако плодот е отровен, џабе е.

@MIKI1 заслужен одмор од форумов.
@SuBZerO жолт картон, внимавајте на речникот, не користете лични квалификации.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Јас не убедувам никој. Не може да ве убеди никој во ништо. :)
Ти не знаеш што значи Телемит, не пак да ми зборуваш „јас каков Телемит сум“.

Туѓо мислење кое вели дека луѓето не се рамноправни во било кој поглед - и те како не го почитувам.
Не постои оправдување дека жената не смее да биде она што и е волја!

П.С. Бидејќи омразата ти е насочена кон @Ipsissimus - не треба мене да ме мешате во вашите муабети. Провери уште еднаш, со кој си имаш „расправии“. Внимавај кој цитираш - те понесуваат чувствата!
Благодарам.
Потполно си во право Хепта, чувтвата што ми навираат кога ги читам вашите постови се со блажена насмевка на фаца, знаеш она кога читаш прекрасна бајка и си велиш убаво би било да е вистина и потоа насмевката и чувствата се враќаат во реалноста.
Убаво би било кога навистина би било така и кога ќе може жената да живее по своја слибодна воља, растеретена од размислувања, туѓи осудувања, шиканирања, омаловажувана идр....
Инаку да ти кажам дека тежок збор употреби и не ти е на место...ОМРАЗА...
НИКОГАШ не сум почувствувала омраза кон Ипси, ниту пак кон било кој член од форумов и те молам немој да правиш непотребни зврчки:)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.700
Поени од реакции
11.740
Не ми препишувај во иднина работи кои не сум ги направил.
НИКАДЕ НЕ СУМ ТЕ ТАГНАЛ НАДВОР ОД ОВОЈ ПОДФОРУМ.
Реалноста сама си ја смени. Те читав како не знаеш како и кога и кому.. и тоа се учи и се менува...
 
Грешката е моја, погрешно те тагнав и еве, прими едно големо извинување...за убудуче че си клаам цвикери:cool:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Држи се ти до Телемските флоскули и памфлети; тие се 100%-то употребливи во светот од Алиса, оти во реалноста, наоѓаат на отпор и на пречки во нивната реализација.

Патем кажано, во „минатото„, жените беа и кралици, што не е во спротивност со верата, до одредена мерка, без да им бидат „глави„ на кралевите. Во минатото, жените ја вршеа дејанија согласно со нивната природа и улога во Светов. Денес, жените се замараат со дејанија кои се најблаго речено, недолични и неприродни.

Од друга страна пак, гревот, смртта и лагата постоеја, постојат и ќе постојат и пред Телема, и со Телема и без Телема. Световни луѓе, кои живеат по својата гордост, похота и страст, постоеја, постојат и ќе постојат и пред Телема, и со Телема и без Телема. Во лето ќе биде жешко а во зима ќе биде студено и со Телема и без Телема. Луѓето страдаат и ќе страдаат од болести пред Телема, и со Телема и без Телема.

И сега, што е новото во Телема? Топлата вода во бојлерот или навистина има уште нешто ново под Сонцето во новиот стар еон?
Што може да и се припише на Алиса а што на реалноста, видовме со конкретни примери, се друго е само твое тролање и кутар обид да оцрниш нешто кое го сметаш за закана а ни еден процент од него не разбираш.
Денес секој може да биде што му е волја без да биде поради тоа казнуван, прогонуван, осудуван. Во минатото било мислена именка некој отворено да каже дека е хомосексуалец, или да ја критикува власта, или да се облекува на начин што отскокнува од нормата или да биде интимен вон брак. Денес сето тоа е секојдневие, ви останува само папагалски да верглате дека секој што размислува поинаку од вас е грешник.[DOUBLEPOST=1493462054][/DOUBLEPOST]
Неможеш да ме убедиш никако дека ти си од оние мажи кои ги разбираат жените, мажи кои ја почитуваат нејзината воља и слобода...незнам каков телемит си кога не почитуваш туѓо мислење, сакаш да наметнеш свое и по втор пат да ти се случи да ме потцениш и исмееш и да го ставиш мојот пост во најглупавите на форумов.
Нема потреба од такво лицемерно бранење на женскиот пол од твоја страна.
Бидејќи ова се однесува на мене да ти појаснам некои работи. Рамноправноста не значи ,,бранење на женскиот пол" значи ист третман и кога ќе направиш нешто паметно и кога ќе направиш нешто не толку паметно. Баш поради тоа што те сметам рамноправна со било кој друг маж, не те ,,штедам" ако видам дека нешто што си го напишала е не толку паметно.
И не ми била намерата да те исмејам, сега ако видам пост од тебе што сметам дека е интелегентен и вреден за пофалба, ќе го кажам тоа.
 
Последно уредено:
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Што може да и се припише на Алиса а што на реалноста, видовме со конкретни примери, се друго е само твое тролање и кутар обид да оцрниш нешто кое го сметаш за закана а ни еден процент од него не разбираш.
Денес секој може да биде што му е волја без да биде поради тоа казнуван, прогонуван, осудуван. Во минатото било мислена именка некој отворено да каже дека е хомосексуалец, или да ја критикува власта, или да се облекува на начин што отскокнува од нормата или да биде интимен вон брак. Денес сето тоа е секојдневие, ви останува само папагалски да верглате дека секој што размислува поинаку од вас е грешник.[DOUBLEPOST=1493462054][/DOUBLEPOST]
Бидејќи ова се однесува на мене да ти појаснам некои работи. Рамноправноста не значи ,,бранење на женскиот пол" значи ист третман и кога ќе направиш нешто паметно и кога ќе направиш нешто не толку паметно. Баш поради тоа што те сметам рамноправна со било кој друг маж, не те ,,штедам" ако видам дека нешто што си го напишала е не толку паметно.
И не ми била намерата да те исмејам, сега ако видам пост од тебе што сметам дека е интелегентен и вреден за пофалба, ќе го кажам тоа.
Навистина неможам да те сфатам како можеш жената да ја рамњаш со мажот и да не ја штедиш!
Жената е физички и психички телесно, емоционално, хормонално различна од мажот...претрпува низа биолошки промени од добивање на првиот менструален циклус, па бременост, родилка, леунка, доилка, климакс, менопауза...вртлози од хормонски процеси итн.
И сега ти ке ми кажеш дека сме биле исти...е не е така, треба штедење на жената, мислам дека ме разбираш на што мислам.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Навистина неможам да те сфатам како можеш жената да ја рамњаш со мажот и да не ја штедиш!
Жената е физички и психички телесно, емоционално, хормонално различна од мажот...претрпува низа биолошки промени од добивање на првиот менструален циклус, па бременост, родилка, леунка, доилка, климакс, менопауза...вртлози од хормонски процеси итн.
И сега ти ке ми кажеш дека сме биле исти...е не е така, треба штедење на жената, мислам дека ме разбираш на што мислам.
Дали тоа што јас и ти сме биолошки различни, значи дека ти си инфериорна во однос на мене? Дали јас треба да ти прогледувам низ прсти како на дете кога ќе нашлака еден куп бои, кога му кажуваш дека насликал супер слика? Тоа сакаш? Таков третман? Сакаш различноста да ја прикажеш како твоја слабост поради која мажите треба без разлика на се да ти ласкаат и да те тапшаат по рамо само затоа што немаш пенис?
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Дали тоа што јас и ти сме биолошки различни, значи дека ти си инфериорна во однос на мене? Дали јас треба да ти прогледувам низ прсти како на дете кога ќе нашлака еден куп бои, кога му кажуваш дека насликал супер слика? Тоа сакаш? Таков третман? Сакаш различноста да ја прикажеш како твоја слабост поради која мажите треба без разлика на се да ти ласкаат и да те тапшаат по рамо само затоа што немаш пенис?
Ајдеее, абе кај се забега Ипсиии...сакаш сега да ти кажувам како треба еден маж да се однесува со жена( па и не ти лошо мислењето):)

Третманот и рејтингот на жената низ историјата знам дека го знаеш, нешто подобро од ниво на еден роб.
Таму некаде после 1780 мислам, почнуваат женските покрети за барање на свои права идр. Можеби за уште 100години ќе успеат 100 процентно да ги завршат и исполнат во целост.

Не ми е јасна телемитската филозофија, научна фантастика, ајде да речеме дека жена го пишала законот ама вака пишано од машко, па таква слобода....ваууу...ете затоа сте толку малобројни и непознати...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ајдеее, абе кај се забега Ипсиии...сакаш сега да ти кажувам како треба еден маж да се однесува со жена( па и не ти лошо мислењето):)

Третманот и рејтингот на жената низ историјата знам дека го знаеш, нешто подобро од ниво на еден роб.
Таму некаде после 1780 мислам, почнуваат женските покрети за барање на свои права идр. Можеби за уште 100години ќе успеат 100 процентно да ги завршат и исполнат во целост.

Не ми е јасна телемитската филозофија, научна фантастика, ајде да речеме дека жена го пишала законот ама вака пишано од машко, па таква слобода....ваууу...ете затоа сте толку малобројни и непознати...
Јас тебе стварно неможам да те разберам....од една страна сама си кажуваш дека жената била сведена на обичен роб, од друга страна јас сум забегувал што жената не ја третирам како недоветна или индифирентна во однос на мене....:toe:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.700
Поени од реакции
11.740
Не напразно зборувам тука и сите напнувате како се е ок со стариот закон не требало да се напаѓа старото или да се кригикува !
Стариот еон не дава слобода... но тешко прифаќате дека е тоа така, се мора да се црта...
Штом папата се вдаде во овие муабети.. има нешто..

Pope Francis Warns Against ‘Invasion’ of Libertarianism!
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.815
Поени од реакции
8.180
Сеуште старо-еонски муабети. Спасител бараш? Да одам од куќа до куќа? :)
Ми велиш ете во Африка жените, оди спаси ги... еми ете и во Скопје во муслиманското семејство е исто ко тука...
Да поминам да им објаснам?

Што сакаш од мене? Да ви ги спасам жените од вас самите? Ете ги спасувам - пратете ги на форумов вашите мајки, жени и ќерки - нека научат дека ти не си ништо подобар од нив: ниту пред боговите ниту пред луѓето!

Така да вакви муабети, кај тебе на улица со другарите и пиво - бидејќи како богоборец кој се залага за старо-еонскиот закон и ти си крив што жените сеуште слушаат за тој закон како се неспособни, како не треба ова или она да прават. Добро е што не ве слушаат... тоа е добро во овој еон.

А еонот е млад... 100 години се ништо... :)
Oд тебе сакам да знаеш дека ние сме свесни кои права овде ги имаат жените и кои права ги имале и нашите мајки, баби, прабаби благодарение на Црквата Христова, додека во цела Западна Европа Инквизицијата ги тероризирала, мачела и спалувала, додека во Кина ги сакателе со foot-binding, додека во Индија им следувало сати и нарабали, кое дури и денес се практикува во некои зафрлени места, и додека нашите парабаби и чукунбаби можеле слободно да одат на нива, по добиток, на чешма, во црква, на пазар, додека анамите за тоа време можеле само да ги гледаат низ прозорец и да бројат чавки - и дојде ти да ни кажуваш дека македонската православна жена немала права.
 
Факт неоспорен и очигледен е дека постои порака, правило или заповед според кое жената мора да биде подредена и потчинета на мажот! Неможете да го одрекнете тоа, јасна и гласна е таа порака и ја посочив со конкретен цитат! Е сега, минимизирањето и релативизирањето на оваа деградација на жената преку системот на ,,помало зло" според кој ете, таму некаде или таму некогаш, постоеле полоши случаи е класично мачкање очи. Ниедна грешка, ниедно зло неможе да биде оправдано со друго поголемо зло! Посебно ако двете не се спротивставени! На пример убиство во самоодбрана донекаде и може да се разбере и оправда, бидејќи е акт што е реакција на директна закана по животот на оној што го сторил! Но во овој случај, инквизицијата, Индија, Кина, Отоманската империја и слично, на никој начин не се причина за деградацијата на жената во христијанскиот свет!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.700
Поени од реакции
11.740
Сеуште не разбираш што значи стар еон, сеуште жената ја делите на Македонка, Јапонка... а јас ви зборувам дека промените се глобални. Но, ништо страшно, кога ќе научиш повеќе - ќе знаеш и можеш повеќе - вака ќе убедувате жени дека се ценети во христијанството, само до толку им е дадено...
Good luck со такви жени.
 
Никого они не убедуваат, жените многу убаво знаат како се ценети сега во христијанството, каков статус имаале и имаат и во други религии, изгуглале како ги малтретирале од првобитно општество па се до ден денес....а и доволен доказ ни е тоа што има закон за човекови права и посебно уште еден закон за женски права.
Жена кога има менструален циклус не смее да влезе во црква, не смее да баци икона, не смее да се причести, не смее да пости идр. затоа што била НЕЧИСТА.....епа ајде сега нека ми објаснат зошто сме ние наречени нечисти жени????
 
Kajgana Shop

На врв Bottom