За кој книжевен лик би гласале?

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Сум мислел на Арнор и на Дунаданите,нели и тие беа од таму.
Ах, тие се само потомци на Нуменорејците.
Арнор и Дунадаините се блед отсјај на Нуменорејското царство, кое да те потсетам, кога се појавило на бреговите на Средната Земја во полна воена моќ и сјај и самиот Саурон не се ни спротиставил и им се предал одма*.
Инаку самиот witch king е Нуменорејец.

* друга приказна е како тоа се заврши
 
Ах, тие се само потомци на Нуменорејците.
Арнор и Дунадаините се блед отсјај на Нуменорејското царство, кое да те потсетам, кога се појавило на бреговите на Средната Земја во полна воена моќ и сјај и самиот Саурон не се ни спротиставил и им се предал одма*.
Инаку самиот witch king е Нуменорејец.

* друга приказна е како тоа се заврши

Да од оние Black Numenoreans,нели,што седеле на Умбар.Ја знам * приказната...подло до јаја
лајк4иња :icon_lol:
 
Да од оние Black Numenoreans,нели,што седеле на Умбар.
Па сеа, ако сакаме да бидеме ептен егзактни:

Буквално терминот Блек Нуменореанс се користи за остатоците од Нуменор кои верувале во Мелкиор. Значи за остатоците, односно за преживеаните лоши Нуменорејци, по катастрофата.
Во последните векови на своето постоење Нуменор најпрвин срамежливо, а потоа отворено престана да му се поклонува на Еру и почна да му се поклонува на Мелкиор (под диригентска палка на заробеникот). Тогаш сеуште тој израз не се користи за нив, тие тогаш сеуште едноставно се Нуменорејци.
По катастрофата, верните во северните нуменорејски колонии создаваат кралства/о, а овие сега наречени Црни , се утврдуваат на југ, во Умбар и појужно. Некои од нив стануваат владетели и во Харад, на пример.

-Ковањето почнува 1500 г.
-Првпат назгулите се појавуваат (и со нив Вич Кинг) 2251г.
-Умбар е основан од страна на Нуменорејците во 2280 г.
-Мењањето религија (кога го носат заробеникот во Нуменор) се случува од 3260 па натаму
-Нуменор пропаѓа 3320 г.
-следната година се основаат северните кралства од преживеаните добри, а на југот (Умбар и јужно) се зацврстуваат преживеаните лоши Нуменорејци, од сега па натаму нарекувани Црни Нуменорејци.

Сакам да кажам дека деветте прстени се поделени и поединците корумпирани, мнооогу пред да се корумпира нуменорејската цивилизација. Црните Нуменорејци се мноогу после корумпирањето на благородникот, од кој настанал Вич Кинг. Терминолошки и хронолошки Вич Кинг нема ништо со Црните Нуменорејци, иако се на иста страна.
 
Дефинитивно Херкул Поаро! Затоа што ги става логиката и психата пред се, а според мене тоа е најправилниот начин на размислување.
 
Итар Пејо мислам дека едни од најдобрите хумористични ликови во нашата литература
 
Херкул Поаро, малиот белгиски детектив од романите на Агата Кристи.
 
Винстон Смит заедно со Јулија ("1984") заради поседување на основни човекови вредности и желби, како и заради тенденциите кон едно послободно и поотворено општество. Потоа Гај Монтаг ("Фаренхајт 451") заради неговата метаморфоза од лојален работник во просветлен дисидент, и Грејнџер заради неговата верба во човековото повторно издигнување, љубов кон литературата и се разбира - неговиот интелект; Хелмхолц Вотсон и Џон ("Храбриот нов свет") заради Вотсоновиот филозофски ум и потрага по она значајното, и љубовта на Џон кон делата на Шекспир и барање на поетичноста во човековиот живот и воедно светот во кој тој живее.
 
Заради актуелната политичка состојба ја реактивирам темата. ;)

Па кој книжевен лик ќе ја добие вашата доверба, и зошто?
 
Атинанецот (Ατινξανιν) од книгата "Закони" од Платон.
Втор на листа Мартин Инд од книгата "Мартин Идн" од Џек Лондон.
 
За моменталнава ситуација само Калигула! :icon_lol:
 
За моменталнава ситуација само Калигула! :icon_lol:
Ma Нерон повеќе. Што знаеш можеби во некоја далечна иднина ќе направат апликација во негово име. Замисли име на апликација - фикус. :icon_lol:
 
Ma Нерон повеќе. Што знаеш можеби во некоја далечна иднина ќе направат апликација во негово име. Замисли име на апликација - фикус. :icon_lol:
Фасада по фасада, се да се стопи :icon_lol:.

Туку, Калигула си играат овие и сега, прељуби, оргии, крадење...од се има :pos:.
 
Феликс Гранде би го ставил за премиер и за министер за финансии во исто време. :sneaky:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom