Сорос?
Џе сии, Соросе?
Џе си ???
?
...И? што има везе ,,Џе си,, кога се зборувало за ромска популација? или ова го интерпретираш како матична служба па невестата заокружена од лево, а младоженецот заокружен од десно?
... еве го настанот-
клик ! , кога монтираш треба и да знаеш да го правиш тоа....
,,....Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска
во Прага, на маргините на 20-тата средба на Меѓународното раководно тело на која Република Македонија го презеде претседавањето со Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015 од Република Чешка, оствари средба со основачот и претседавачот на Фондациите отворено општество, г-дин Џорџ Сорос.
На средбата претседателот Груевски го информираше својот соговорник за активностите кои што Владата на Република Македонија ги превзема на полето на социјална инклузија на Ромите во Република Македонија, при што ги нагласи активностите кои се превземаат во доменот на образованието, како што се доделувањето стипендии за Ромите, изградба на средно училиште во општина Шуто Оризари и други активности, како и поддршката во областите на домување, вработување и здравство.
На средбата стана збор и за Законот за третман на бесправно изградени објекти, за кој што фондацијата Сорос понуди помош за информирање на ромското население за предностите кои ги нуди законот и потребата од навремено аплицирање за почнување на процесот на легализација на дивоградбите.
Од страна на г-дин Сорос беше понудена и поддршка на Република Македонија за полесен и побрз пристап до фондовите на ЕУ за прашања кои што се поврзани со социјалната инклузија на Ромите во општеството и генерално во однос на спроведувањето на активностите од Декадата на Ромите и во таа насока беше истакната подготвеноста од нивна страна за помош при организирање на иницијален состанок во Брисел што би се одржал во втората половина од оваа година, а на кој што би зеле учество еврокомесари кои што располагаат со соодветни финансиски средства за оваа намена, при што би се дефинирал буџетот на кој што Република Македонија би можела да смета во текот на претседавањето со Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015. Двајцата соговорници заклучија дека комуникацијата помеѓу Владата на Република Македонија и Фондациите отворено општество ќе продолжи на оперативно ниво со цел реализација на предвидените активности на планот на поефикасно претседавање на Република Македонија со Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015...,,