Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 април 2014
Мислења
7.306
Поени од реакции
11.643
Ќе замолам некој од овие револуционериве на темава да ми појасни какво гледиште имаат за државава во иднина.Значи приказната сакам да почне со Заев како премиер и ........... што понатаму? Што би се сменило? Не ги подржувам вмро како партија со оваа багра,несакам некој одма да ме окарактеризира како нивни подржувач.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Ти го постирав службениот весник од 2011г, таму се измените на 2-та закони, за знамето и за јазиците, прво прочитај што пишува внатер па после да дискутираме за деталите,
вака излегува дека си слушнал некаде (во бонбите) дека се носеле 2 закони и едно толкување, а незнаеш што содржат.


Предлагам референдум за ваква платформа:D
http://www.mkd.mk/kolumni/makedonska-platforma-za-golema-albanija


ОТВОРЕНО ПИСМО

Македонска платформа за голема Албанија

Како ќе реагираат Рама, Ахмети и Села ако некој на маса им стави македонска платформа?

Ајде малку да си играме „што би било кога би било“. Што ако Македонците напишат македонска платформа за сонот голема Албанија?

Не навлегувајќи во воените последици од реализацијата на еден таков налудничав проект, во уништувањето со кое регионот би се соочил и другите последици, ајде малку да ја погледнеме статистиката.

Според податоците на ЦИА, населението на Албанија брои 3,1 милион, од кои реално на таа територија живеат 2,2 милиони.

Населението на Косово брои 1,7 милиони, или реално на таа територија живеат 1,4 милиони.

И во Македонија официјалната бројка е 2 милиона население или се претпоставува дека бројот на жителите не е поголем од 1,8 милиони.

Или вкупно 6,8 милиони население или околу 4,5 милиони граѓани кои живеат на оваа територија.

И така решив да му пишам на албанскиот премиер Еди Рама (на чадорот му ја немам адресата) и да му предложам една македонска платформа.

Во таа таква Голема Албанија (заедно со Струмица, да не се разочара З.З.), и покрај сѐ, ќе треба да се заштитат правата на малцинствата или на другите етнички заедници или на другите народи, кој како сака. Особено оние кои ќе бидат повеќе од 20 отсто од вкупното население. А тоа значи обврска за некаква гаранција на правата на македонскиот народ. Толку ќе нѐ има - повеќе од 20%.

Предлагам во таков случај сите одредби од тиранската платформа да се вметнат и да се направи една македонска платформа.

Па, пред масата на Еди Рама, на Али Ахмети, на Зијадин Села... ќе дојде и еден таков документ, декларација или платформа, кој како сака, на кој ќе пишува:

- Македонскиот јазик да биде официјален јазик на цела територија;

- На сите полициски и армиски ознаки да има и ознаки на македонски јазик со кирилско писмо;

- Знамето и грбот да се прилагодат на соодветен начин за да се одреди бинационалноста на државата;

- Нови банкноти и на македонски јазик;

- Химанта да се прилагоди и да биде и на македонски и на албански јазик;

- Општините со мнозинско македонско население сами да си го наплаќаат данокот и да си располагаат со парите...

И така кога ќе си одиме на „наше“ море во Драч или Влора и ако нѐ запре полиција, полицаецот ќе мора да има преведувач, а ако нема соодветна казна, ќе имам право да изречам една казна од 3.500 евра...

А? Kако ви изгледа ова од една ваква перспектива господа Рама, Ахмети, Села...? И сите ние ќе велиме, па никој не чепка во ничија унитарност, никој не бара федерализација, кантонизација... тоа се само законски измени кои само ги унапредуваат правата на Македонците во таа и таа држава.

Вита ела зелен бор,

Го чекам вашиот одговор!
Кажи ми што содржат де. Објасни ми ајде. И кажи ми дали ти знаеше за што ги гласаш вмро?
Контрираш, а? Има 2 работи:
1. Вратените хашки случаи не се на исто рамниште со менување на уставот според партиите кои имаат намера да го сторат тоа во албанска „корист“. Тие случаи не задираат во државноста (дефиницијата) на РМ.
2. Ако според закон мора да се амнестираат случаи кои не се во надлежност на Хаг, не смееш да го кршиш законот и да не го сториш тоа.

Исто така Груевски немаше деца во 2006 г. Отпосле ги создадоа со жена му. Ги излагал гласачите. Море ниту женет не беше, се тоа откако ги доби изборите.
Ако било според закон тогаш зошто го криеа тоа? Знаеше ти дека ги гласаш за тоа? Ако било законски што не излегле на кампања и да кажат тоа и тоа се договоривме и тоа е законски?
Нормално дека се излажани тие гласачи. Детски смешки можеш у штаб да си праиш, јас те прашувам нормално.
 
G

Goldie

Гостин
Ќе замолам некој од овие револуционериве на темава да ми појасни какво гледиште имаат за државава во иднина.Значи приказната сакам да почне со Заев како премиер и ........... што понатаму? Што би се сменило? Не ги подржувам вмро како партија со оваа багра,несакам некој одма да ме окарактеризира како нивни подржувач.
Би сменило многу со тоа што ќе се реформира судството и јавното обвинителство, и оние што направиле кримининал ќе одговараат за истиот.
Откако ќе отидат во затвор еден куп фаци од сегашната власт ќе се даде јасна порака каде ќе завршат и наредните доколку ги прават истите тие работи
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.427
Поени од реакции
9.083
Да им кажел некој на вмровците 1990 г дека по 27 години главни сојузници и истомисленици ќе им бидат шешељ и неговиот ученик вучиќ, сто клетви ќе му фрлале и ќотек може да му удреле

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
ех да им кажел некој на Комити Запад 1990 дека после 27 години групата ке им се прекрсти во Соросоиди Запад, ех кој би рекол дека Комити запад ке се пикнат во задникот на сорос.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ако било според закон тогаш зошто го криеа тоа? Знаеше ти дека ги гласаш за тоа? Ако било законски што не излегле на кампања и да кажат тоа и тоа се договоривме и тоа е законски?
Навистина зборуваме за различен вид на случаи. Јас не знам по кој основ во 2011 ги амнестирале хашките случаи. Јас ти кажувам дека законот мора да се почитува. Не е тоа лажење. Плус, зарем се вредни хашките случаи да се во политичка кампања на македонска партија? Ти реков, ако сакаш за тоа да дискутираме, треба да го одвоиме од денешната политичка ситуација. Не знам зошто се прават споредби. Зарем со тоа сакаш да докажеш дека не е ништо менувањето (редефинирањето) на државноста? На крај краишта, ако Груевски треба да одговара, да се убие, да се затвори... тоа не значи дека редефинирањето на РМ е дозволива за македонскиот народ.
Јас не би сакал (и се трудам во животот да не го правам тоа) една лоша работа да се оправдува со тоа што има и други лоши, па и полоши. Не може да му дозволиш на дете да се дрогира бидејќи цело друштво го правело тоа.
 
S

silmarillion

Гостин
Прва фаза - сите крадат никој не одговара
Втора фаза - сите крадат само едните одговараат - тука сме негде.
Трета фаза - сите крадат сите одговараат
Четврта фаза - никој не краде.
 
G

Goldie

Гостин
Навистина зборуваме за различен вид на случаи. Јас не знам по кој основ во 2011 ги амнестирале хашките случаи. Јас ти кажувам дека законот мора да се почитува. Не е тоа лажење. Плус, зарем се вредни хашките случаи да се во политичка кампања на македонска партија? Ти реков, ако сакаш за тоа да дискутираме, треба да го одвоиме од денешната политичка ситуација. Не знам зошто се прават споредби. Зарем со тоа сакаш да докажеш дека не е ништо менувањето (редефинирањето) на државноста? На крај краишта, ако Груевски треба да одговара, да се убие, да се затвори... тоа не значи дека редефинирањето на РМ е дозволива за македонскиот народ.
Јас не би сакал (и се трудам во животот да не го правам тоа) една лоша работа да се оправдува со тоа што има и други лоши, па и полоши. Не може да му дозволиш на дете да се дрогира бидејќи цело друштво го правело тоа.
А кај виде редефинирање на државата ? Па 100 пати е кажано дека ако има некакви промени мора да бидат во рамките на уставот

Плус во државава треба да владеат институциите, прво собрание па судовите и експертите да одлучуваат дали е уставно нешто или не а не рандом бараба на која и се заканува затвор па треска глупости и го плаши народот..
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Ќе замолам некој од овие револуционериве на темава да ми појасни какво гледиште имаат за државава во иднина.Значи приказната сакам да почне со Заев како премиер и ........... што понатаму? Што би се сменило? Не ги подржувам вмро како партија со оваа багра,несакам некој одма да ме окарактеризира како нивни подржувач.
А добро еве, не знам што си ти, ако другите се револуционери, не знам како се декларираш, мене ме интересира како ти го гледаш излезот од кризава. Еве има и еден ланс што пишува овде „треба ова, треба она“. Сите знаеме што треба, него како замишљате дека тоа ќе се институционализира, како ќе се спроведе во пракса? Еве требало да биде цела држава една изборна единица - кажете во моментов тоа какво решение на кризава е? Или требала трета опција да победи - требаше, ехеее колку луѓе го зборат тоа - ама тоа не се случи. И сега е дојдено до ситуација ден или ноќ, црно или бело, а уште има ликови што бараат нешто сиво - нема таква работа. Не можам да сфатам како не ви е јасно.

Ако не е премиер од сдс? Кој? Пак паторот да го вратиме од мртви? Да ја дое*е државава, пошо до сега малку му беше? Не ја сфаќам рационалноста и користа од вакви постови како твојот. И кој рече дека заев е бог и дека не треба да одговара - апсолутно, мора! Ама да останеме приватна држава на фамилијата, пашалук?

Еве јас иам идено на протести, кога по не повеќе од 50 луѓе биле. Сеа, ако си бил у тие, извини! Ама немало критична маса за системски промени, го изедовме к***т на таа тема и сега идеме даље. Тој е народов, тој му е капацитетот.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740


Криминалец па и уште чест му прават, сигурно ги убедил дека Заев е кривецот, тешко нас.:нинџ:

*go ostavile da gi slika
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
А кај виде редефинирање на државата ? Па 100 пати е кажано дека ако има некакви промени мора да бидат во рамките на уставот
Значи, нема(ло) проблем ВМРО ДПМНЕ и ДУИ (како победници по наша пракса) да прават стабилна влада, со легитимитет од гласачите.
 
G

Goldie

Гостин
Значи, нема(ло) проблем ВМРО ДПМНЕ и ДУИ (како победници по наша пракса) да прават стабилна влада, со легитимитет од гласачите.
Ќе немаше доколку се согласеа и за СЈО

ДПМНЕ мислеше ќе се изпазари со нив и за тоа па затоа Трајко Вељановски даваше изјави на 1-2 саати пред крајниот рок дека блиску биле договор и дека ќе се договореле, ама од надвор не дозволуваат држава која претендира за ЕУ да прави што сака во поглед на правниот систем па затоа преку ДУИ им го дадоа условот - СЈО
 
Член од
16 февруари 2014
Мислења
343
Поени од реакции
198
Епа пер ако тебе ти е сеедно веќе, мене ми е преку кур и од СДСМ и од ДПМНЕ и највеќе од шкониве кои што не знаат за доста. Преку кур ми од нивниот фашизам, шовинизам и што уште не. Први сте да ги ругате квази патриотиве што се секој ден на улица кога пееа за клетите ш_иптари, а збор не кажувате за браќава што апла шират омраза и национализам. Преку кур ми е од глупи луѓе што живот ќе дадат за партија и за нивниот пастир пошто ги вработил за мизерна плата, луѓе што ќе шитнат национални интереси за нивни гз.

Преку кур ми е од тоа кој колку украл и колку ја сјебал државата додека бил на власт. Никој не гледа за иднината сите се тепаат меѓу себе за да докажат дека направиле помало зло додека биле на власт. Пази, не се споредува добро него зло.
СДСМ дадоа 150к државјанства на Косовари, ДПМНЕ амнестирале терористи што убиваа и мачеа наши борци. СДСМ приватизираше се живо и диво, остави 200к народ без работа. ДПМНЕ направи долг од 5 милијарди.
ДО КОГА БЕ ЛУЃЕ? ДО КОГА?
Еден ист муабет се врти на темава, на улица, во собрание, на факс, на работа, во пензионерски дом, во ГРАДИНКА. Ама стварно преку кур.

И јас сакам да се реши ситуацијата, 4 години интензивно само срања се дешаваат, не дека пред тоа немаше гомнарии. И јас сакам да не сме последна дупка во Европа, ама не гледам како со Џафери како претседател на собрание ќе не однесе напред како држава. Како со Ахмети како премиер (некој на темава кажа дека нема да му смета) ќе отидеме ние напред и ќе се подобриме?

Реков на Заев ќе му дадам шанса кога искочи со програмата, ама кој го ебе и него. Ми збори за македонштината како го боли, а од друга страна сака да лапне албански кур подлабоко и од Гвујо. Да сакаше он реформи во државава да направи немаше прв партнер со ДУИ/УЧК да биде. Колку години се ДПМНЕ на власт толку се и ДУИ.

Нема бе овој народ никогаш да се сплоти за некаква заедничка национална кауза, НИКОГАШ. Да не ги ангажираше Гвујо преку штаб да искочат против платформата, жими куров што некој ќе искочеше на улица. Народ со помала национална свест не постои во светов. Само љубов кон партија има тука.

Веќе кажав претходно на темава, ќе кажам и пак. Се повеќе се зголемува омразата во мене кон својот народ и држава од ден во ден и не се гледам себе си овде за 10 години ако нешто не се смени.

Сигурно многу пати имам пишано кур во текстот, еве уште еднаш: пушете кур сите партиски војничиња што мајка би продале за мочани 200 евра.

---------------
Ништо лично, не се однесува на тебе постот само сакав да се испукам негде.
Se dodeka ne se najde budala da ja digne vo vozduh Salata za pratenici, vo pun sostav.
P.S Desperate times call for desperate measures.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Не ти пречи двоглав орел во Чаир? Па да ставиме рампа една на Камени мост и кај Мавровка од едната страна и кај Групчин од другата страна и да ја решиме работава еднаш за секогаш. Платформата која дефакто е во функција одбивате да ја видите затоа што ќе мора да пљукнете барем еднаш по власта која овие 10 години ја спроведе таа платформа во реалност :)

Што е со кулата во Битола и Песочани и Вевчани не те разбирам што сакаш да кажеш, односно што ми споредуваш?



Незнам прашај го Грујо и цело ВМРО што хушка војна бара оружја и отварање на касарните. Ако имаш ФБ провери кај про-вмровски настроените профили сите бараат војна одлучувачка. Против кого ни сами не знаат ама битно сакаат.
Не ми пречи орелот во Чаир ама на македонска банкнота а богами на знамето дефинитивно ми пречи!Косово прави своја војска се наоружува до заби,зарем тоа според твојте стандарди не е хушкање за војна или пак се работи за двојнистандарди изгледа?
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Не ми пречи орелот во Чаир ама на македонска банкнота а богами на знамето дефинитивно ми пречи!Косово прави своја војска се наоружува до заби,зарем тоа според твојте стандарди не е хушкање за војна или пак се работи за двојнистандарди изгледа?
За инат ли пишувате бе? кажи ми разлика меѓу двете, шо Чаир не е Македонија? двоглав орел не е македонски знак за да стои среде Скопје? Не може да не ти смета тоа.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
За инат ли пишувате бе? кажи ми разлика меѓу двете, шо Чаир не е Македонија? двоглав орел не е македонски знак за да стои среде Скопје? Не може да не ти смета тоа.
Тебе ти смета?Ако ти смета зошто тогаш не си презел нешто во врска со тоа?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom