Не можам никако да ги сфатам вернициве.
Ај што веруваат во нивното имагинарно пријателче (за кое бај-д-веј немаат никаков доказ) туку и секој што не верува во него ги “испраќаат“ кај неговиот имагинарен непријател, туку и се чувствуваат за “као божем“ допрени, вдахновени па и супериорни над сите кои не веруваат во нивното измислено пријателче.
Во ред, верувајте си во што сакате, ваша работа (м.з. верувањето е за будали) но аман, кога немате аргументи за постоењето на вашето пријателче, не посегнувајте по ad hominem аргументи, кога некој не се согласува со вашето верување. Верувајте си колку сакате, не убедувајте ги другите во вашата заблуда. Секој има право да живеее во сопствената заблуда додека не го нарушува правото на другиот да живеее во истата. Што вашата заблуда е подобра од од заблудата на другиот? Live and let live..... Сакајте се бре луѓе без разлика на верска, политичка, идеолошка...... сексуална.... или било каква разлика. Човекот (големо Ч) пред се.
Да му се плукнам на боговите ако тие се пред Човекот (човештвото). Ако немаме почит меѓу себе, не вредат ни богови ни религии ни свети (ма што и тоа да значело) книги. Ниедна религија, ниедна книга, ниеден бог нема да направи помалку или повеќе човек од некого, ако тој го нема тоа во себе, како единка, како битие. Бидете она што сте (ако сте), луѓе.
Но дали секој го заслужува тој епитет да се нарече Човек?
Секако дека не. Не секој е Човек, иако изгледа или оди како човек, или можеби генетски е предодреден како човек. Не! Никако не. Многумина се ѕверови, мравки, пчели, амеби, па дури и дрвја или камења, несвесни за себе и своето постоње. Ма верувале вие во Брама, Исус, Јахве, Зевс, Один...... ако Човекот го немате во себе, џабе ви е. Турете му пепел на вашето верување. Зарем некоја си книга, некој си бог, некоја си религија треба да ве научи на сето тоа?
Погледнете си длабоко во себе, свртете ги очите кон себе, не нанадвор кон другите или околу тоа што ве опкружува. Ако не се видите себе си, не сте виделе ништо. Вие сте слепци, кои живеете во сопствениот имагинарен свет, а се околу вас се непријатели кои сакаат да ве уништат.
Не! Не бива така. Освестете се додека има време во вашиот беден, “огревовен“ живот. Читајте ги убаво пораките на религиите! Сакајте го човекот пред се, потоа боговите. Сакајте се и себе си. Ако не се сакате себе си, не можете да ги сакате ни луѓето ни боговите (ма што и да тие биле или какви и да биле). Бидете ЛУЃЕ пред се друго. Само така сте подобни и за себе и за човештото.