Вчера видовме на дело само фа, од тоа антифа. Беа нападнати пратеници кои се народни претставници. За сите тие пратеници сме гласале јас и ти, како и сите останати членови на форумов, воедно и оние кои не излегле на гласање. Тие се лицето на народот. И јас познавам дел од припадниците на шарената, и тоа неколку жени. Не знаеш какви тепачи се! Метар и жилет, 50 кила на себе и од оружје само свирче (и нормално тупаници). Можеби опишуваш само неколку членови од шарената, но тоа не значи дека целото движење беше составено од пијани тепачи кои одеа низ градов и тепаа! Патем, повеќе насилство видовме вчера, отколку на тие неколку месеци кога низ градов партолираше шарената.
Не знам, ти си далеку попаметен од овие кои ја бранат оваа власт и чудно е како може да се мешаш во таа нивна бледа реалност, кога ако не се лажам пишуваше дека беше на протестите на шарената, и неколку други такви граѓански собири пред тоа! Разбирам дека тие се залепени за партијата како глисти, па ако оброците скратат, лека полека ќе се откачат и се закачат за друго тело или ќе “умрат“. Ама и вечната опозиција е една од опциите, нели?