Конфликтот во Сирија

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.389
Оваа вест е пред 20 дена ама помина незабележано до сега

The Syrian Army says its air defenses have shot down one Israeli warplane and hit a second after four planes breached Syrian airspace and attacked government troops near Palmyra Friday morning. The Israeli military has denied the claims. Syrian military officials and observers told Sputnik that the incident sends an important message to Israel.
https://sputniknews.com/middleeast/201703171051691543-israeli-plane-downed-over-syria-analysis/

Според напишаното биле користени С200 модернизирана верзија ракети од кој собориле 1 авион, а оштетиле друг од 4 авиони,
ништо чудно евреите пак да имаат замешано прсти и во овој напад со гасот,

Русија пак најави дека ќе ја зајакне воздушната одбрана на Сирија и го суспендираше договорот со кој се “договараа“ воздушни удари, со цел да се избегне меѓусебен судир,
ќе видиме деновиве дали Русија има против одговор на томахавките, одличен терен за да се види тоа.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.955
Поени од реакции
12.373
Хехе, каков политички цинизам, на прес конференција говори против еден диктатор - претседателот на Сирија, додека во Мар-а-Лаго му гостува друг диктатор - претседателот на Кина.

Или можеби внимава на реториката која би ја употребил кон овој диктаторов кој му е дојден на гости, бидејќи овој вториов располага со нуклеарно вооружување и бидејќи си тера диктат врз најбројната држава во светот и втората најголема економска и индустриска сила во светот.

Како и да е, досегашните односи помеѓу Доналд Трамп и американските медиуми покажаа и докажаа на дело дека кога медиумите кои го величеа Барак Хусеин Обама ќе објават позитивна критика за некоја постапка на Трамп, тогаш треба подетално да се испитаат ваквите постапки на Трамп и нивните корени во позадина.

http://off.net.mk/vesti/svet/nekolku-raboti-po-amerikanskoto-bombardiranje-na-sirija

Неколку работи по американското бомбардирање на Сирија

7 Април 2017 - 12:50

По наредба на американскиот претседател, и без никаква дозвола или одобрување од О.Н., два американски воени брода во источниот Медитеран - УСС Портер и УСС Рос - испукаа 60 крстосувачки ракети на Сирија, конкретно на воздушната база Шајрат, затоа што Трамп одлучил дека тоа е во согласност "со виталните американски национални безбедносни интереси".



Бомбардирањето е одмазда на Американците за наводното користење на отровен гас од страна на силите на Асад во Идлиб. Ова обвинување многумина го спорат прво, затоа што нема никакви докази дека Асад е одговорен за хемискиот напад (одмаздата се случува после едвај еден ден од нападот), и второ, зошто Асад би повлекол ваков потег во момент кога тој има најдобри изгледи во досегашниот тек на војната од целата работа да излезе како победник.



Нападот е извршен со Томахавк ракети, истите што беа користени во НАТО бомбардирањето на Југославија за соборување на Милошевиќ, а пред шест години и во соборувањето на Гадафи и, од сегашна гледна точка, комплетното растурање на каква било форма на власт во Либија.

Според првичните извештаи во нападите се униште 6 МИГ-23 авиони, но пистата и понатаму е функционална.


Инаку:

- Ова е прв директен американски напад што Белата куќа го има наредено против силите на Асад.

- Американските функционери тврдат дека ги известиле Русите пред почетокот на нападот, и дека проектилите се испукани на "делови каде што не постои руска присутност". Истовремено тие порачуваат дека не барале одобрување од Москва.

- Нападот не само што е изведен без дозвола на Советот на безбедност на О.Н., туку Трамп за истиот не го прашува ни американскиот Конгрес.

Donald J. Trump
@realDonaldTrump


The President must get Congressional approval before attacking Syria-big mistake if he does not!

1:02 AM - 31 Aug 2013

Donald J. Trump
@realDonaldTrump


AGAIN, TO OUR VERY FOOLISH LEADER, DO NOT ATTACK SYRIA - IF YOU DO MANY VERY BAD THINGS WILL HAPPEN & FROM THAT FIGHT THE U.S. GETS NOTHING!

3:20 PM - 5 Sep 2013

- Како ретко кога Трамп доби пофалба за својот потег од Њујорк Тајмс - "Претседателот ја направи правилната работа", со посебен нагласок на употребата на "Претседателот".

- Нападот се толкува и како дел од стратегијата на Трамп околу посетата на кинескиот претседател на САД. Прво, "тој сега ќе мора да седи во САД и да ја гледа демонстрацијата на американската воена сила," и второ, медиумите многу помалку ќе бидат заинтересирани за бизнис и останатите разговори што ќе се случуваат на средбата.

- Сумирано, за Трамп нападот претставува џек-пот, затоа што истовремено испраќа порака до Дамаск, Москва и Пекинг, додека на своја страна ги прибира западните медиуми кои до вчера го издигаа на ниво на марвеловски космички душман кој ќе значи крај на постоењето на Земјата.


- За Москва нападот е "чин на агресија против членка на О.Н." и побараа итна седница на Советот за безбедност.

- Русија го суспендираше американско-рускиот меморандум чија цел беше избегнување на потенцијални судири меѓу воздушните сили на двете земји над Сирија, а Путин нападот го нарече "агресија".

"Ова е чин на агресија против суверена држава започнат заради измислена причина за вниманието на светот да се одврати од масакрот на цивили во американските воздушни напади во Ирак", ја пренел Дмитри Песков изјавата на Путин.

- Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека сето ова наликува на американската инвазија на Ирак во 2003 (која за волја на вистината беше направена со многу повеќе фемкање отколку денешнава), со таа разлика што овој пат Американците не се ни обиделе да понудат докази, како што во 2003 беа (сега оспорените и докажано лажни) тврдењата дека Садам Хусеин поседува "оружје за масовно уништување".

- Целата американска акција се базира на фотографии од деца и изјави од разни невладини организации, како Белите шлемови кои според Лавров "местат разни ситуации за да испровоцираат активност против сириските власти".

- Малку подолу во Европа, турскиот министер за надворешни работи, Чавушоглу, по бомбардирањето изјави дека Асад мора да си замине, а ако не сака треба да се тргне со сила.

- ЕУ а.к.а. Меркел и Оланд не најдоа ништо спорно во тоа што нападот е извршен без дозвола од Советот на Безбедност на О.Н. и му дадоа поддршка на Трамп, па во заедничка изјава порачаа дека "Асад ја носи полната одговорност за овој развој на случувањата. Неговата постојана употреба на хемиско оружје и масовно убивање не може да мине без казна".

- Со бомбардирањето на сириските сили, Американците извршија напад на најголемата анти-терористичка армија која веќе шест години се бори и гине против најголемата и најомразената терористка група на планетава. Ова секако е повеќе од добредојдено за ИСИС, кои конечно можат малку да здивнат од притисок.

- Веднаш по бомбардирањето на сириската воздушна база, терористите на ИСИС започнаа голема офанзива против сириската војска кај Палмира, која заради американскиот напад остана без воздушна поддршка.
 
Последно уредено:
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Чесно да си признаам Трамп за сега ме разочара!
Интересно е дека ова петардите марка Патриот слабо возат, од 59 само 23 стигнале околу базата во Шајрат, можеби немале доволно ќумур или бил влажен :lolzz:,
Малку аналог со руските еквиваленти истрелани од касписко море кон ИД, 95% ја достигнаа целта со грешка на зададената цел од 5 метра. додека овие Патриотиве отклонување 6 километра околу целта, освен базата погодени се село Манзуљ, село Шарјат , Ал Хамрат, евентуално ако по стара американска традиција гаѓале некоја свадба, сунет, болница...:lolzz:
Убавото е што сите здрави авиони полетале пред нападот, уништени се околу 6 расипани за ремонт и делови во хангарите.
За да сум објективен и како секогаш пишувам по совест, малку сум разочарани од Руското и Сириското ПВО- Ц200 и Ц300, не се активира на овие петардиве, мислев дека небото над цела Сирија е покриена и лови се.:(
 
Последно уредено:

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Добро сега зарем Трамп да остане покус од неговите претходници Обама, Буш, Клинтон, Буш Постариот итн.?? Еве и тој си има сега во биографија дека нападнал суверена држава. Замислете се среќава со Буш и Клинтон на некој настан и овие споделуваат како бомбардирале други држави и Трамп си седи така не може да се пофали. Глупо е така?
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.389
Сириското ПВО- Ц200 и Ц300, не се активира на овие петардиве, мислев дека небото над цела Сирија е покриена и лови се.:(
Тие се за авиони и балистички ракети, а не за томахавки, не вредат да се трошат за мали ракети, сметај дека требало да испукаат 59 против ракети за да ги срушат.
панцир С е за против томахавки, ама изгледа го немало таму.
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.811
Fifty shades of Syria! Losho..losho!

Интересно е дека ова петардите марка Патриот слабо возат, од 59 само 23 стигнале околу базата во Шајрат, можеби немале доволно ќумур или бил влажен :lolzz:,
Малку аналог со руските еквиваленти истрелани од касписко море кон ИД, 95% ја достигнаа целта со грешка на зададената цел од 5 метра. додека овие
Jak muabet cinish od lice mesto na Asad mu reportira!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Тие се за авиони и балистички ракети, а не за томахавки, не вредат да се трошат за мали ракети, сметај дека требало да испукаат 59 против ракети за да ги срушат.
панцир С е за против томахавки, ама изгледа го немало таму.
повеќе среќа следен пат

дур распоредат русите од своите прскалки на стратешки места америка го освојува светот а наскоро и планетите од сончевиот систем
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.660
Поени од реакции
42.226
повеќе среќа следен пат

дур распоредат русите од своите прскалки на стратешки места америка го освојува светот а наскоро и планетите од сончевиот систем
Rusite bile izvesteni deka ke ima napadi i gi evakuirale svoite luge i siriskite vojnici od bazata
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
koe PVO moze da spreci napad od 60 raketi? Plus toa se krstosuvacki raketi i letaat nisko, tie sistemi sto gi ima sirija se protiv avionski
знам бе то одамна е така, нема сила која може да ја спречи величенствената америчка воена технологија
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.955
Поени од реакции
12.373
И ја сум разочаран од братот Трамп. Само незнам со тетоважава негова што да праам.:(
Ќе ја извадиш и ќе направиш украс за стакло со нејзе, или ќе ја ставиш на мета за пикадо. ;)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom