Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 11.749
- Поени од реакции
- 11.812
Сеуште старо-еонски муабети. Спасител бараш? Да одам од куќа до куќа?
Ми велиш ете во Африка жените, оди спаси ги... еми ете и во Скопје во муслиманското семејство е исто ко тука...
Да поминам да им објаснам?
Што сакаш од мене? Да ви ги спасам жените од вас самите? Ете ги спасувам - пратете ги на форумов вашите мајки, жени и ќерки - нека научат дека ти не си ништо подобар од нив: ниту пред боговите ниту пред луѓето!
Ниту свештеникот пред кој се исповедува бидејќи нели „грешна“ - не е ништо посебно.
Не знам како не разбирате... толку ви е тешко да сфатите дека сте слободни, еднакви, прекрасни битија кои треба да ги надминуваат еоните со убавина, мудрост и живот?
Па вие ми зборувате за старо-еонски религии и учења кои зборуваат за жената дека нема што таа да подучува, дека пстојат машки и женски работи, и во однос на духовноста и во однос на државата и во однос на бракот!
Како жената дури и бискуп да е - ќе направи беља! Како мажите свештеници сите светци, мажите мирјани ептен ја разбираат работата повеќе од жените денес!
Да им кажам дека не треба да биде вака како што ги учи „отец оној“ или „старец овој“, тоа сакаш?
Јас зборувам и споделувам учење кое вели дека „Секој маж и секоја жена е ѕвезда“. И многумина зборуваат и се обидуваат да покажат дека стариот еон е завршен и не може така повеќе да се дели човекот.
Светот се менува.
Но не е правилно јас ниту било кој друг да ти дојде дома насила и да ти ја освестува жената или тебе дека - тоа учење е срам и бедност спрема човештвото, ако ти и жената сте убедени дека со старо-еонскиот закон вие имате бомбона брак.
Сменете се вие самите - не друг да доаѓа да ве поправа. Некои нема да се поправат...
На човекот му е дадена Слобода, Светлина, Живот и Љубов - а колку може да изджи од сето тоа - зависи од самиот човек, без разлика дали е маж или жена.
Не сме ние спасители на другите. Тие „пророчки“ денови и учења завршија! Ние бараме секој човек да биде спасител на себе си и светот.
А со вакви учења, како ислам и христијанство - не гледам дека се спасувате. Само верувате и се надевате. А тоа - е исто како да не правите ништо.
Така да вакви муабети, кај тебе на улица со другарите и пиво - бидејќи како богоборец кој се залага за старо-еонскиот закон и ти си крив што жените сеуште слушаат за тој закон како се неспособни, како не треба ова или она да прават. Добро е што не ве слушаат... тоа е добро во овој еон.
А еонот е млад... 100 години се ништо...
Последно уредено: