Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
S

silmarillion

Гостин
ne sum iselen,samo rabotam vo stranstvo.
vtoro,dali sum se izmestil poslednive 9godini rabotejki so stranci pa ne mi e sfatilov kako mozete da vikate'ovoj e pomalku los od drugiot' i toa da vi bide okej.
ja ako ne ispolnam kritriumi na rabota na godishna procenka,kje letam od rabota. niti oni kje kazat niti pak jas smeam da kazam'zaso me otpustate,jas sum pomalku los od kolegata'
jas budala mislam deka kriteriumot treba da bide,da ne si napravil kriminal.
ama izgleda za pogolemiot del od drzavata kriteriumot e da si napravil pomalku kriminal od momentalnite kradci i po moznost da e sto poodamna da moze polesno da se relativizira. mislam,kako za rezim od najlos vid,dosta cesto se koristi dpmne kako izgovor za postapkite na sdsm. toa e vrven dostrel vo sdsm? da se vika'ama i dpmne toa go pravea' pa bas deka go pravea,imavme izbori i sea treba poinaku. ili ne?
Не памтам да сум вагал нечив криминал до сега или релативизирал али ок. Сакам правна држава, мислам доволно е. И Грујо и Заев и Али и Апасиев ако краделе да одговараат безразлика кој е на власт. Али од тоа сме векови далеку.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не викам дека СДС бил добар за тебе ко што не бил добар ни за мене. Практично ниедна партија во светот не е добра за никој пошто ги задоволува потребите на поединци а не на мнозинство. Излезот секој го наоѓа на свој начин. Ти си се отселил, ја сум префрлил бизнис у странство, друг гледа од тука да извади макс, четврт воопшто не превзима ништо и си ги одбројува деновите. И Левица како и секоја друга партија не е решение на проблемите у државата. Пошто не е политичко партиски проблемот. Генерациски е, и само така ќе се реши. Тоа што поспоро сфаќаме што е потребно во животот значи дека поише генерации ќе идат курбан додека да се смени матрицата. Али јебига.
Ми се допаѓа заклучоков, особено болдираново. Јас би го „прераскажал“ во: се бориме нашата банда (партија) да дојде на власт, за да се реализираат нашите интереси.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Твоиве постови се „свадба после тапани“.
Левица потекна од Солидарност. Солидарност постоеше пред Заев да почне да ги објавува „бомбите“. Даваше поддршка на обесправени работници, на утепаните синдикати исл. Све фино тоа, пленарна поставеност, сите подкоманданти, секој со право на став, глас исл. Познавам некои од ликовите и уште тогаш им сугерирав да прераснат во политичка партија. Тоа не е неприродно, секаде низ светот синдикатите имаат свои претставници во парламентите. За жал уште тогаш немаа храброст сите да застанат обединето - „абе ај, кај можеш со овие, цела полиција ја имаат“ или „кај можеш над сдс да се наметнеш“. Еден дел од Солидарност во комбинација со Ленка стана Левица - од ситно поситно. Тоа што се формираа на 3 месеци пред избори, може и помалку - ич да не зборам, од касно покасно да не може. Кризата траеше цели две години до моментот на избори.
Модерен начин на доаѓање на овие партии не е со оружје. Сириза и Подемос се надуваа како балони со силни критики на системот (кои е многу лесно да се најдат, аргументи има безброј) и посебно Сириза со нереални ветувања (од типот дека не им ги враќаат кредитите на странците исл.), ама без решенија. Е, Левица кај касно, кај разединето, дури не им текна ни нереални ветувања да даваат. Пиарот им беше тотално промашен. Не сакале да се финансираат од тајкуни, не било принципиелно, ќе собирале донации на улица - ок, хипици. Па дури влегоа во филм дека и некој пратеник ќе лапнат со кампања од 30000 денари. И колку ќе добиеа? Двајца? Ене го Мендух Тачи има толку - многу „јак фактор“ е.
Кастро ја водел револуцијата во Куба со фрлање камења врз војската? Како ќе го натераш народот да го чита Орвел или Хаксли место да гледа Ѓулсерен? Па посебно со онаква анемична кампања.
Левица требаше да влезе во коалиција со сдс, за да го тргнат говедово од власт. Немаше да биде тоа пакт со ѓаволот, затоа што никој немаше да ги тера нивните (идни) функционери да постапуваат како сегашниве на дпне (обврзани со меници и бланко оставки) - ако не им одговараше, ќе си дадеа оставки или пост изборно ќе ја раскинеа коалицијата.
И сеа глеам и ти дека не живееш овде и ти најде да кажуеш како треба и како требало. Тој квази-неутрализам своето „квази“ го добива по тоа со кого се согласуваш, а со кого си во иста насока. Постовиве повеќе го фаворизираат режимов отколку што го критикуваат, не знам дали си приметил.
levica e osnovana 6ti fevruari 2016. so sopstveni sredstva,tolku se postigna. vikas trebase da davaat nerealni vetuvanja da bidat pametni kako drugite 'super' partii? interesno
imase lugje vo levica za neodenje na izbori,imase za samostoen imase i za koalcija so sdsm bez sirok front protiv rezimot(da bide levica privezok na sdsm).pobedija glasovite za odenje samostojno.jbg,glasanje,demokratija
gledam deka kampanjite gi vrednuvas po vlozenoto i izlazanoto.ne znam sto povekje da diskutiram na taa tema so tebe.kampanjata na levica ne cinela poso bila mala po budzet i ne davala nerealni vetuvanja.ok.
fino sho veruvas na tvoite pretpostavki da si gi opravdas predrasudite.
ziveam vo mkd, sea sho praime so tvojata teorija za mojata 'kvazi' neutralnost?
dali i joci,dali prof.kalajdziev,dali i cuculovski se kvazi neutralni poso ne peat vo horot'zaev e super duri i koga pravi gluposti'?
ne gledam kako kritikuvanje na apsolviran,ocigleden i na site poznat uzasen rezim,kje pomogne zaev da vlece korektni potezi? bas toa vikanje'lele super so dojde zaev' mu dava sloboda na zaev da si igra kurtasak,jer neli ne smeeme da bekneme duri i koga pravi opasni potezi.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.869

Прво е после свадба тапани, обратен редослед

Второ, не знам зошто него му ја наматнуваш дискусијата за Левица кога виту еден негов текст не споменува конкретно ниту партија ниту поединец, а онаму каде јас спомнав беше чист пример, што не мора да значи дека ќе биде правило во понатамошна дискусија на тема една изборна единица и отворени листи,

Трето, дополнам она што ти одговороил @lans, тие тајкуни кои ги спомнуваш станале тоа што се цицајки буџет на РМ преку јавни набавки, доделени по партикса линија, дисфункционални институции имаме поради партиски војници лојални на партиско племе или мафија, значи нема правда нема мир против грабежот на народните пари и борба против партиски војници а за тоа ништо конкрето, а не камо нешто сериозно, сепак во чекмеџето не си гиба никој, да се надмосети дојде време.
Од НемаПравдаНемаМир се надевам нема да остане само ИмаФолирантииПозери.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993

Калајџиев? Тој е нафуран дека не го стаија на врв на СЈО, а ни сам не е свесен дека дпне се тие што го отфрлиле него како предлог - е, толку му сече на тој. Мислев дека малку од малку му е дојден паметот. Цуцуловски му ги читам последните колумни, човекот апла стои со бетмен и дамовски, така да овде можам да го завршам коментаров со тебе (ама ај).
Кампањите се вреднуваат по вложеното. Како ќе го натераш некого со млака кампања да верува во системски промени повторувам СИСТЕМСКИ, не политички? Каде е систем сменет по мирен пат, ај најди некој историски податок? Болшевиците го тргнаа царот со молење? Заев со Телма и 24 вести и еден куп сајтови не успеа да припари до свеста на тие луѓе, не па Здравко Савевски со фејсбук статуси - дај малку реално да збориме. Ако за нешто може да се каже дека го бива паторот, тоа е за манипулација - тој инвестира милиони во ПР, знае дека не знае да бекне, ама плаќа машинерија да го држи у живот и многу успешно го држи. Глеај како се хипнотизирани зомбијана, гинат за него. И ти уште ми збориш дека не е битна кампањата - ок, нека ти е. Затоа ти хејташ по форуми, а они пак ти решаваат судбина т.е ги заболе за тебе.
Искача латас, се претставуе као е**ч нешто, тресе срања глупости од кои боли глава, ама има настап - му веруваат. Искача Апасиев, збори жива вистина, е ама на жими на Телма, која не ја гледа секој, појавата му е таква каква што му е (немам ништо против човекот и не ги ценам по изглед луѓето, туку кога ќе отворат уста), ама не проаѓа со тој „секта“ готик стајлинг. Ете јенките ја најдоа Ленче и ја стаија за главна фаца на СЈО, да ти е кеиф на прес да ја гледаш (па макар си и тврда корка). Сега не викам дека требаа Левица да ја ангажираат Марјана Станојковска, ама можеа малку и околу тој аспект да се погрижат. Ленин (за правиот зборам, не моторџијата) бил генијален оратор, претставителен лик и да не земам еден куп други примери, како Кастро, Че, Тито...
Имам и претходно пишувано на темава. Со Левица имам многу блиски ставови. Дури и поекстремни. Не за политичарите, туку за гнасите кои ги држат во облаци од типот на орце, фершпед, кочан мочан - динамит у шупак сакам да им стаам, Бадер-Мајнхоф фазон. Ама овде нема луѓе ни за минимално насилство. Топ му е со пензијата од мајка му и 100-чето за у кладионица, што ќе иде таму да јаде пендраци од џандари. Кој ги е**, нека трпат.
Тие решенија во оваа средина не проаѓаат, тоа сакам да ти кажам.[DOUBLEPOST=1490950198][/DOUBLEPOST]
Прво е после свадба тапани, обратен редослед

Второ, не знам зошто него му ја наматнуваш дискусијата за Левица кога виту еден негов текст не споменува конкретно ниту партија ниту поединец, а онаму каде јас спомнав беше чист пример, што не мора да значи дека ќе биде правило во понатамошна дискусија на тема една изборна единица и отворени листи,

Трето, дополнам она што ти одговороил @lans, тие тајкуни кои ги спомнуваш станале тоа што се цицајки буџет на РМ преку јавни набавки, доделени по партикса линија, дисфункционални институции имаме поради партиски војници лојални на партиско племе или мафија, значи нема правда нема мир против грабежот на народните пари и борба против партиски војници а за тоа ништо конкрето, а не камо нешто сериозно, сепак во чекмеџето не си гиба никој, да се надмосети дојде време.
Од НемаПравдаНемаМир се надевам нема да остане само ИмаФолирантииПозери.
Ете поправив.
Не ја наметнав јас дискусијата за Левица, туку тој ја спомна. Тие бараа таков изборен модел, кој и јас мислам дека е покоректен. Не е идеален, ама е подобар од овој.
Околу тајкуните пишав во претходниот пост. Јас тука на форумов го пљукав Заев кога се фалеше дека од нив добил поддршка. Немој да заборавиш дека некогаш треба да влезеш во сојуз и со некој друг, различен од тебе, ако имате иста цел, а целта беше да се тргне паторот и неговата тиранија. Во Втора светска војна теоретски, а и практично САД и СССР стоеле на иста страна против нацистите, но и секој на своја страна.
Коалиција на Левица со сдс немаше по default да значи дека Апасиев ќе јаде пари од орце, не знам како тоа не ви е јасно.
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Еве го законот:

ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈА
Член 1

Со овој закон се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршувањето на казната затвор (во натамошниот текст: амнестија), граѓани на Република Македонија, лица со законски престој, како и лица кои имаат имот или семејство во Република Македонија (во натамошниот текст: лица), за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година, заклучно со 26 септември 2001 година.

Амнестијата се однесува и на лица кои и пред 1 јануари 2001 година, подготвувале или сториле кривични дела во врска со конфликтот во 2001 година.

Со амнестијата од ставовите 1 и 2 на овој член:

· Се ослободуваат од гонење за кривично дело според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија лицата за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот до 26 септември 2001 година;

· Се запираат кривичните постапки за кривични дела според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија против лицата за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот до 26 септември 2001 година.

· Потполно се ослободуваат од извршување на казната затвор за кривични дела според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија лицата кои подготвувале или извршиле кривични дела поврзани со конфликтот до 26 септември 2001 година.

· Се определува бришење на осудата и се укинува правната последица на осудата заклучно со 26 септември 2001 година

Одредбите од ставовите 1, 2 и 3 на овој член не се однесуваат на лицата кои извршиле кривични дела поврзани и во врска со конфликтот во 2001 година, кои се во надлежност и за кои Меѓународниот трибунал за гонење на лица одговорни за тешко кршење на меѓународното хуманитарно право на територијата на поранешна Југославија од 1991 година ќе поведе постапка.
[DOUBLEPOST=1490944605][/DOUBLEPOST]
Не може да има таков закон, да не застаруваат дела отпосле. Но, проблемот кај приватизацијата на државниот капитал не е толку (можеби мали исклучоци) во незаконски постапки, туку во „лошиот“ закон во кој се правеа законски „дубари“. На примет, менаџерскиот тим имаше предност при приватизација. Башка што се обезвреднуваа фирмите и се купуваа по многу поевтини цени од реалните. Проценителите често беа „врзани“ со „купувачите“, а секако дека менаџерите не беа некои партиски независни.
Кратко, од приватизацијата државата доби многу малку пари. Како да имаш 3 стана во Скопје, да ги продадеш и да добиеш 20,000 евра за сите. Карикирано.
Ај постирај го толкувањето кое Трајко го потпишал. Еве го законот вика и толку ми го плеснал во фаца. Законот од 2002 вика дека се амнестираат сите ама не вика дека се амнестираат тие за кои Хаг почнува процес, во толкувањето вика дека треба и тие да се амнестираат. Постирај го ајде, не глуми дека си паметен многу.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.398
за кои Хаг почнува процес
Проблем е што Хаг не го почнал процесот, земал 5 предмети, 1 го процесираше до крај, а другите ги чуваше во фиока и по неколку години ги прати назад.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Проблем е што Хаг не го почнал процесот, земал 5 предмети, 1 го процесираше до крај, а другите ги чуваше во фиока и по неколку години ги прати назад.
Томче си се кандидирал за модератор на темава, а не кажуваш, а? :lolzz:
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Проблем е што Хаг не го почнал процесот, земал 5 предмети, 1 го процесираше до крај, а другите ги чуваше во фиока и по неколку години ги прати назад.
И вмро ко патриоти требаше да им ги вратат. Па нели не ја сакаме ЕУ, не сакаме да ни се мешаат, силни се прават. Врати им ги случаите, излези на тв кажи вака и вака се договоривме и за тоа ќе гласате. Ти знаеше дека тоа гласаш или те излажаа постизборно?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.412
Поени од реакции
9.035
Ми се допаѓа заклучоков, особено болдираново. Јас би го „прераскажал“ во: се бориме нашата банда (партија) да дојде на власт, за да се реализираат нашите интереси.
Прераскажи ни како твојата ВМРО- Балистичка веднаш ги најде лицата кои фрлија молотови коктели врз Музејот на албанската азбука во Битола, но затоа никако не сака или не може да ги најде лицата кои постојано ги каменуваат патничките возови во Радуша и Черкези.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.869
Ете поправив.
Не ја наметнав јас дискусијата за Левица, туку тој ја спомна. Тие бараа таков изборен модел, кој и јас мислам дека е покоректен. Не е идеален, ама е подобар од овој.
Околу тајкуните пишав во претходниот пост. Јас тука на форумов го пљукав Заев кога се фалеше дека од нив добил поддршка. Немој да заборавиш дека некогаш треба да влезеш во сојуз и со некој друг, различен од тебе, ако имате иста цел, а целта беше да се тргне паторот и неговата тиранија. Во Втора светска војна теоретски, а и практично САД и СССР стоеле на иста страна против нацистите, но и секој на своја страна.
Коалиција на Левица со сдс немаше по default да значи дека Апасиев ќе јаде пари од орце, не знам како тоа не ви е јасно.
Една изборна единица го отвара просторот за нови политички структури, отворените листи го отвораат просторот за поединците во политичките структури, ако направиме компарација на саморегулација на пазарна економија, барем привидно ова доаѓа нешто слично во политичкиот систем.
Да не ги замараме дечките од Левица, капа долу за трудот, неискусни, подметнувања, Балканска политика и состојба на Студена војна, има доста интереси во залог, локални, регионални глобални, далеку е од едноставна ситацијата за да им судиме. Одлуката на не одат во коалиција со СДСМ е нивна и си имаат сигурно свои причини, пак се опозциска партија, и ВМРО за МКД не влезе во коалиција а таму има искусни политичари, така да не отвораме нови правци на дискусија. Еве сега се изјаснија против т.Н Тиранска платформа, ако беа во коалиција со СДСМ циркус?! Ако беа внатре парламентарна партија без да влегуваат во коалција може да поддржат формирање Влада.А во суштина фамозната платформа може е, а може и не е нешто :)

Logicno da se napaaga zaev koj kako lider na sds za vreme na kampanjata kazuvase kakvi parava ke im dodade na albancite,deka e vreme da svitkame kicma,deka treba da ucime albanski za ako sakame muzicka akademija da se zapiseme da znaeme baranje na albanski da poplnime,deka liceto na Makedonecot e grdo,deka Makedonecot e kriv sto sosedite mu se nafrlile kako kuce na koska,.... pa rama vo tirana gi sobra liderite na albanskite partii na osnova na izjavite na zaev,dodavajki nesto novo im napisa na list platforma koja ja potpisaa za na bozik kukavicki da ja objavat kako uslov za dogovaranje vlada pomegu dui i dpmne.
Sto se dogovarale,sto ne a sto negiraat ocigledno deka ne se dogovorija,zacineto so povremeni oddelni potplauvacki izjavi na albancite mozeme samo da pogoduvame,dodeka zaev vo celost ja prifati platformata i stavi vo programata.

Surovata vistina e deka zaev treba da go plati cehot,dodeka voj drugiot e so posledni refleksi kako zaklana svinja,a ,,narodot,, se penjavi da si gi zadrzi rabotnite pozicii,prihodite,subvenciite,.........
Ај да одговорам,
Прво ова подджрувач на ДПМНЕ не би го напишал, ама ете, мене ми е индикативно,
dodeka voj drugiot e so posledni refleksi kako zaklana svinja
Сеа иаме ситуација во која Северна, Вардарска Република МАкедонија (Скопје) на галено Македонија Оплеменета, т.е спорот со името го немаше, некогаш за секој изборен сиркс отаде вика МКД е грчка, тука името не го даваме, знаеш колку гласови се инкасираа на таа игра? Значи виткање кичми, продавање имиња и сл пу, пу не важи, сега се смена реториката од името не го даваме, во они ќе даат повеќе од нас, поентата сам ќе си ја доловиш.
Е сеа на темата они ќе им дадат на Албанците повеќе, кантонизација, бинационална држава и сл. и сите ептен несреќни изјави на Мистер Заев, паѓаа во вода со изјавата на Адеми, им го спушти не така одмна на СДСМ еве сега на ДПМНЕ. Провокативни изјави на национална основа се само дел од реториката, кој како се има договорено, поента, ниту може да им даде ниту да им земе некој на сограѓаните Албанци, оваа држава е и нивна, преку дијалог може се да се реши, мислам не е така далеку моментот како што прашањето за името што исчезна од изборните циркуси, ќе исчезне и оваа реторика, а со тоа и нејзините мегафони.

Суровата вистина е дека сите тие работни места, субвенции, пензии и се останато ги обезбедува државата Република Македонија а не партијата, било која.И тука е лежи суштината на моменталната ситуација.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Една изборна единица го отвара просторот за нови политички структури, отворените листи го отвораат просторот за поединците во политичките структури, ако направиме компарација на саморегулација на пазарна економија, барем привидно ова доаѓа нешто слично во политичкиот систем.
Да не ги замараме дечките од Левица, капа долу за трудот, неискусни, подметнувања, Балканска политика и состојба на Студена војна, има доста интереси во залог, локални, регионални глобални, далеку е од едноставна ситацијата за да им судиме. Одлуката на не одат во коалиција со СДСМ е нивна и си имаат сигурно свои причини, пак се опозциска партија, и ВМРО за МКД не влезе во коалиција а таму има искусни политичари, така да не отвораме нови правци на дискусија. Еве сега се изјаснија против т.Н Тиранска платформа, ако беа во коалиција со СДСМ циркус?! Ако беа внатре парламентарна партија без да влегуваат во коалција може да поддржат формирање Влада.А во суштина фамозната платформа може е, а може и не е нешто :)
Да видиме дали ќе се надминат себе си и суетите и дали ќе продолжат да функционираат. Освоија 14 000 гласови што според мене не е дебакл. Тие го доживуваат така, а не би требало. Треба да работат на надградување и допадливост на идеологијата која ја застапуваат.
Платформата btw е составена во едно кичасто бело зградиште во центарот на Скопје и малку има врска со Тирана.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ај постирај го толкувањето кое Трајко го потпишал. Еве го законот вика и толку ми го плеснал во фаца. Законот од 2002 вика дека се амнестираат сите ама не вика дека се амнестираат тие за кои Хаг почнува процес, во толкувањето вика дека треба и тие да се амнестираат. Постирај го ајде, не глуми дека си паметен многу.
Па го постирав законот. Што има врска Трајко? Јас дискутирам од свое име, не во нечие туѓо. Хаг ги врати тие предмети, односно, се откажа од нив.[DOUBLEPOST=1490956099][/DOUBLEPOST]
Проблем е што Хаг не го почнал процесот, земал 5 предмети, 1 го процесираше до крај, а другите ги чуваше во фиока и по неколку години ги прати назад.
Така е.[DOUBLEPOST=1490956149][/DOUBLEPOST]
Прераскажи ни како твојата ВМРО- Балистичка ..
Си ме помешал со некој друг. Немам јас моја „ВМРО- Балистичка“.[DOUBLEPOST=1490956211][/DOUBLEPOST]
И вмро ко патриоти требаше да им ги вратат. Па нели не ја сакаме ЕУ, не сакаме да ни се мешаат, силни се прават. Врати им ги случаите, излези на тв кажи вака и вака се договоривме и за тоа ќе гласате. Ти знаеше дека тоа гласаш или те излажаа постизборно?
Јас дури и би излегол на ТВ обраќање со „шмајзер“ в раце додека го изјавувам ова. „Они нам трте-мрте“.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Па го постирав законот. Што има врска Трајко? Јас дискутирам од свое име, не во нечие туѓо. Хаг ги врати тие предмети, односно, се откажа од нив.[DOUBLEPOST=1490956099][/DOUBLEPOST]
Така е.[DOUBLEPOST=1490956149][/DOUBLEPOST]
Си ме помешал со некој друг. Немам јас моја „ВМРО- Балистичка“.[DOUBLEPOST=1490956211][/DOUBLEPOST]
Јас дури и би излегол на ТВ обраќање со „шмајзер“ в раце додека го изјавувам ова. „Они нам трте-мрте“.
Случаите требаше да му бидат вратени на Хаг, со зборовите, ние овие луѓе сакаме да бидат осудени и не сакаме да ги амнестираме. Дури тогаш вината нивна ќе биде тргната, од Хаг ги вратиле ама од вмро не направија ништо за да ги вратат пак. Тие ни ги вратиле и овие епа ај да се договориме да ги пикнеме во амнестијата, дадете толкување едно каде ќе пишува дека и нив ги фаќа амнестијата и нека биде округло па на ќоше гласањето. Море абдал, не ми глуми комичар ебате лопатарот, како каква врска има Трајко, па тој го потпишал толкувањето на законот, тој ги нарекува пратениците од вмро индијанци и се смее, дали си нормален ти што пишуваш? Сега викате постизборна измама, дали постизборната амнестија не е измама? Што глумиш паметен бе уставнику, каков човек си ти бе.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.398
Томче си се кандидирал за модератор на темава, а не кажуваш, а? :lolzz:
Форумот бе.
И вмро ко патриоти требаше да им ги вратат. Па нели не ја сакаме ЕУ, не сакаме да ни се мешаат, силни се прават. Врати им ги случаите, излези на тв кажи вака и вака се договоривме и за тоа ќе гласате. Ти знаеше дека тоа гласаш или те излажаа постизборно?
Да им ги вратеме, што се нема да слушнеш,
се откажуваат оти не сакаат да си го трошат времето, а ти сакаш на сила да им ги вратеш.

Хашките случаи немаат никаква допирна точка со денешната платформа (ќе си остане таа дамка на ВМРО), освен ако СДСМ не се договорил со албанските партнери да ги одново отвори, што не верувам.
Го пишав и претходно ова за во собранието пред некој ден, излегува еден пратеник на СДСМ од Охрид и кажува како му сметало ова, како му сметало она, како му сметало знамето што секој ден го гледал, тоа обраќајќи се на еден од ВМРО, но излегува Џеват и му вика што имаш против знамето, овој пропадна во земја.

Што ни кажува тоа, дека баш го заболе СДСМ за знамиња, јазици, Хашки случаи, битно е само да се напаѓа ВМРО.[DOUBLEPOST=1490957852][/DOUBLEPOST]
Случаите требаше да му бидат вратени на Хаг, со зборовите, ние овие луѓе сакаме да бидат осудени и не сакаме да ги амнестираме.
И ХАг за џабе да троши пари на судии, обвинители, службеници, затворски простор за притвор, кога на крајот пак ќе ги ослободеа и ќе се фалеа дека се невини.
Вака ќе викаме дека се амнестирани злосторници.

п.с. СДСМ уште првата минута кога ќе дојде на власт може да ги реамнестира и да ги осуди!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom