R
red.devil
Гостин
Добро ова е втора сезона каде што се оди во ЛШ со титула од ЛЕ. Ама ја зборев за друга ситуација. Мислиш на Јунајтед ќе му беше битна ЛЕ ако беше во борба за ПЛ титула? Јас сигурен сум нема шанси и ќе испаднеа уште во прва елиминациона фаза како што испаднаа од Билбао пред 5-6 години ако се сеќавам добро.Хофенхајм е вештачки крената екипа од едно селце. Клубот благодарение на газдата на САП успеа да влезе прва лига и во втора правеше трансфери, кои многу прволигаше не можат да ги прават. Без тие пари тој клуб и денес не може да опстане. Пластичен клуб кој зема место во лигата.
А за Лајпциг - има таму потреба на прволигашки фудбал, има фан база има све ама не ми се допаѓа моделот на Ред Бул која има само за цел да промовира лименка со пијалок. Исто така ко Хофенхајм со туѓи пари успеа да влезат прва лига. Има клубови кои сите пари мора сами да ги заработат а овие со сила се дојдени прва лига.[DOUBLEPOST=1493055512][/DOUBLEPOST]
Не се слагам, и ЛЕ се исплаќа ако стасаш подалеку а ако освојш имаш место во ЛШ. Добра мотивација е тоа. На Манчестер нема да му се исплати да игра ЛШ вгодина ако освои? На Шалке немаше да му се исплати?
Екипите од втор ред како Шалке се потенцијално фаворити за ЛЕ ама се неспособни да освојат. Тоа е. Фали победничкиот менталитет во Бундеслигата, само Баерн и до некаде Дортмунд го имаат. Шалке не за џабе 60 години нема Бундеслига освоено а Леверкузен е Неверкузен.
Друго, нема тим од ПЛ кој што би го ризикувал опстанокот да стаи се на една карта во ЛЕ, просто нема. Тотенхем секако беше способен далеку да гура ама играше со втор тим. Вест Хем лани отпадна уште во квалификации од не знам која екипа од тунгузија.
Има, си праат математики и според тоа ги одредуваат приоритетите. А споредено со ПЛ, ЛЕ и финалист биди, џабе е ако не си шампион дури и сега, кога победникот оди во ЛШ. За вториот наградата е мизерна.