Прво би сакал да кажам нешто околу бројките, излегуваат пратеници на СДСМ и викаат 700 илјади гласале за нив, овие од ВМРО викаат 70 илјади албанци гласале за СДСМ, Зајко викаше ако излегол на избори ќе освоел 70 пратеници, 7-та лото се паднала во Тетово пред некоја недела, се се врти околу 7.
Но СДСМ+ДУИ+БЕСА+АА имаат само 616766 гласа заедно и кога би се заокрожувала бројката би требало да кажат дека имаат 600 илјади гласови, до 700к им фали многу, ама толку се писмени и разбрале дека не смеат да заокружуваат на ѓаволскиот број 6.
Баш би скал денеска во собранието некој да им каже дека немаат 700 илјади како што секој ден тврдат.
Пак лошо ти кажале во штаб што содржи тој закон.
Еве ти го службениот весник,
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/DE07B4F6DDFBE948A0DFE2CFF240F02C.pdf
прочитај го убаво и кажи каде се имаат дадено права на албанскиот јазик, се имаат дадено права само на тоа што го пишува во рамковниот договор и во уставот, а тоа е тие што се 20% во општините да добијат поголема употреба на својот јазик.
Јас не се согласувам со прифаќањето и од двете страни, додека на тебе ти смета само ако тоа е прифатено од ВМРО!