Излегувањето на тинејџерите во доцните ноќни часови и конзумирањето алкохол

  • Креатор на темата Креатор на темата emilija_eme
  • Време на започнување Време на започнување
Алкохолот не треба да се конзумура ( конзумира ) , може лошо да влијае на очите и очните капаци, а кај некого може да преовлада и нагонот за предизвикување тепачка. Па ти пак конзумурај алкохол. И овде тешко некој да ти даде препораќа околу тоа што би можела да напишеш , крај краева проектна е , трескај глупости , и онака на факултет ко ќе се запишеш тродупло повеќе ќе си ја трескаш главата од учење. Епа тоа ...
Pecatni greski mislam razbirame se .... sepak fala na korekciite :D
 
Не читав али ми викаат дека излез за малолетни е ограничен нез до колку саат ако знаете кажете а ова алкохол глупости само за праење се иам праено тоа не.
 
Ја почнав по дискотеки сега да излегувам пред два месеци кога наполнив 17г.Не знам зашо ама порано не искажав желба дека ми се иде пошто стварно не ми си идеше да се гњавам со секакви пијаници и нафурани.Според мене океј е 17 годишници да почнат да излегуваат по дискотеки и да конзумираат одредена доза на алхохол да се пронајдат во она шо им одговара и шо им смета а не да се бафтаат деца со 14-15 години а знаеме дека таквите сега многу ги има и што е најтрагично се губат у простор и време.
Што се однесува до родителите пола и повеќето денес не си ги познаваат децата па така да дома ке бидат бубалчиња и коа ке излезе у толпа мисли све што лета се јаде...
 
Јас како 16годишна повеќе практикувам спорт со друштвото(се собираме трчаме на кеј, возиме велосипеди, играме фудбал, тенис и сл) на тој начин и се дружиме и се развиваме. За одење по журки и дискотеки сеуште е рано, а по алкохолот не сме баш.. 2-3 пати месечно искачаме на кафе а почесто ќе се тутнеме кај некој дома или у некое паркче се собираме добро музиче, сокче, сончоглед и уживанција и така до сабајле. :) На мене лично глупо би ми било да идам по журки и да се пијанчам до сабајле и други да ми се цепаат од смеење:pos:
 
Ии да и јас да се изјаснам околу ова прашање..И јас сум тинејџер и веќе почнав да излегувам во диско после полноќ моите ме носат и ме земаат до диско..Сум била сведок на многу непријатни ситуации.Тука е менталитетот за никаде и такви се и луѓето..Келнерите во самата дискотека служат екстази со пијалоците евентуално и некој друг вид на дрога..Мое лично мислењр и мојот став кон ова е сосем искрен и ако сум тинејџерка и излегувам признавам дека после тоа излегување се е хаос една недела после настанот..се враќаме во 6 часот наутро и купуваме леб по пат додека се враќаме хахахах стануваме дента околу 15 часот напладне излегувам на кафе сабота е вечерта пак се средувам и излегувам за време на викенд се ми е хаос со време и воопшто не фаќам книга и дојдов до заклучон дека навистина треба да собира секој викенд марица по дискотеките за да ни дојде памет до 18 дома над книга после шетај колку сакаш хахахај
 
Келнерите служеле екстази ??????????? :facepalm::facepalm::facepalm:
 
Wat8.jpg
 
Океј кај нас келнери се 90% деца од друштво па се знаат меѓу себе кај кого треба да носат..најмногу ми е криво што некој еден ќе настрада на велико од келнерите али тоа е тоа
 
Ии да и јас да се изјаснам околу ова прашање..И јас сум тинејџер и веќе почнав да излегувам во диско после полноќ моите ме носат и ме земаат до диско..Сум била сведок на многу непријатни ситуации.Тука е менталитетот за никаде и такви се и луѓето..Келнерите во самата дискотека служат екстази со пијалоците евентуално и некој друг вид на дрога..Мое лично мислењр и мојот став кон ова е сосем искрен и ако сум тинејџерка и излегувам признавам дека после тоа излегување се е хаос една недела после настанот..се враќаме во 6 часот наутро и купуваме леб по пат додека се враќаме хахахах стануваме дента околу 15 часот напладне излегувам на кафе сабота е вечерта пак се средувам и излегувам за време на викенд се ми е хаос со време и воопшто не фаќам книга и дојдов до заклучон дека навистина треба да собира секој викенд марица по дискотеките за да ни дојде памет до 18 дома над книга после шетај колку сакаш хахахај
И мене ко мала ме лажеле дека во пијачката ставаат дрога
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom