Се гледа дека си (веројатно) млад, кој мисли дека „се што лета се јаде“.
Како прво, веднаш да ти кажам дека за плата на Груевски нема што да ти одговорам, има оправдани или неоправдани отсуства. Има некој лидер на партија кој на суд не оди заради средби со „амбасадори“, патувања...
Штрајкот во фирмите е регулиран законски преку синдикално здружување. Има правила, за плата, итн, итн.. Не знам дали знаеш, ама ако синдикат најави штрајк, не смее некој од членовите да оди на работа. Може и отказ да добие.
А за министрерот, тоа е твое мислење и не би дебатирал околу тоа. Да, математиката е тешка, полесно е маркетинг, филологија, филозофија да се учи, а да се бара исто плата како и инженерите..
Нема никакво лидерство. Тој оди по светот барајќи поддршка и слабо му оди околу тоа. Сака преку некаков надворешен притисок да обезбеди нови избори, но многу е очигледно тоа нема да го добие. Нормално дека платата на Грујо нема да биде скратена, само тоа повеќе се однесуваше на неговото очигледно бегство од дискусија.
Но очигледно ти не ги разбираш работите. Ајде уште еднаш. По твојата логика, требаше да бидат избркани преку 80% од средношколците кои се дигнаа против лошите реформи! По тој однос, следствено на тоа, и професорите требаше да добијат помали плати затоа што не го задоволуваа минимумот одржани часови на неделно ниво, и директорите кои не можеа да воспостават ред во своите институции, требаше да добијат казни. Наместо да застанеш зад барањата на оние кои мислат дека се обесправдени, ти луташ по изгубените белешки за некакви казни за средношколците, продолжување на распустот, казни за родителите и што уште не. Јасно е дека браниш партиски бои, но ако не застанеш првенствено зад фактите, тогаш целата дискусија ти паѓа во вода.
И дали математиката е тешка? Да, ако си ја учел само 1-2 г. (и ако си некоја стручна школа и математиката ти била секундарен предмет), не ако си ја учел и повторувал 4-ри г. (и тоа не мора да значи, но ајде да речеме дека е вака). Јас се сомневам дека ти тој тест би го решил за некоја пролазна оценка. Ама затоа прв ги судри копјата против сите оние кои мислеа дека протестите беа оправдани. Исто како и оние на студентите, кој нели треба да се префрлат од редовни во вонредни поради тоа што не оделе на предавања (монструозно би било да речам дека треба да се избркаат)! Мора да има некоја казна, едноставно мора. Ако нема, логичкиот фактор кај тебе, би бил отсутен.
[DOUBLEPOST=1491064134][/DOUBLEPOST]
Како бе само кај вас не отвора?
Можеби делат еден компјутер во штабот, можеби е до интернетот во штабот. Никогаш не се знае што е пречката (проблемот), но секогаш некој друг е крив.