Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Од кога личен интерес е паѓање на криминална власт ?

Туку нешто интересно денес што видов, во Прилеп на протестите го обвинуваат Талат Џафери дека он бил дежурен во касарната на денот кога биле предадени и загинале Прилепските доброволци од страна на УЧК. А истиот Талат Џафери нивните го гласаа да биде МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА притоа и Прилепски пратеници гласаа ЗА НЕГО

Чудно како овие „патриоти“ ги немаше кога беа протестите против Талат, или не им беше загрозено работното место во државна администрација тогаш :(
Имаше протести во Скопје против поставувањето на Талат Џафери за министер за одбрана. Некои од тие што протестираат денеска во Прилеп учествуваа на тие протести и тогаш и јадеа ќотек од полицијата и беа приведени.....
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Погрешно се поставени работите затоа, ВМРО не е ДПМНЕ and vice versa затоа, малку објективно гледање на работите без да се ставиш во ситација да браниш партиски интереси и перспективи за формирање власт, за да бараш почит треба прво да почитуваш.
Секогаш бранењето на Македонските национални интереси се интерпетира како бранење на став на партија.... Македонските знамиња како партиски обележја. Опасност од федерализација како ерес. И така натака да не набројувам....

Што се однесува до агендата на зајо, таа е веќе очигледна, зарем треба да се пазам за да бидам против тој човек? Ако до пред 5-6 месеци можеби имав резерви дека можеби грешам, сега сум 100% сигурен дека не само што не е глуп, туку свесно ги става на распродажба Македонските национални интереси.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.857

А демек дпмне ги брани? Дај малку поозбилно...
 
G

Goldie

Гостин
Имаше протести во Скопје против поставувањето на Талат Џафери за министер за одбрана. Некои од тие што протестираат денеска во Прилеп учествуваа на тие протести и тогаш и јадеа ќотек од полицијата и беа приведени.....
Тој протест беше дебакл од проста причина што протестираа само мал број на граѓани (секоја чест за тие што беа) од кои добри 70% од навивачките групи претежно помлади

Ги немаше тогаш овие патриоти и патриотски здруженија што сега се влечат по улици за да го спасат паторот

Па каков е?
Паѓање од власт на криминална влада е од интерес на сите граѓани на Македонија
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
А демек дпмне ги брани? Дај малку поозбилно...
Кој рече дека ги брани....Јас секогаш викам, противниците на дпмне ги ставаат во ист кош дпмне и патриотите. Следбениците на зајо го номинираа грујо за бранител на Македонија од Албанската платформа, а не грујо сам по себе. Јас сум најозбилен, 100 пати сум им рекол дека они го воскреснаа грујо и се на пат да го направат херој без прст да мрдне човекот.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Паѓање од власт на криминална влада е од интерес на сите граѓани на Македонија
Тонч, но исто така
"Владата што не ми одговара = Криминална влада"
Многу е субјективно тоа, особено кога ќе видиш кој треба да ја замени криминалната влада.

Исто така, националните интереси се од интерес на сите жители на Македонија.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Тој протест беше дебакл од проста причина што протестираа само мал број на граѓани (секоја чест за тие што беа) од кои добри 70% од навивачките групи претежно помлади

Ги немаше тогаш овие патриоти и патриотски здруженија што сега се влечат по улици за да го спасат паторот
Види, едно време немаше еврејски здруженија и го немаше мосад и хагана не беше моќна, па затоа Евреите гинеа во конц логори, ама после тоа изнинкаа и ја оформија еврејската држава.... Ги немаше, сега ги има, тоа е најважно.
 
G

Goldie

Гостин
Тонч, но исто така
"Владата што не ми одговара = Криминална влада"
Многу е субјективно тоа, особено кога ќе видиш кој треба да ја замени криминалната влада.

Исто така, националните интереси се од интерес на сите жители на Македонија.
Јас лично немам никаков бенефит (ниту сакам да имам) од двете страни, ама реален сум и ќе кажам дека овие ја претераа и мора да си заминат од власт

Од ДПМНЕ одамна требаше да си заминат 30-40 ликови од раководството доколку и мислеа добро на партијата а пред се на државата..

Нема пак да ги има кога ќе треба, они си мислат само за нивните интереси и ги боли к.. за државните интереси
Да им сметаше толку платформата ќе ја осудеа уште одма кога се објави, а не да чекаат прво ДПМНЕ да преговара и да држи до неизвесност до последен момент
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.857
Тонч, но исто така
"Владата што не ми одговара = Криминална влада"
Многу е субјективно тоа, особено кога ќе видиш кој треба да ја замени криминалната влада.

Исто така, националните интереси се од интерес на сите жители на Македонија.
Државни не национални,

Кој рече дека ги брани....Јас секогаш викам, противниците на дпмне ги ставаат во ист кош дпмне и патриотите. Следбениците на зајо го номинираа грујо за бранител на Македонија од Албанската платформа, а не грујо сам по себе. Јас сум најозбилен, 100 пати сум им рекол дека они го воскреснаа грујо и се на пат да го направат херој без прст да мрдне човекот.
НЕ би рекол дека е баш без со прст да мрдне, а мислам и во моментот не се така едноставни работите, посебно по однос на Македонското прашање, инаку истиот пристап кои имаат двете страни кон различно мислење од партискиот наратив...така да...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Јас лично немам никаков бенефит (ниту сакам да имам) од двете страни, ама реален сум и ќе кажам дека овие ја претераа и мора да си заминат од власт

Од ДПМНЕ одамна требаше да си заминат 30-40 ликови од раководството доколку и мислеа добро на партијата а пред се на државата..
Па на пат беа да си заминат и све беше во ред, кога се појави Тиранската платформа. Зарем нели беше работата да се борат против криминалот, што е ова сега одеднаш ? Нели двојазичноста не ја ветил зајо на Албанците во предизборна кампања туку му ја измислија дпмне ?!?
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Јас лично немам никаков бенефит (ниту сакам да имам) од двете страни, ама реален сум и ќе кажам дека овие ја претераа и мора да си заминат од власт
Од ДПМНЕ одамна требаше да си заминат 30-40 ликови од раководството доколку и мислеа добро на партијата а пред се на државата..
Тоа и требаше да се случи.
Логично беше после сите срања, ВМРО да отиде во опозиција и да си направи ремонт.

СДСМ ваква или таква, ќе дојдеше на власт, но во меѓувреме, Заев го стана Груевски од гроб.
И сега Груевски е херојот, јунакот, и ќе биде уште потешко да се бутне.

И сега, вие не убедувате тука дека Груевски не е херојот.
Знаеме дека не е, но сега ситуацијата е сосема поинаква.

Сега ситуацијата е следнава: Макар и ќутуќ нека формира Влада, само да не е пион.
Заев едно време можеше да го постигне тоа, но сега веќе не, сега е предоцна...
 
Последно уредено:
G

Goldie

Гостин
Па на пат беа да си заминат и све беше во ред, кога се појави Тиранската платформа. Зарем нели беше работата да се борат против криминалот, што е ова сега одеднаш ? Нели двојазичноста не ја ветил зајо на Албанците во предизборна кампања туку му ја измислија дпмне ?!?
Не ме чуди и платформата да е дело на Груевски и Али, таа му беше последна шанса (иако мала реално) на Грујо дека нема да оди во затвор
 
V

viktora

Гостин
Не само што не ги среди, туку им даде МИНИСТЕРСКИ МЕСТА, да не зборувам за тендери и украдени пари! Слушам сега, им пречело Талат да бидел претседател на Собрание. Во ред, само кажими зошто кога тој Талат беше министер за ОДБРАНА читај ОДБРАНА одеше и се поклонуваше пред споменици на УЧК со делегации на АРМ не излегоа тие ќосињата? Кај беа тогаш? Тие ќосиња што ги спомнувате прво провери кој и каде работи, колку плата зема, па после врати се на темава!

Значи и едните и другите се посраа, само проблемот е што тебе и на тие како тебе ви смрди само предходното гомно, а ова не само што не ви смрди туку и со сласт го јадете. Или да ти надробам малце..

СДС се испосра, направи тоа што направи и заради тоа гомно народот одлучи да ги симне од власт! ДПМНЕ се испосра НО за пуста администрација и крадење пари гомното не ви пречи!! Немој да ми објаснуваш дека ТИ и или било кој на форумов ја сакате повеќе Македонија од некој што моментално е ПРОТИВ ДПМНЕ!
Е па ајде онда пошто Талат бил министер за одбрана сега ќе го ставиме спикер.Ајде ВМРО им ветил двојазичност на пола територија,СДСМ им ветува на цела.
Како што тргнало сдсмовците на секое страње што го направиле вмровците они го дуплираат.Дали значи тоа дека ако ВМРО украл 5 милјарди СДСМ треба да ги дуплира па 10 да лапне?

И не ми кажувај дека вие што сте против ВМРО повеќе сте ја сакале Македонија од нас што сме против платформата.Еден барем да кажеше дека е против и не ја прифаќа платформата па тогаш ќе поверував.
А не да ми глумите заевци или дипломатски да вртите ко мува на гомно демек уставот што налага.Како може повеќе да ја сакате кога немате ништо против двојазичност на цела територија,али и села плус компанија да преговараат со бугари и грци во мое име за мој идентитет и за името на мојата нација.Ни еден не го осуди тоа.Битно грујо да си лежи.
Знаеш што,к.р ме заболе за грујо и фамилија исто колку што ме заболе за заев и радмила и останати продадени говна.
Нека се откаже СДСМ од таа ебена платформа па после не Грујо него од прв до последен вмровец нека ги е.ат на плоштад.Ич не ми чуе.Ако стварно некој од вас ја "сака" Македонија истото ќе го кажеше а не да ги брани комуњарите и да вергла дека и "нашите" истото го правеле.
Тоа е таа разлика од нас "небањатите" и вас црпнатите што некако тешко да го сватите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom