Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
И

Име И Презиме

Гостин
Ќосињата таа работа или ? :)
Наρодот јавно испρати поρаκа, ова κе се запише во истоρијата на Маκедонија κаκо единствен(и) политичаρи тепани во собρание од наρодот.Памет за нив и сите дρуги со ваκви амбиции и желби.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.252
Поени од реакции
21.997
Штосот е што сите стоеа мирно - и СДСМ и ДПМНЕ.
Незнам што очекувавте некој да се качи на глава, да се врти?
Ко не беше ти таму, мамичето ке им го расплачеше и на едните и на другите и на третите. Ке им покажеше како треба.
Они тебе ке ти пеат албанска химна во македонско собрание.
Сигурен сум дека некои таму од пратениците истото го помислија ама ај да не ја прават ѓупската и си седеја мирни. Исто како и Ти што ке си седиш за брзо со изговор како тој погоре што го спомна за нив. Нешто од типот е што требаше да правам , да се качам на глава, да се вртам.
 
Последно уредено:

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Наρодот јавно испρати поρаκа, ова κе се запише во истоρијата на Маκедонија κаκо единствен(и) политичаρи тепани во собρание од наρодот.Памет за нив и сите дρуги со ваκви амбиции и желби.
Она што е наредно е да изразиме солидарност и поддршка со дечките (и дедовците) што беа во собранието, во случај да ги гонат кривично.
Од ВМРО сигурно нема да го направат тоа.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Ко не беше ти таму, мамичето ке им го расплачеше и на едните и на другите и на третите. Ке им покажеше како треба.
Они тебе ке ти пеат албанска химна во македонско собрание.
Ма има да ја пејат Игра рок ен рол цела Југославија.
 
T

templar55

Гостин
Она што е наредно е да изразиме солидарност и поддршка со дечките (и дедовците) што беа во собранието, во случај да ги гонат кривично.
Од ВМРО сигурно нема да го направат тоа.
Pator eden ke gi goni krivicno...ke bide i on samaran naskoro kako kolega mu.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
ефтино си поминал со шок бомба...
I'm a cheapskate шчо дасепраи ..

Баш ми е жал што не си добил палица по грб.
Must be my gay charm at work. Еден од нив на непобарано и вода ми даде :D








___________________
Јако нели? Борциве за цивилизација и демократија за други му посакуваат на рандом "идеолошки" противник да изел ќотек од најгора варијанта. Оди и најди ја разликата со кукумјавките за истегнатата коса на Шеќерната Лејди или за Села што го згазиле од ќотек. Да му се згади на човек што дели кислород со изроди ко вас.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.959
Поени од реакции
11.605
Dobro sho ne si pominal so poteshki povredi. Zatoa rekov i preeska, nekoj ne promislil shto se' mozhe da se desi, pa se reshi da linchuva pratenici. Upotreba na shok bomba e najbezbolen nachin da se rastera masata.

Samo za potsetuvanje, 05.05.2015, tolpata od pred Vlada (znachi ne ni bila vnatre vo zgradata), vo znachitelno pogolem broj od ova vcera, bese rasturena od pred vlada (sea ne ni mozhe da se pripari, ograda stavi carot pred zamokot), a lugjeto bea brkani po cel centar, se vlagashe i se maltretiraa studenti vo chitalnata Brakja itn itn.

Napravete sporedba.
 
M

mar30

Гостин
Она што е наредно е да изразиме солидарност и поддршка со дечките (и дедовците) што беа во собранието, во случај да ги гонат кривично.
Од ВМРО сигурно нема да го направат тоа.
Од алијанса и дуи ке ги поддржат не се секирај има снимки се гледаат кои се.
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Наρодот јавно испρати поρаκа, ова κе се запише во истоρијата на Маκедонија κаκо единствен(и) политичаρи тепани во собρание од наρодот.Памет за нив и сите дρуги со ваκви амбиции и желби.
Ќе се запише во историјата на Македонија како единствен случај во кој мвро остави 300 неандерталци да влезат во Собрание.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
da de. zatoa tuka site stanovi se prodadeni, a na zapad cel zivot dremat pod kirija od so e mnogu ubavo.
скопје можи да се продадени али битола цели населби се пусти. Овде ги продаваат становите и се иселуваат
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ова е интересно:


Затоа што често место видеа има бели коцки на страната - еве и линк - https://www.youtube.com/watch?v=iI2iyJ-RSH8


Интересно како аудиото го снемува магично на одредени моменти. И погодете кој снима.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.994
Гледавме на снимките дека имаше и граѓани кои протестираа и упаднаа во собранието, а само го вееја македонското знаме или пееја песни, а не учествуваа во насилните тепачки. Јас говорам за оние кои се тепаа со полицијата и со пратениците. Не знам дали знаеш, но на пример ако нападнеш обвинител или судија, во момент кога си ја врши својата функција и должност, можеш да заглавиш и доживотно, се зависи од сериозноста на повредите. Тоа се однесува и на пратениците, па ако станува збор за обид за убиство, можеш да лежиш доживотно. Секако, тоа мора да се докаже, што нема да биде тешко затоа што прво имаш снимен материјал, и второ имаш сведоци за да го потврдат тоа. Потоа беа нападнати и тепани новинари, имаше и повредени полицајци, нели оние кои многу ги сакате, а последно дознаваме дека има и повредени од персоналот кои работи во Собранието. Сега види ти дали тоа е фа или антифа. А и веќе дискутиравме за едното крило на вмро, кое во историјата било поврзано со фашистичкиот режим на Мусолини, кој 20-тина страници наназад го видовме како виси на плоштадот во Милано. Теориите на Еко дека киднал да ги тргнеме на страна. Не интересираат само историските настани и факти, а не фикциите.

Гледам дека и ти си бил на тој протест што се случи пред 2 дена, па коментаров ти е повеќе самообрана отколку одбрана на настаните пред 2 дена (мислам на оние што влегоа, другото не го браниш). Тука нема што да се брани. Прво и основно, не смееш така да влезеш во собранието. Јас еднаш организирано кога влегов, тоа беше цел протокол. Од претрес до имиња и презимиња. Сега видовме како се крши врата, како се гази преку полицијата, како се узурпира Собранието, како се тепаат новинари, како се тепаат и буквално влечат низ собранието пратеници и како, нели многу машки, се напаѓаат жени. Имаше и такви, а тоа го посочив конкретно неколку коментара наназад, за оние кои ја туркаа и смируваа ордата, а беа дел од протестите. Тоа се гледа на снимките. Но се гледа дека и оние пратеници т.н. колеги апсолутно ништо не превземаат околу ситуацијата, а добро знаеме дека имаат моќ и авторитет, најмалку да ја смират толпата (а многу поважно беше да се смири ордата) и да ги растераат оние кои влегоа во Собранието. Истото се однесува и на организаторите. Јас знам дека шарените не можеа да ја поминат металната бариера околу собранието и владата, а не пак слободно да минат низ полицискиот кордон кој беше поставен и на влезот, (покрај тој кај бариерата) а потоа се распореди и на скалите, за на крајот и него да го поминат. Чавков треба кривично да одговара.

Вчера повторно продолжи насилието, нападната беше куќа на еден опозиционер од страна на фашистичките мушички на унијата на млади сили, која е раководена од централниот комитет на вмро, кој пак е контролиран од страна на Никола. Па сега види ти дали таа радикализиција во редовите на умс-дпмне постои или не и зошто криминалци, насилници и екс- затвореници беа пуштени да ораат низ собранието (види и дека за само 1г. имотот на вмро пораснал за неверојатни 3 пати, или од 9 милиони евра, на 27 милиони евра)! Дигнаа 10 катен пандемониум, и тоа довоградба, а кога беа на власт рушеа дивоградби, дури и на оние лица на кои тие 4 ѕида им беа последното засолниште од ладите зимски ноќи!

Кога беа протестите во Скопје и Струмица, за Заев, тоа беа протести организирани и финансирани од сдсм. Кога се случи авторското дело на Никола- упадот и нападот на новинари на А1, исто така протест на сдсм. Тоа е сдсм, да видиме вмро. Денес имаме толпа, кооординирана од лица кои зимаат пари од таа фашистичка партија за остварување на нејзините интереси. Истата таа партија лично тебе те навредува и понижува кога си член на протест организиран од некоја невладина, со титули како предавник, соросоид и комуњар. Каде е логиката да се залагаш за некого и нешто, а тоа нешто да не постои и тој некој да те понижува?! Платформа не постои (бараме рационализам), единственото нешто што постои е суровата реалност каде Талат е избран за Претседател на собранието и за тоа вреди да се протестира. Во Собранието има 21 албанец, од кои најмалку 10-15 можат без никаков проблем за седат на тоа место. „Достоинство“ пред неколку години излезе со јасен став дека припадниците на она не треба да вршат јавни или високи државни функции, патрија која некогаш беше во коалиција со сдсм, ама тие пораки беа пратени до ушите на глувите.

Не е сарказам. Не е целта ти докажам нешто или да докажам дека знам повеќе од тебе, од тоа се откажав после неполн месец на форумов. Целта ми е да ти објаснам дека немаше рационална причина за протестирање, а сега има само една и околу тоа не може да се постигне многу. И јас разговарам со членови на заедничка Македонија. Има дел што навистина веруваат дека земјата е продадена, а се членови на сдсм. Значи манипулацијата стигна до таму, да се стави во заблуда противничкото стандардно гласачко тело, а не пак да зборуваме за простото тело кое гласа и ќе гласа за вмро. Најлесно се манипулира со сиромашните, а потоа одат и простите кои не користат аргументи туку само пренесуваат туѓи ставови во текот на дискусијата, па така може да се всади идејата дека ќе се промени знамето, а тука е потребно 2/3 мнозинство, дека ќе се променат униформите на полицијата, што ќе падне на уставен, или ќе се донесе некаков закон, кој пред се’ смешката од претседател нема да го потпише, а потоа и тој ќе падне на уставен. Сите судови се во нивни раце, па можат да носат какви сакаат одлуки. Затоа многу е важно да се разграничи утопијата на албанските партии изразена преку нивните барања, лагите на вмро кои ја контролираат гневната маса и на крајот навистина она што може да се изреализира, а притоа нема да биде бутнато од Уставен суд. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom