Девојченца, пред да излезите в чаршија, им викате барем на родителите едно пријатно?
Не за друго, да ве видат онака
Инаку шо зна нека пра, сите ние сме биле тинејџери, кој побудали, кој помалку. Живот како живот. За мене лично најдобрите, најзабавните моменти кои ќе ги паметам дур сум жив биле во паркот, било в центар, било во тој другиот на могила. Си купуваш онака со друштвото вино, или ако се погоди сезоната влечкаш домашно од дома, гитарата при рака, обавезно се најдувало по некој кој знае да дрнка и така радости до ниедно време.
Некогаш се почнувало и од порано, пример 20 часот. На никој не му се наштетувало, личен мерак и толку.
Сега друго време дојде, одиш чаршија, нога истопорена на секој чекор наааааа, од друга страна силни момци кои со поглед го поткреваат тоа фустанчето, мислиш го раскинуваат. А овие пристојнички девојченца, некако ,,засрамено" гледаат како да му се лутат на ветерот што по малку пропратно ги задева и соработува со снажниве момци. Па ако има алкохол во нив, upskirt обавезно иди како премија во целата ситуација. После 01 помини в чаршија чиниш на лизгалиште одиш . Обично мнозиството од нив тогаш се прибираат, освен оние кои изгледаат повозрасно, помасивно, амазонски, тие се нушнуваат во тие ноќните клубови каде обавезно си живеат со тој сељакот со мускули пред врата, со завршено основно образование. Крај краева кој ги онади, шо сака нека си прават, нивни животи, нивни фамилии, јас во мое време супер сум си поминал, другото се видело
