А имате чуено за астрална проекција. Колкава е врската на ова со астралот. Смарагдна земја има некој докази за ова што ви се случува. Јас намерно сакам да го предизвикам веќе некоја година ама залудно, не правам нешто како што треба. Сигурен сум дека на сите ви се случува во раните саати пред да изгрее сонцето. Не верувам во парапсихологија затоа и пробувам да најдам доказ дека нешто има ама до сега барем немам ништо откриено. Состојба што ја опишувате сум ја видел само во теорија, претставува влез во астрал (како што некој опишува), ако знаеш да ја контролираш многу било powerfull. Но некако сите опишавте дека сакате да излезите уште на почеток (поради страв од непознатото) и тоа и се случува, излез од астрал се прави само со концентрација (како што опишавте, не не сум умрел жив сум сега ќе се разбудам и сл.) Нареден пат кога ќе ви се случи пробајте да го контролирате, пробајте да отпатувате некаде каде што не сте биле и запаметете некои детали. Потоа проверете ги истите во реалноста дали постојат. Можи и да сум грешка, се ова сум го видел само во теорија првпат читам искуства.