Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
23 август 2010
Мислења
39.584
Поени од реакции
114.973
Don't breathe

Значи пред да започнам да ебам мајки и шајки да напоменам дека ќе има спојлери во текстот што ќе го напишам така да тие што не го гледале а сакаат да го гледаат не читајте воопшто.

Се работи за тројца младичи, односно двајца машки и една девојка, кои ограбуваат куќи и работат за четврти човек. Едниов од машките има татко кој е шеф на агенција за обезбедување и знаеше каде му стои клучот од фиоката каде беа сместени клучевите од куќите кои ги се осигурани преку татко му. И одат тројцава во куќа каде што живее слеп човек, бивши војник кој ја изгубил својата ќерка и примил добар надомест за тоа, па сеа овие решаваат да го пљачкаат. Значи во текот на целиот ебан филм СЛЕП ЧОВЕК им ебаваше мајки, ги бркаше низ куќа, а овие кутрите не можеа да избегаат никако. :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO: Дури имаше еден момент, тоа на почетокот беше, каде овој стариов примети дека има некого во куќата и отиде ги закова сите прозори и врати за да не може да избегаат децава. Онака иде во веце и со огромна даска го кова прозорчето за вецето исто како да има четири пара очи, за две секунди грагау све живо искова си еба мајката. :vozbud::vozbud::pos::pos::pos::pos:

Нека не ве лаже ѓавол да го гледате ова срање од филм.

Оценка -1/10
 
Последно уредено од модератор:

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.829
Поени од реакции
1.586
Игла под прагот
Мислам дека сите треба да појдат и да им одржи Никола Ристановски час по глума мислам човекот во секоја улога е маестрално добар :cuc:. Црногорски филм во кој попот ( Никола) е единствеиот кој несака да го продаде својот имот на инвеститорот нивната голгота погледнете ја топло ви препорачувам.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.829
Поени од реакции
1.586
The Life of David Gale

Угледен професор е осуден на смртна казна за убиство на својата љубовница. Новинарката Битси добива ексклузивно интервју со него , а тој раскажува дека е невин и дека некој го мести. 8/10
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.584
Поени од реакции
114.973
Nocturnal animals

Уште еден во низата фантастични филмови на Џејк Гиленхал. Во текот на филмот приказните се случуваат одделно и мора да го пратите внимателно ако сакате да го разберете на крај. Наидов не некои негативни коментари за него, као демек WOW ништо не се дешава, ќе и напише книга на жена му и тоа... Но, има многу повеќе од една напишана книга, а мене баш ми се допадна начинот на кој и докажа некои работи на жена му. Нема многу да навлегувам до детали за да не ја откријам суштината на филмот, само ќе кажам дека на почетокот на филмот он и праќа книга на неговата бивша жена, оваа веднаш почнува да ја чита и како што ја чита така прикажуваат што се случувало во книгата.
Стварно ептен ми се допадна филмов и кој е љубител на вакви необични филмови, малце заплеткани, односно што би рекол јас Џејк Гиленхал стајл, веднаш нека го изгледа.

П.с. Amy Adams :love::love::love::love::love:
 
P

Patience

Гостин
A lonely place to die ( 2011 )

download (1).jpg

Филмчево се провлекуваше на неколку листи на т.н. тензични филмови што ги барав.
Накратко, дејството се одвива некаде на планините во Шкотска, каде група од пет планинари наоѓаат девојче кое е всушност киднапирано и е држено во живот за откуп. Не знаејќи во што се впуштаат, решаваат да го земат и да го вратат на безбедно место. Киднаперите не можат да дозволат девојчето да заврши во други раце и нивна единствена цел е да го елиминираат секој што им стои на патот.

Интересно филмче за пополнување време, но воедно и не ми беше баш до толку тензичен како што очекував. А имам чувство дека на моменти ептен се одолговлекуваше. Седмица.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Sleepless 2017
Полицаец пљачка погрешно возило со дрога, па после му го киднапираат синот па се вмешува и внатрешна контрола на полицијата па се вмешува и еден поопасен криминалец од оној од кого ја украл дрогата, а чиј татко е уште поопасен и кој се заканува дека ќе се врати дома ако за 4 саати не се најде дрогата. И тука веќе се усложнува приказната. да не беше мајка му на Томас (која половина филм повторува на телефон реченица wher's Thomas, where's Thomas), немаше кој да ги спаси ама таја....Бојка, уф :ROFLMAO:
Зошто се вика sleepless и зошто го гледаф. И зошто нема на темиве листа на филмови кои треба да ги избегнете.
 
Последно уредено:

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
Синоќа ги изгледав:

"Fantastic beasts and where to find them" - очекував дека ќе има некаква поврзаност со Хари Потер, но за жал немаше, дури ја нема ни онаа типична Хари Потер атмосфера во филмот. Сепак, ми се допадна, филмот е интересно направен и приказната е топ. Њут е британски магионичар кој доаѓа во Њујорк со актовка полна со волшебни суштества и посебен свет. Во склоп на околности, неговата актовка ја заменува со своја еден обичен човек и од тука започнуваат нивните заеднички магични авантури. Во меѓувреме, во Њујорк во светот на магионичари и вештерки дивее невидлив зол магионичар кој ќе го убие сенаторот на градот. Не е лош филмот, но се разочарав. Сосема различен филм од Хари Потер, нема никаква сличност во никоја смисла.

"Goat" - отткако ќе биде претепан од рендом луѓе без никаква причина, Бред ќе собере храброст да започне да студира на факултет заедно со брат му Брет и тука, ќе pledge-ира за братството во кое неговиот брат е веќе член. Заедно со неговиот цимер Вил ќе претрпат еден куп гнасни, болни и понижувачки работи, но речиси на самиот крај пред да дознаат дали ќе добијат членство или не, нешто ќе се случи што ќе им ја промени перспективата засекогаш. Филмчево има само 5.8 на IMDb што според мене е неправедно. Ми се допаѓа тематиката, обично братствата на факултетите во Америка се прикажани како нешто ептен кул и забавно, а тука прикажана е поинаква страна.

Пред малку го изгледав "Keeping up with the Joneses". Не очекував ништо од филмов, ми се гледаше некоја комедија, лимонадка. Всушност, ми се допадна многу повеќе од што очекував. Во кратки црти, Џеф и Керен се типичен брачен пар кој живее во типично американско предградие и еден ден се доселува нов брачен пар во куќата спроти нивната. Уште од самиот почеток, има нешто сомнително во врска со перфектните Jones. Најмногу го изгледав филмчево поради Џон Хем, има 10-тина добри смешки, а и општо има нешто симпатично во врска со филмов. Кeep in mind дека е боза комедија, па ако некогаш барате такво нешто за опуштање на мозок, не е лош избор.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.829
Поени од реакции
1.586
You May Not Kiss the Bride

Во еден американски филм мафијаш мора да е балканец или евентуално некој мексиканец. Сега за приказната Брајан е фотограф кој ќе биде приморан да се ожени со керката на хрватскиот мафијаш затоа што на неа и истекува визата, но има услов несмее да ја допре. Заминувајќи на меден месец на Маша ( ептен хрватско име) и се губи секаква трага , а Брајан тргнува да ја бара.6/10.

A Guy Thing


Уште еден добар филм за тепање време.
Пол треба да се жени е арно ама на ергенската забава ќе се сплетка со една девојка која всушнос е братучетка на неговата вереница Карен. Неговите маки погледнете ги 7/10.
 

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
The Discovery - откако е докажано дека постои живот после смртта, луѓето започнуваат да се самоубиваат од проста причина да дојдат побргу до задгробниот живот. Will (Jason Segel) се враќа кај својот татко Thomas (Robert Redford), човекот кој ја создал машината преку која докажал дека постои живот после смртта, со надеж дека ќе го убеди да го негира своето откритие, се со цел да го намалат бројот на самоубиства. По пат, тој ја запознава Isla (Rooney Mara), девојката која ќе ја спаси од самоубиство. Да не дораскажувам, тоа е основата на филмот. Ми се допадна поентата на задргробниот живот, дури и ме натера да помислам дека теоријата би можела да биде вистинита (иако длабоко во себе си знам дека не е, бидејќи не верувам дека постои нешто после смртта), сепак многу е дискутабилно и интересно за размислување во тој поглед.

Zootopia - eдноставно ми беше потребно да си го одморам мозокот од сите работи што се дешаваат моментално, па се решив за интересен анимиран цртан во кој се работи за еден огромен град Зутопија во кој заедно живеат сите видови на животни. Зајачицата Џуди доаѓа од мало градче во оваа голема метропола со надеж дека ќе си го исполне животниот сон и ќе стане полицаец. Иако сите околу неа се сомневаат во нејзините можности поради фактот дека е мал зајак, таа со помош на крадецот Ник кој е лисица, ќе стори се за да ја пронајде загубената видра. Приказната е многу забавна, самиот цртан е одлично направен и ептен симпатичен, така да, топло го препорачувам.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.826
Поени од реакции
7.161
Requiem for a dream

Го гледам по не знам кој пат. Филм за задоволството што носи кон болка или филм за тоа дека секое задоволство носи кон болка или дека болката и задоволството е едно исто.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Perfect Strangers (2016)

Perfetti sconosciuti како што е оригиналниот наслов е филм што ќе го изгледате во еден здив, и по неговото завршување ќе се запрашате колку всушност ги познавате личностите со кои се гледате секој ден.

Група на долгогодишни другари се среќава на вечера и решава да игра една игра каде секоја порака или повик на телефонот ќе биде јавно прочитан пред сите. И тогаш почнуваат сплетките, тајните излегуваат на виделина и можеш да видиш дека оној за кој мислиш дека знаеш се всушност не знаеш ништо. Перфектни и тотални туѓинци.


Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.557
Поени од реакции
87.801
Не сум баш сигурен, ама мислам дека овој филм порано одеше на нашиве телевизии...ама тоа беше одамна кога вредеше да се пушти македонски канал на телевизија :icon_mrgr:
Дејството се одвива во средниот век (Medieval), Филип е ситен крадец кој е осуден на смрт, али некако чудесно успева да избега од најчуваниот затвор. Бегајќи од војниците на владиката, тој попат ќе налета на Навара кој ќе го земе под своја закрила се со цел да му помогне да ја симне клетвата што му ја фрлил токму владиката пред многу години
Саканата преку ден е сокол, додека Навара преку ноќ е волк, така се осудени двајцата сакани да неможат да се видат долго време
Интересен додаток во филмот е музиката, преовладува прогресивен рок од 80'тите, и скоро и да нема онаа медиевал музика што ги има по другите филмови што обработуваат иста ваква тематика. Еден од луѓето задолжени за музиката во филмот е Алан Парсон од The Alan Parsons Project познати по ова дело (y) Бел бумбар за музичкиот скор (y)

Би му дал еден 6,5 оценка на филмов, али ај да не ја расипувам оценката на ИМДБ... чиста 7-ца :)
 

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
Bleed For This - прикажан е најважниот период од животот на боксерот Vinny Pazienza. Откако ќе биде повреден во автомобилска несреќа и ќе остане со скршен врат, Вини се соочува со најголемиот проблем на еден спортист, дали некогаш повторно ќе може да се занимава со тоа што најмногу го сака. Ми се допадна филмот што иако приказната е за боксер (а боксот е спорт за кој ништо не знам, ниту пак некогаш ме заинтересирал), сепак фокусот е ставен на психолошката борба на ликот со неговата несреќна судбина. Miles Teller е перфектен за улогава, гледајќи го во овој филм (и секако во Whiplash), мислам дека е меѓу најдобрите помлади актери во светот. Филмов заслужува најмалку 2 оцени повеќе од тоа што е оценет на IMDb, вошлива 6,8.

ARQ - Рентон и Хана се будат во една куќа, нападнати од група маскирани мажи. После кратко време во борба против разбојниците, Рентон ќе загине и тие повторно ќе се разбудат. Во истата куќа, на истиот кревет, во истата ситуација. Со тек на време, со повторно будење во истиот момент и истата ситуација, ќе сфатат дека се заглавени во некаков временски loop. Секое ново будење ќе носи нови предизвици и борби со маскираните луѓе. Тоа што ми се допадна е што секој пат успеваа нешто ново да прикажат, иако работите донекаде се повторуваа, сепак беа различни. Се изненадив и од глумата на Robbie Amell, доста добар беше. Интересно филмче, во секој случај.
 

jovankrstevski1

ТАТА_МАТА
Член од
2 декември 2012
Мислења
855
Поени од реакции
602
Get Out -Одличен!! Во режија на Jordan Peele, познат комедијант во Америките, имав ниски очекувања бидејќи не мислев дека е способен да прави ремек дела, но и те како се излажав.

Се работи за дечко црнец кој ќе оди на гости кај родителите на белата девојка со која се во врска 4 месеци. Не би сакал да откривам повеќе само топло ќе го препорачам. Тензија која држи речиси 2 часа, а притоа не рециклира веќе истрошени идеи за хорор/мистерии. Моја оценка 8,5
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
High Noon (1952)

Како и секој викенд, време е за вестерн. Денес еден, а утре маратонски два три. :icon_lol:

High Noon добро познат вестерн, дури и оние што не гледаат вестерни слушнале за филмов.
Мене на пример супер ми е таа напната атмосфера скоро низ цел филм, на пример во некои вестерни напнатоста трае само малку пред финалниот дуел, и бам бам толку. Овде скоро низ цел филм тензија.

Гари Купер во главна улога како шерифот Кејн, кој треба да се пресмета за последен пат со неговиот непријател кој се вратил за да го убие, секако не дошол сам.
Кејн инаку во гратчето каде живее е шериф кој не само што сите го слушаат туку и имаат целосна доверба во него, но овојпат градот му го врти грбот. Па така шерифот си е оставен сам да се справи со непријателот. Неговиот инает нема да му дозволи да си замине со женичката некаде далеку (инаку жена му ја глуми убавицата Грејс Кели), па така заради тој инает Кејн оди за последен пат во дуел.

Одличен филм за уживање во доцните часови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom