Ормос Панагиас/ Амоулани

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 март 2009
Мислења
21.472
Поени од реакции
17.628
Локација
Skopje
од скоро се нуди и пакет аранжман со автобуски превоз за Ормос Панагиас; од агенцијата тврдат дека првата плажа е на 100м а големата плажа на 500м... мене некако на Гоогле ми изгледа друго, а се сомневам дека таа првата плажа во заливот каде е и пристаништето е пребукирана и практично како да ја нема, а големата плажа е најмалку 800метри од аранжманот ( Мариа Карга)... Дали бил некој сместен во Ормос во Мариа Карга, искуства, посебно за без кола ако се оди ??
Друга варианта е островот Амулиани, кој исто од скоро се нуди со превоз, но и таму истата болка, апартмани далеку од плажита. Агенцијата посочува дека има превоз за плажите, 1 евро, но тоа е скапо а и непрактично како решение за секојдневно одење на плажа...посебно за постари лица или за мали деца...
 
Плажата на Амуљани е далеку од апартманите (2-3 минути со кола), ама има камп директно на плажата, така да и тоа земи го во опција ако немаш проблем да бидеш во приколка. Е сега колку слободни приколки има и дали има воопшто незнам. А дека е фино, фино е таму.

За превоз до плажите немам поим, пред 3-4 години не памтам да имаше ама може сум грешка. Друга важна работа е што за шеткање таму по продавничките/општо островот и не е баш едноставно, буквално на рид е се. Остри угорници и удолници секаде освен една уличка што е целата со продавници и пристаништето.
 
знам дека на Амоулани има Камп, дури пред 20 години една агенција наша нудеше приколки... Проблемот е ако се оди со автобус, тие апартмани што ги земаат нашите агенции се далеку од било која плажа, не само од таа убавата. Едино тој со 4-ро креветни бил до морето релативно блиску, но до најубавата плажа мора или 900м печки или со кола, комбе, такси....
..И со Ормос Панагиас е слично, само што се помали далечини за пешачење до најубавата плажа ... можеби ќе се определиме за Ормос Панагиас, има време...
 
бев... местото е на супер локација ама очигледно немаат амбиции за сместување туристи туку воглавном е транзитен пункт за излетници на Атос, Амоулани или блискиот архипелаг Диапоро а и место со голем избор на рибни ресторани и рибен пазар... но сепак доваѓаат доста туристи, па и со автобуси, всушност и да се со автомобил не е баш практичнбо секојдневно одење со автомобил на големата плажа а има и гужви на паркингот.. Можеби е добра локација за тие што влечат поголемо пловило бидејќи во Ормос изгледа користат фрее спуштање и сидрење..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom