Не можеш да чекаш 4 години зошто за тие 4 години можат да се случат уште полоши работи. Да не се случеа 2000 протести во рок од 2 години, дпмне уште лаганица ќе си беше на власт. Протестот е демократски чекор и е еден вид кочница на власта. Мојот протест не спречи ништо затоа што живееВМЕ во држава која беше раководена од фашисти, на кои што не им чуеше за ништо што има да каже рандом граѓанин или рандом група, затоа мојот глас не сменил ништо. Затоа, поради тоа нивно игноратно однесување сега се на дното, буквално на самото дно.
Можам бе Пеја да чекам, не ми претставува мене тоа никаков проблем. Не се брзам за некаде.
Јас памтам и многу полоши времиња од тебе и ги преживеав. Мислиш сега е лошо?
Почекај малце , нека дојди СДСМ на власт. Ти уште недојдени направи како мед и млеко дека ке течи. Полека не се брзај, сам ке увидиш некој работи па после да сме здрави и живи ке правиме муабет за тие 2000 протести во рок од две години и колку тоа не донесе на подобро.
Тоа што ти амнестирањето си го проследил најрамнодушно те прави најголем лицемер, затоа што ти немаш АПСОЛУТНО НИКАКВО ПРАВО да коментираш за поставувањето на Талат, апсолутно никакво.
Пеја мислиш дека мене ми пречи Талат ? Ако си сака мнозинството граѓани Села нека го избери за претседател што е до мене. Јас моето мислење и став си го искажав на избори, ако ме надгласале јбг. Таква е демократијата
ВО врска со муабетот од пред месец или колку и да е, дојде до гласање, изедоа ќутек затоа што дел од припадниците на МВР не си ја завршија работата. Дали мислиш дека од понеделник, вторник повторно ќе има луѓе на улица? Дали мислиш дека повторно Бетмен, Друловски, Јовановски и Дамковски ќе се пењават? Дали мислиш дека се сеуште ќе глумат спасители после случувањата во четвртокот? Што ќе прават тогаш бабите и дедовците пред собрание кога нема да знаат да пуштат микрофон за да си го искажат наводниот гнев?
Нит вондредна состојба, нит паралелна влада, нит немири и граѓански војни.
Друго сакав да ти доловам со линкот. Пред два месеци ти го опишав истото сценарио од некни. До детал. Обрни внимание на она во рок од неколку сати или 24 часа максимум. Не е тоа туку така напишано. Посебно го ако земиш однесувањето на полицијата во самиот почеток на немирите. Им створија прозорец од колку половина час или повеќе. Доволно време за многу работи во таква конфузна ситуација. Сега некој што влегол а незнаел што бара таму е сосем друга работа.
Што ке се случува понатаму или деновиве нема маж што ке погоди освен на тепка. Поминаја и првите неколку часа , поминаја и 24Ч. Колку што можам да пратам нити едните нити другите воспоставија целосна контрола во тој рок. За потаму ке видиме.