Сите се крстевме во Доналд Трамп дека кога ќе стане претседател на САД, Македонија ќе може да здивне и ќе има искрена поддршка од неговата администрација. Колку ли бевме слепи и се лажевме дека на светот му е грижа за Македонија и Македонците. САД како и секогаш си ги тераат нивните интереси, ние сме само колатерална штета. Жална Македонијо, првиот обид да те уништат беше во 2001 год. и иако не успеа никогаш повеќе не беше истата за која сонувавме. Унитарноста и независноста почнаа да згаснуваат уште тогаш, ама досега дишеше на апарати. Од утре ништо повеќе нема да биде исто и нема ни најмалку да наликува на онаа Македонија за која генерации сонуваа и се бореа. Исто како и во 2001 година, ова е срамен ден за политичарите а не за народот. Ова е срамен ден за политичарите кои за нивните криминали уништија држава, вредности, соживот, народ и се помеѓу.