Кој деген си бе човече и ти не си свесен!Заев рекол дека фамозната платформа не го прекршувал уставот?Ти бе си ја прочитал платформата или само колку тука у муабет да се најдеш?
Од кога во оваа држава стана релевантно тоа што го кажуваат партиските лидери и празноглави портпароли, што на СДСМ што на ДУИ или ДПМНЕ?!!! ))
Ти сметам негде по улица да отидеш у Чаир, Тетово, Гостивар, Струга, Бихачка, Струмица? Кажи кога ќе идеш натака негде да останам дома да не ти засметам ок? Од фејк романтизмов отиде државата, и знаме и име и химна и западна Македонија. А зашто е тоа така треба сам да се прашаш.
Не ми сметаш. Ми смета тоа што викаш, нема да сме ни први, ни последни. Тоа се зборови на поразен човек, кој се помирил со својата судбина. Јас разбирам дека партизираноста на општеството во годините на владеење на последната ДПМНЕ-вска елита кај многу од нас ја уби секоја желба за борба и верба во тоа дека правдата може да биде задоволена спрема сите. Тебе во моментов се што ти треба е одмазда.
Сепак, тоа е момент на заслепеност, момент во кој стануваш алатка на некој друг таков криминалец и манипулатор како тој кого што не можеш да го смислиш. Затворен круг во кој ти остануваш само роб. Нас не ни треба одмазда во моментов. Само тешка казна за тие што досега крадеа и лекција за сите такви во иднина.
Ама за тоа треба народ. Сплотен и упорен во својата цел. Проблемот е што ние немаме доверба еден во друг. Бидејќи сме поткупливи идиоти. Дури и овде на форумов може да се види колку калкулантски настапуваат повеќето членови.
Ти му викаш "Заев ќе ни ја подели државата", он ти вика "Ама ако, и Грујо пред 4 години тоа го мислел". Груевски е ваков, таков, онаков, ама ако јадел говна, зашто и ние да не јадеме.