Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Па зашто бараш да се откажат од неа?
Ми поставуваш прашања паушално. А башка што сум кажувал за истата делови. Ај пак. Сакам ние македонците да имаме национална држава како и другите народи во Европа. Албанците веќе 2 имаат. Секако, Косово е претставено како ненационална држава, ама тоа е мачкање на очи. Ако е така, што мајка бараа да се одвојат од Србија?
Следно, никако не можам да го прифатам барањето за „извинување“ (или не знам „што“) за геноцид врз албанците во Македонија од 1912 до 1956 г. Па ова е навреда „пар екселанс“. Напротив, албанците би требало да ни се извинат за нивната експанзионистичка политика кон македонците, дел насилна, а особена за воените дејства во 2001, а за бегалците од Косово во 1999 да ни изјават посебна благодарност.
Итн, итн...[DOUBLEPOST=1490691785][/DOUBLEPOST]
Пак нема да коалицираат бидејќи вмро нели не сака да преговара за платформи?
Па ако имаат 61 пратеник (или 63) нема да има потреба.
 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
Ама ти не си во политика, со кое право ти бараш политички работи?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516

Како ќе нема потреба? Во владата од 2001 навака мора да има албанска партија, не смее само македонска.
За платформата, ако Сдсм се откажат што ќе смени тоа? Тоа те прашуваат а не да збориш за геноцид, тема која нема врска со прашањето. Зошто бараш Сдсм да се откажат од платформата? За вмро да ја прифати?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ама ти не си во политика, со кое право ти бараш политички работи?
Хе, не сум во политиката, не можам да ти одговорам „што ќе биде“! Тоа може да ти одговорат политичарите кои се во „играта“.
Зошто пишувате нешто колку да се напише. Јас можам да имам барања како и секој жител.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.398
ДУИ ќе биле приморани и принудени на отстапки? : ))) Кој ќе ги примора? Бетмен и Дамовски со килавиве административци на улица? Што ни еднаш не ги спомнаа до сега? Па ВМРО се плаши да ги изусти Али и ДУИ јавно во говорите и да ги натера да ја повлечат платформата не па ќе принудувале они. ВМРО и со 61 пратеник нема да прави влада, затоа што нема албанска партија што ќе коалицира со нив, не дека нејќат да не ме разбереш погрешно, Али уште утре ќе си седне у скут. Ама прво наредено им е од надвор да не коалицираат со ВМРО, а второ си се напалија нивните па секоја отстапка од таа скапана платформа може да биде и опасност за лидерите на албанските партии. Јебига непромислено кога улетаа во наци политика за враќање на гласови, а ВМРО ја практикува истата реторика од избори навака со цел да привлече повеќе неутрални исплашени луѓе.

Во секој случај, ВМРО и Грујо имаа 3 месеци јавно да побараат од Али како лидер на партија со највеќе пратеници од албанскиот блок да ја повлече платформата и да настојуваат на тоа. Наместо тоа, тие упорно мислат дека ќаруваат поени ако секој ден пишуваат дека СДС ја прифатил платформата. Незнам како го сфаќаш моментот што на ВМРО повеќе им смета СДС (нели предавници) што ја прифатиле платформата отколку што истата таа платформа ја направил ДУИ. Дотолку повеќе, ВМРО седна на маса да договара влада со ДУИ во време кога платформата беше активна :) И кога им беше кажано дека од странство не им даваат да коалицираат (мама не ми дава да си играм со тебе), се активираше план Б - СДС предавници ја прифаќаат платформата.
Сегашната наредба е да не коалицираат, ама каква ќе биде идната незнаеме, времињата се менуваат, потреси се случуваат во целиот свет, низ цела европа националистичките партии растат, има избори во Франција и Германија, Британија фаќа мгла од ЕУ, Каталонија сака независност, се зборува за референдум на Шпанија за ЕУ, источните држави не сакаат да примаат мигранти, Турција се заканува со мигранти, во Бугарија за година дена пак ќе има избори, во Грција ќе падне оваа влада на следните избори, Русија сериозно почна да се меша насекаде Евро-Азија, САД си доби противник во источна Азија и сериозно трошење на ресурси таму,
како што гледаш се се менува, дали на подобро или полошо тоа би било опширна дискусија.

Друго странците баш и не сакаат да го тргнат Грујо на тој начин како што ти мислиш, проблем е што и Грујо да се тргне, пак ќе дојде ист како Грујо, кој нема целосно да ги слуша, можеа да бараат Грујо да си даде оставка и од партиската функција, на нив им треба целосен послушник, Грујо вешто играше и се вадеше на тоа дека народот така сакал, пример референдум за името, кој никогаш нема да помине, да не се разбереме погрешно, Грујо слуша ама само она што нема да му одземе гласови.

Во врска со тоа што Грујо требало да побара од Али отфрлање, па Али не му е противник, со нападот врз Али Грујо не добива глас плус, залудно трошење ресурси, ама напад врз Зајко е добивка, а тоа зошто Закјо се намести пишав во претходниот пост
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Идеологизацијата е основниот порив за борба, мора да го има, инаку поентата ми ја промаши, целта ми беше да доловам момент во кој платично се објаснува дисипација на носење на одлуки кои од етиолошки аспект се причинско последична врска за денешната ситуација, од една страна, и концентрација на одговорноста за истите. Концентрацијата на капиталот и создавањето на корпорациите слободниот проток на капитал, експанзија на истите преку национални, државни граници т.н транснационални корпорации во суштина се највисокиот стадиум на капитализмот, некој го нарекол империјализам, сега се нарекува глобализам, тоа е природата, онаа инстинктивна кај човекот, меѓутоа тоа не значи дека треба да се остави сето тоа само на пазарната економија, постојат механзими кои регулираат дел од овој процес. Во САД постои комисија која се бави со берзанска трговија, контрола на протокот на капитал, шпекулативно работење итн...поентата ми е примена на т.н легалистички аспект кон проблематиката, максимално регулирање на недореченостите до степен да не постои сива зона во процесот на доделување на јавните набавки и вработувањата во јавниот сектор. Се согласувам дека анулирање н корупцијата не постои, посебно кога се работи за факторот човек, но постои начин за драстично намалување, мислиш дека немаат идеи некои универзитетски професори, магистранти, докторанти по универзитите кај нас, но нема иницијатива токму поради околностите кои ги наброја, кај нас постои партиско менгеме, кое притиска се до моментот средината не префрли на едната или другата страна, останатото се смачкува буквално, различни страни, сепак дел од истиот механизам.
Кај нас сеуште исклучително влијание имаат структурите кои се остатоци од претходните владетели, окупатори ситеми како сакаш наречи ги, тие врховистичко-удбашки структури моментално се тие кои служат како катализатор на разбивањето на демократските, пред се, но и Евро-Атлантските процеси посебно кај нас, сепак Балканот ќе си остане тоа што е.
Мислев на тоа дека идеализираш, во смисла дека не треба да очекуваш дека сите луѓе настапуваат во политиката и во животот по етички и морални норми - што во реалност е неможно. Во државава не отсуствуваат антикорупциски комисии, инспекции, регулатори - тие си постојат, ама проблемот е што и тие се жртви на корупција и политичка подреденост.
Околу групирањето на капиталот, тоа е баш така како што пишуваш. Во нашиов случај, тоа е доказ дека инструкции за овој масовен грабеж, превземање на фирми од страна на фамилијата се случи по инструкција од надвор - затоа што сега некој од надвор полесно ќе му биде да му го грабне украденото, отколку тој да мешетари и да си го валка името и реномето тука. Во ист џеб ќе отидат и кредитите кои ни ги даваат на нас како држава, си ги враќаат преку истите политичари назад во своите џебови, а за возврат добиваат од нашето општество една политички зависна држава, која е многу лесно да се уценува. Тоа е за корупцијата на највисоко ниво. Американците го имаат тоа искуство со векови, наследено им е британската империја и методите им се добро разработени и малку модернизирани. Мијалков ги складираше милијардите на Белизе и Панама и си мислеше дека заврши работа, а тие две територии, држави се токму американска креација, измислени со таква намена. Од владеењево на талибанциве наследивме што - финансиски долгови, ограбено претходно поседувано општествено добро и најтешкото - политичките долгови во форма на уцени. Останува отворено прашање - што им ветил паторот на Американците дека ќе направи со државава? Зошто толку долго време го хранеа со кредити. Им го призна Косово. Е сега останува дилемата дали има задача да предизвика војна или тоа сака да го направи на сопствена рака. Во секој случај дека го оствари грабежот под нивни патронат тоа е сигурно и јасно како бел ден.
За корупцијата на основно ниво, јас немам друго решение освен подигнување на културолошко ниво на целиот народ. Разбирливо е таа да расте со степенот на осиромашување, ама нивото кое ние го постигнавме е од епски размери - практично нема административна положба која не е злоупотребена на тој начин. Треба да се подобри општата економска положба и нормално да функционира системот на казнување за да се пренесува како пример меѓу народот. Ако имаш ти ситуација у која уредник на телевизија лапа милиони и не плаќа данок за нив и уште се ку**и дека никој не му може ништо - тоа е мотив за сите обични луѓе да се обидуваат да го направат истото.
Затоа ако сме решиле да продолжиме со постоење мора да се истера правда, соодветни ликови да свират клавир и да си го изробијаат тоа што го испокрале.
 
S

silmarillion

Гостин
Хе, не сум во политиката, не можам да ти одговорам „што ќе биде“! Тоа може да ти одговорат политичарите кои се во „играта“.
Зошто пишувате нешто колку да се напише. Јас можам да имам барања и секој жител.
А нема да може така извини. Ти имаш барања кои произлегуваат од нечии политички постапки. А не си во политика нели за некои прашања.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.910
Поени од реакции
23.315
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/tepachka-po-postavuvanjeto-na-dvojazichna-tabla-na-piom-vo-ohrid

Пред да почнете да коментирате, се моли Владе, да каже, дали смеам да го постирам, односно, дали има логика. Благодарам
Иначе, е вака се брани Македонија!
Не е проблем што постираш , туку колку тоа што го постираш го земаш здраво за готово.
Пошто сам рече дека си по кладилници, дали ако ти постирам страна каде има 100% сигурни типови каде за да ги добиеш треба да платиш одредена сума ќе ме верваш мене или страната на збор и се што е таму напишано е веродостојно?
До толку мислам дека се имавме разбрано, не гледам повеќе потреба тоа да се дообјаснува.[DOUBLEPOST=1490694861][/DOUBLEPOST]
Како ќе нема потреба? Во владата од 2001 навака мора да има албанска партија, не смее само македонска.
Ова е точно, и не е само од 2001 туку од порано. Но зошто мора ? Има некој член од уставот што го налага тоа? Ако нема од каде таква пракса ?
И бонус прашање. Што ако на некој идни избори ВМРО освои 70 пратеници ( онака лупам бројка од ракав ) и има апсолутно мнозинство во парламентот?
Што би се случувало тогаш ?
 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
Сегашната наредба е да не коалицираат, ама каква ќе биде идната незнаеме, времињата се менуваат, потреси се случуваат во целиот свет, низ цела европа националистичките партии растат, има избори во Франција и Германија, Британија фаќа мгла од ЕУ, Каталонија сака независност, се зборува за референдум на Шпанија за ЕУ, источните држави не сакаат да примаат мигранти, Турција се заканува со мигранти, во Бугарија за година дена пак ќе има избори, во Грција ќе падне оваа влада на следните избори, Русија сериозно почна да се меша насекаде Евро-Азија, САД си доби противник во источна Азија и сериозно трошење на ресурси таму,
како што гледаш се се менува, дали на подобро или полошо тоа би било опширна дискусија.

Друго странците баш и не сакаат да го тргнат Грујо на тој начин како што ти мислиш, проблем е што и Грујо да се тргне, пак ќе дојде ист како Грујо, кој нема целосно да ги слуша, можеа да бараат Грујо да си даде оставка и од партиската функција, на нив им треба целосен послушник, Грујо вешто играше и се вадеше на тоа дека народот така сакал, пример референдум за името, кој никогаш нема да помине, да не се разбереме погрешно, Грујо слуша ама само она што нема да му одземе гласови.

Во врска со тоа што Грујо требало да побара од Али отфрлање, па Али не му е противник, со нападот врз Али Грујо не добива глас плус, залудно трошење ресурси, ама напад врз Зајко е добивка, а тоа зошто Закјо се намести пишав во претходниот пост
Значи да сумираме, ВМРО профаќа платформа и федерализација само да биде во влада пошто Али не е противник:) односно фино лепо ја опоша жолчната борба за власт и неодење во затвор. Па кажете си бе лепотани дека нема везе ова со платформа па така бе тоа чекавме цело време иако го знаевме од сам старт. Ајде сеа со бетмен заедно на барикадите можда Трамп и Путин ќе ви се смилуваат на работните места :)))
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Не е проблем што постираш , туку колку тоа што го постираш го земаш здраво за готово.
Пошто сам рече дека си по кладилници, дали ако ти постирам страна каде има 100% сигурни типови каде за да ги добиеш треба да платиш одредена сума ќе ме верваш мене или страната на збор и се што е таму напишано е веродостојно?
До толку мислам дека се имавме разбрано, не гледам повеќе потреба тоа да се дообјаснува.[DOUBLEPOST=1490694861][/DOUBLEPOST]
Ова е точно, и не е само од 2001 туку од порано. Но зошто мора ? Има некој член од уставот што го налага тоа? Ако нема од каде таква пракса ?
И бонус прашање. Што ако на некој идни избори ВМРО освои 70 пратеници ( онака лупам бројка од ракав ) и има апсолутно мнозинство во парламентот?
Што би се случувало тогаш ?
Ништо, што треба да се случува? Или ќе земат албанска партија со нив во влада, или мандатот нека го дадат на втората партија на изборите.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.910
Поени од реакции
23.315
Ништо, што треба да се случува? Или ќе земат албанска партија со нив во влада, или мандатот нека го дадат на втората партија на изборите.
Ајде размисли уште еднаш, не се брзај. Земи ги во обзир сите можни сценарија што во моментот ти текнуваат.
Не за џабе некни напишав нешто околу ова што некој го искоментираја како теорија на заговор.
Да не ти кршам филм ама ништо посебно нема да се смени безразлика колку пратеници освои ВМРО. Уствари ништо посебно нема да се случи макар кој колку сака нека освои пратеници на овие, следните и било кој избори понатака. Заврши филмот околу таа работа и освен ако не се случи некое чудо матирани сме како држава ма каков и да потез повлечиме. Чудно ми е дури и што некој друг ова не го напиша попрво пошто е толку апла очигледно да секој може да го види.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.398
Ги погледнав анкетите во Бугарија и резултатите и се во рамките на статистичката грешка, овие нашите не се баш точни, на една анкета пред изборите бил овој сооднос 23,3% за ВМРО, 19,4% за СДСМ, 6,6% за ДУИ, 3,3% за ДПА, 2,7% за БЕСА, 2,5% за Љубчо и како што гледате ништо од нив.

Еве и кој каде бил гласан.
За ВМРО

За СДСМ

За ДУИ

За БЕСА

За АА

За ДПА

За Љубчо

За Левица
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
А нема да може така извини. Ти имаш барања кои произлегуваат од нечии политички постапки. А не си во политика нели за некои прашања.
Ме праша што ќе биде, така ли? Од каде да знам?
 
A

Avenger99

Гостин
Не е проблем што постираш , туку колку тоа што го постираш го земаш здраво за готово.
Пошто сам рече дека си по кладилници, дали ако ти постирам страна каде има 100% сигурни типови каде за да ги добиеш треба да платиш одредена сума ќе ме верваш мене или страната на збор и се што е таму напишано е веродостојно?
До толку мислам дека се имавме разбрано, не гледам повеќе потреба тоа да се дообјаснува.[DOUBLEPOST=1490694861][/DOUBLEPOST]
Ова е точно, и не е само од 2001 туку од порано. Но зошто мора ? Има некој член од уставот што го налага тоа? Ако нема од каде таква пракса ?
И бонус прашање. Што ако на некој идни избори ВМРО освои 70 пратеници ( онака лупам бројка од ракав ) и има апсолутно мнозинство во парламентот?
Што би се случувало тогаш ?
Значи може? Ок
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom