Не гледам во нешто да не се согласувам со тебе, со тоа што мислам дека ги идеализираш работите. Капитализмот како таков е систем со вграден фелер. Тој е така конструиран да покрупниот капитал има секогаш тенденција да се укрупнува и секогаш да се формираат елити кои имаат доволно средства да корумпираат, да играат над законот, да купуваат луѓе и институции со ефтин конформизам и со популизам. Капитализмот секогаш ги фаворизира елитите и повисокиот во степенот на хиерархија.
Не ми се коментираат утопии и дистопии, затоа што во реалноста е нешто друго. Луѓево овде имаат некаква психологија, некој менталитет што глорифицира авторитети (често и непотврдени), што се плаши од џандари и насилство, менталитет да се приклонува кон некое мнозинство, иако реално не разбира како и зошто тоа е формирано.
Е сега, за да не се сведе на нереален, неприменлив и неодржлив план за излез од кризава, се' повеќе се воздржувам да коментирам дека се потребни системски промени и сум повеќе посветен на дневни ситуации. Овде нема терен за системски промени. Од таму и тргна дискусијава - народот е составен во голем дел од конформисти (луѓе задоволни со малку) и опортунисти (луѓе кои си користат каква било прилика да се збогатат или напредуваат во општеството). Малцинство се како мене што вечно бљујат против партијата на власт и и' ги ловат грешките секојдневно и ги критикуваат.
Млада држава. 5 века османлиско едноумие, па комбинирано српско-бугарско кралско едноумие, па 50 годишно комунистичко едноумие - ние не знаеме да се понашаме, не знаеме како да се самоуправуваме во овој систем, а тоа овие манипулатори вешто го користат и го возат народов. Му даваат палми на кои се растураат од крадење при набавката, а школите, болниците се распаѓаат и маса народ уште тоа не може да го осознае дека не треба да биде така.
Еве ова што сега се случува во парламентот е класичен пример на немање култура. Талибанците не сакаат да ја дадат реално изгубената власт и играат игри на задржување, одолговлекување, трошење време и немаме механизам да ги отстраниме од таму и да не остаат да живееме и работиме ко цел нормален свет. Не е ниту време, ниту место да се идеализира и да се очекува дека некој од чинителите во политиката ќе се однесува по некој очекуван смер на однесување - ова е „див запад“, борба меѓу две племиња, без правила.