Македонска берза

G

Goldie

Гостин
Mene mi lici kako DUI sto si kradese od Posta paricki, taka I od bankava mi lici deka rabotava e dogovorena. 3 milioni evra ili franci tezat c.c. 30kgr, da go zememe vo predvid I kolkav prostor zafakaat mene ne mi e za veruvanje prikaznata deka vo kesa gi stavil I si zaminal bez NIKOJ da go zabelezi.
E kolku zafakjaat de, vo 2 miliona imas 40 packi po 50k (banknoti od 500 evra) a za franci uste polesno so ogled deka ima 1000ki tamu

Mada drzi logika i ti toa so si go pisal prvoto :)
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Да, но тука е се лесно, благовремено ќе ти прати секоја фирма детално писмо во која точка што да пишеш на пријавата.
А данокот си го плаќа фирмата, твое е само да ја пополниш во март.

Кога сме веќе кај писмата, и централен депозитар ќе ти прати писмо на секоја промена на бројот на акции што ги поседуваш.
Ооо па тоа значи дека ќе има помалку трчкалници и водење сметка да не се испуштат роковите.(y)
 
Член од
9 јули 2011
Мислења
117
Поени од реакции
108
За Алкалоид, да прашам ова што е наведено во документов:
Одлука за отуѓување сопствени акции
Член 3 вели:
"Согласно законските прописи и Статутот на АЛКАЛОИД АД Скопје, акционерите исплатата на дивиденда може да ја добијат во пари, во акции, во пари и акции."
Дообро, јас сакам во пари и акции. Колку пари ќе ми ја ценат акцијата?
Дали некој го користел ова досега, искуство?[DOUBLEPOST=1492006433][/DOUBLEPOST]
Ооо па тоа значи дека ќе има помалку трчкалници и водење сметка да не се испуштат роковите.(y)
Околу тоа си покриент све комплет. И на брокерот може да му се јавиш да го прашаш што не ти е јасно, ако ти касни дивидендата на пример; ќе се јави во фирма, праша, поднесе твои документи, сметка, све што треба.

Види, само купи мудро; со акциите стануваш газда на фирмата, иако на мал дел, сепак си газда.
Член си веќе на поинакво друштво. Па и да си отидеш на собрание, да се видиш со убави, паметни луѓе.

Добро малку ја претерав, но подобро од штедење во банка според мене. (y)
 
Последно уредено:
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
За Алкалоид, да прашам ова што е наведено во документов:
Одлука за отуѓување сопствени акции
Член 3 вели:
"Согласно законските прописи и Статутот на АЛКАЛОИД АД Скопје, акционерите исплатата на дивиденда може да ја добијат во пари, во акции, во пари и акции."
Дообро, јас сакам во пари и акции. Колку пари ќе ми ја ценат акцијата?
Дали некој го користел ова досега, искуство?[DOUBLEPOST=1492006433][/DOUBLEPOST]
Околу тоа си покриент све комплет. И на брокерот може да му се јавиш да го прашаш што не ти е јасно, ако ти касни дивидендата на пример; ќе се јави во фирма, праша, поднесе твои документи, сметка, све што треба.

Види, само купи мудро; со акциите стануваш газда на фирмата, иако на мал дел, сепак си газда.
Член си веќе на поинакво друштво. Па и да си отидеш на собрание, да се видиш со убави, паметни луѓе.

Добро малку ја претерав, но подобро од штедење во банка според мене. (y)
Ви благодарам на Вас и на сите преостанати на темава од форумов кои безрезервно ми појаснавте. Навистина го ценам тоа и Ви сум благодарен!:)

Да, во право сте! Мудрата одлука е клучна за превенција од подоцнежно и крајно непотребно удирање на главата во ѕид.:D Па најпрво што ми паѓа на памет е да се обидам со Алкалоид или можеби Макпетрол како евентуална алтернатива. Што мислете за ова? Така е. Добро кажувате, од тој момент веќе се почнува да се навлегува во (за нас кои не сме добро упатени во оваа област во) првите нивоа на деловниот свет.(y)
 
B

Bafra

Гостин
http://tvorbis.com.mk/?p=47576

Основниот суд Битола пресуди ЈП Стрежево да исплати милионска отштета на ЗК Пелагонија

:pos::pos: kakvo sudstvo imame :tapp:

Nemam nisto protiv, imam nekolku akcii tamu ama ni dividenda ni brasno od Kamcev ke vidime :D
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Ви благодарам на Вас и на сите преостанати на темава од форумов кои безрезервно ми појаснавте. Навистина го ценам тоа и Ви сум благодарен!:)

Да, во право сте! Мудрата одлука е клучна за превенција од подоцнежно и крајно непотребно удирање на главата во ѕид.:D Па најпрво што ми паѓа на памет е да се обидам со Алкалоид или можеби Макпетрол како евентуална алтернатива. Што мислете за ова? Така е. Добро кажувате, од тој момент веќе се почнува да се навлегува во (за нас кои не сме добро упатени во оваа област во) првите нивоа на деловниот свет.(y)
Зависи какво образование имаш и искуство. Мое мислење е ако имаш доволно од едното и другото е да одбереш сам. Причината е очекувањата. Тоа значи дека можеби некој инвеститор претпочита капитална добивка што би значело активно тргување на берзата, или пак купување и чување на среден рок 2-3 години со дивиденден прилив. Исто така прашањето е колку дивиденда е доволно. Сакам да кажам дека секој инвеститор има различки приоритети и ако на слепо послушаш некој предлог можеби ќе се разочараш иако тоа не значи дека изборот е лош.

Моја препорака би било да почнеш со мал влог од 30000-50000 со што ќе имаш причина активно да ја пратиш берзата и самостојно да одлучуваш.
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Да, така е. Во мојов случај е токму втората причина - купување и чување на акции со дивиденден прилив. Па искрено би сакал дивидендата да е некаде меѓу 400-1.000 евра.:D
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
318
средно да земеме 700е дивиденда треба да вложиш мин 10к 13к во зависно каде ќе вложуваш...:zloo:

Да, така е. Во мојов случај е токму втората причина - купување и чување на акции со дивиденден прилив. Па искрено би сакал дивидендата да е некаде меѓу 400-1.000 евра.:D
 
Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100
За Алкалоид, да прашам ова што е наведено во документов:
Одлука за отуѓување сопствени акции
Член 3 вели:
"Согласно законските прописи и Статутот на АЛКАЛОИД АД Скопје, акционерите исплатата на дивиденда може да ја добијат во пари, во акции, во пари и акции."
Дообро, јас сакам во пари и акции. Колку пари ќе ми ја ценат акцијата?
Дали некој го користел ова досега, искуство?[DOUBLEPOST=1492006433][/DOUBLEPOST]
(y)
Ова е само законска можност за исплата на дивиденда.. Како ќе се исплати дивидендата одлучува акционерското собрание.. предлогот може да биде на управен одбор или барање на дел од акционерите.. Во овој случај предлогот е исплатата да биде во пари..
Од мое искуство досега никој не исплатил дивиденда во акции во Македонија..
Инаку, ако добро ме држи добро сеќавањето, пред повеќе години менаџерскиот тим на Алкалоид го добивање годишниот бонус не во пари туку во акции ( од сопствените акции што ги поседува Алкалоид)..
 
Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100
А колку е тоа 10к 13к?:unsure: 1.000 1.300 евра или...?
Gladiatorized, мала помош и од мене.. одбери 5-6 компании што мислиш дека ти се интересни за вложување.. разгледај го движењето на цените на секоја од нив последниве 5-6 години на mse.mk .. најди им ги финансиските извештаи(квартални и годишни) и други соопштениа на http://www.seinet.com.mk/Default.aspx (ако незнаеш да читаш финансиски извештаи, почни да учиш, ќе ти биде огромна помош за анализирање).. прочитај на форумов што се пишувало последниве неколку години .. најди други информации за тие компании.. почни да ги врзуваш работите и да бараш причини во сите тие информации за растовите и падовите на цената..
кога ќе собереш поголемо искуство прошири го кругот на повеќе компании..
за тебе за почеток ти предлагам да вложиш во компанија што исплаќа дивиденди.. после со поголемо искуство ќе видиш дека има и добри компании што не исплаќаат дивиденди или многу мали дивиденди, ама па парите одат за побрз развој на тие компании..
колку ќе вложиш на почеток не е битно.. битното е што вложувањето ќе те тера да ги пратиш секојдневно сите информации и да учиш побргу..
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
к е демек илјада, па 10к е 10.000
Само трпеливо, мојот прв влез пред многу години беше со 250 еур.
Сега ми е појасно.[DOUBLEPOST=1492089227][/DOUBLEPOST]
Gladiatorized, мала помош и од мене.. одбери 5-6 компании што мислиш дека ти се интересни за вложување.. разгледај го движењето на цените на секоја од нив последниве 5-6 години на mse.mk .. најди им ги финансиските извештаи(квартални и годишни) и други соопштениа на http://www.seinet.com.mk/Default.aspx (ако незнаеш да читаш финансиски извештаи, почни да учиш, ќе ти биде огромна помош за анализирање).. прочитај на форумов што се пишувало последниве неколку години .. најди други информации за тие компании.. почни да ги врзуваш работите и да бараш причини во сите тие информации за растовите и падовите на цената..
кога ќе собереш поголемо искуство прошири го кругот на повеќе компании..
за тебе за почеток ти предлагам да вложиш во компанија што исплаќа дивиденди.. после со поголемо искуство ќе видиш дека има и добри компании што не исплаќаат дивиденди или многу мали дивиденди, ама па парите одат за побрз развој на тие компании..
колку ќе вложиш на почеток не е битно.. битното е што вложувањето ќе те тера да ги пратиш секојдневно сите информации и да учиш побргу..
За жал не знам да читам такви финансиски извештаи. Како да научам? Има ли некаде каде можам подетално да се информирам за тоа или, пак, ќе мора сам да се потрудам околу тоа?
 
Член од
9 јули 2011
Мислења
117
Поени од реакции
108
За жал не знам да читам такви финансиски извештаи. Како да научам? Има ли некаде каде можам подетално да се информирам за тоа или, пак, ќе мора сам да се потрудам околу тоа?
Ќе мора сам (основите), а потоа ќе се помогнеме. :)
Со малку труд ќе најдеш на интернет, има се.

Или ако не ти се чита, а ти е интересно, ете отвори го Гранит на линков, па оди на страната „Податоци“: http://www.mse.mk/mk/issuer/granit-ad-skopje

Неговиот извештај е: http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=40674

Спореди ги бројките и најди од кај што е земено, ако те заинтересира побрзо ќе научиш.

Целта на анализата е да ја предвидиш иднината на фирмава. За дивиденда, од финансиските извештаи те интересира колку заработува, бидејки од таму еден дел можеби ќе делат (ако заработува).

Оди на страната „Биланс на успех – природа“ и најдолу има „Вкупна сеопфатна добивка/загуба“ од 294.115 илјади за тековна година (2016) и 371,222 за претодната (2015) . Ете дел од тие пари за 2016 ќе оди во дивиденди (за 2016). Подели со вкупен број акции и добиваш заработка по акција. Провери на првиот линк, но сега на страната „Показатели“ и види дали точно си пресметал. Примети дека од берзата веќе ги пресметале основните показатели за тебе за последните 3 години.

Ова горново само како пример.

Ако го базираш првото купување само на анализа на извештаите, а да купиш некој треба да ти продаде, голема веројатност е тој што ти продал многу подобро да знае во моментов да ги чита истите тие извештаи.
Затоа мислам најпаметно е едноставно да провериш кој колку дава дивиденда, за сегашнава и за последниве години. Брокерот ги знае напамет а и се објавени на СЕИНЕТ како „Дивиденден Календар“.

Запиши ги и спореди, па одлучи. Постирај изборот тука, ќе го дебатираме. А ако не ти фаќа око, не купувај, трпението често носи подобра прилика. (y)
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100
Мислам дека една од првите книги што ми ја дадоа беше оваа..
https://finansijskoposlovanje.files.wordpress.com/2013/09/analiza-finansijskih-izvestaja.pdf
после најдов мнгоу други на интернет, подетални.. ама не се напрегај одма многу со тоа.. дај си година дена време на постпеено учење.. плус секогаш има нешто ново..
Научи ги исто така што значат Working Capital Ratio,Earning per share (EPS), Price to book ratio,
Dividend Yield, P/E, P/S... тие ќе ти користат најмногу..

http://www.mse.mk/mk/stats/current-ratios/163
овде ги имаш некои од нив пресметани..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom