Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.869
...би го применил методот кој австијанците го користеле кога ја имаат анектирано Босна. Назначиле некој Чех за губернатор, а тој од одма сватил дека длабочината на пусто турско мито и корупција се длабоко навлезени и нема начин да се елиминира. Затоа ги пропишал износите на сите мито и корупциски "давачки" , за сите нивои каде се сретнува..:) :)
Знаеш дека Фердинанд покрај антагонизмот кој го имал према словенското население, заклучил дека единствен начин за детант на Балканот било создавање на сесловенско крластво-држава, дел од неговото секако, како колонија, вазалско кралство, нажалост доби метак покрај куп несупешни (ептен аматерски) атентати и почна една голема кланица, токму од една вукојебина, историјата се повторува или не?!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.196
Поени од реакции
16.335
Зошто СДС да не ја отфрли?Која е причината?Пази една Грција ја смета платформава за многу опасна како е можно една македонска партија да не ја отфрли?
Пљатформата пред се нема градежна дозвола и е дивоградба, набрзина склепана..
... туку ќе има ли албанска партија во опозиција ?? ДПА ?? Беса ??
 
D

Darko_ufo

Гостин
Пљатформата пред се нема градежна дозвола и е дивоградба, набрзина склепана..
... туку ќе има ли албанска партија во опозиција ?? ДПА ?? Беса ??
Ке има ДПНЕ, најголемата Албанска партија која им даде се на Албанците и во нивно време никнаа милион споменици на УЧК па еден и во сред Скопје, се зголеми дилањето на дрога пута 1000 посто од Алабаницте итн. итн. итн ДПНЕ УЧК треба да се вика партијата на Грукале Скокале.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Хипотетички сдс да ја отфрли таа фамозна платформа, дпне планира наредниот ден да иде у мала речица и да прља колена за да праи влада со дуи. Идејата им е само останување на власт. Секако дека ќе беше поприродно да бараат од дуи тие да ја повлечат отколку сдс да ја одбие. Ако дпне и мисли добро на државава (а не и мисли) треба да си ја среди со дуи работата.
Еве Бетмен лично нека ја напише изјавата што Заев треба да ја прочита за да бидат задоволни, па да видиме што ќе биде следната „пречка“ за давање на мандатот.
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.705
Поени од реакции
1.106
Талат Џафери 2010 година Министер за одбрана поставен од ВМРО-ДПМНЕ.
Талат Џафери 2017 година Претседател на собранието предложен/поддржан од СДСМ.
Епа епа македонски партии не пиеме нафта. Исти гомна сте ни треба вистинска МАКЕДОНСКА партија вие не продадовте одамна се борите само за столица ;)
 
L

Löwe

Гостин
И јас гледав циркузи од СДСМ години на назад па можи затоа не сум изненаден, повеќе сум изненаден што ти глумиш изненаден, како првпат да гледаш циркузи во парламенотот.

И така наеднаш Борис Борисов ни стана најдобар пријател, безмалку херој , ама пак затоа душманот Кире Лазаров ( онака прво ми текна на него, инаку одбери кој сакаш ) аир да не види. Предавник низаеден.
Кој ке биди следниот ваш херој од странство ?
Oбјаснимиги тие прашалниците на крајот од секоја реченица од неговото обраќање. Земи пробај да напишеш статус и пробај такви прашалници да создадеш. Ако успееш дојди и кажи да го патентираме изумот.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Штабски пацови кои верувате дека крајот на ДПМНЕ е крај на епохата на криминалот во Македонија.... еве ви едно соопштение од БЕСА, кое ДПМНЕ не може јавно да ви го соопшти бидејќи и нив му се валкани гаќите!

На прес-конференција во Собранието, од Беса изјавија дека тие имаат свој предлог-кандидат односно човек кој е со кредибилитет и не е поврзан со криминал и корупција, но дека нивниот кандидат не бил земен в предвид од СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците.

„Ова значи дека, помеѓу кандидат на Беса и на ДУИ, СДСМ одлучи да биде со ДУИ. Денеска конечно паднаа маските за ‘реформска епоха’, за ‘уривање на режим и за ‘смена на курсот на земјата’. Бившиот министер на Никола Груевски, осудениот заради закана по смрт на службено лице во 2008 година, министерот кој, злоупотребувајќи ја својата службена должност, даваше хонорари по своја желба, за што доби сериозни забелешки и од Антикорупциската комисија, денеска се предлага да биде прв човек што ќе остави белег на една реформска влада. Ако вака започнуваат реформите, тогаш можеме да се согласиме дека имаме погрешна перцепција за поимот реформа. Ако со ДУИ започнува првата алка на реформите, тогаш – ви благодариме – но, ние не сме за такви реформи. Партијата што десет години по ред му служеше на Никола Груевски и заедно со него се главните виновници за оваа криза, кои зад себе оставија монтирани политички процеси, сиромаштија, иселување, оддалечување од евро-интеграциските процеси, не може да донесе реформи“, велат од Беса.

За работите да ви станат појасни...

Талат Џафери бил кривично осудуван

Јавното обвинителството во Тетово, според истражувањето на Балкан инсајт, против Џафери покренало обвинение, со број 325 од 25.06.2008 година, за кривично дело „учество во толпа што спречува службено лице (полицаец) во вршење на службено дејствие“.



Според членот 384 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија, лицата кои спречуваат полицаец да ја изврши својата задача, ќе бидат казнети со затвор во траење од 3 месеци до три години, а лидерот на таа група ќе се казни со затвор во траење од една до пет години.



Постапката пред судовите во Тетово, а подоцна и во Гостивар, каде пресудата била обжалена, се водела околу три години.



Првостепениот суд во Тетово на 14.10.2010 година донел пресуда, дека сегашниот министер за одбрана Талат Џафери, е виновен за спречување на полицаец да интервенира. Џафери бил осуден на условна казна од 6 месеци затвор, но казната нема да ја издржува во затвор доколку во наредните две години не стори друго кривично дело.



Талат Џафери се жалел на ваквата одлука, но Апелацискиот суд во Гостивар, ја одбил неговата жалба и ја потврдил претходно објавената пресуда. Во пресудата на судот во Гостивар стои дека во казната затвор од шест месеци, му се пресметува и времето од 13.06.2008 до 19.06.2008 година, што Џафери го поминал во притвор.



„Делото за кое е обвинет, Талат Џафери го извршил на крстосницата на улиците Маршал Тито и Видоа Смилевски Бато, кај тетовскиот Монопол (тутунски комбинат) на 29 мај, околу 21 часот“, изјави јавниот обвинител од Тетово, Зулќуфли Ракипи.



„Со пресуда од 14.02.2011 година, Апелацискиот суд во Гостивар, ја одбива жалбата на обвинетиот Џафери и ја потврдува пресудата на тетовскиот суд“, вели Ракипи за Балкан Инсајт.

...

По инцидентот во Тетово, пратеникот Талат Џафери ја напушти Македонија, но бил уапсен на враќање на влез во државата, на граничен премин со Косово. Бил задржан седум дена во притвор, од кој бил ослободен на 20 мај 2008 година.


„Судот сметаше дека нема основа притворот да продолжи. Талат Џафери е фатен на влез во државава, а на оваа одлука немаше жалба од обвинителството“ изјави за Балкан Инсајт судијата Томислав Бошкоски, кој одлучувал за ослободувањето на Џафери од притвор.

Откако Талат Џафери во јуни 2008-та добил пратенички имунитет , судот не можел да ја продолжи судската постапка против него.

Подоцна, во август 2008 година, парламентарната комисија го одбива барањето на судот за одземање на имунитетот на Џафери, за да може неговото судење да продолжи. Ова се случило на 28 август 2008 година, кога Џафери, токму на денот кога комисијата решавала за неговиот имунитетот, сам се пријавил кај истражниот судија.

http://novatv.mk/talat-djaferi-bil-krivichno-osuduvan/
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Инаку сите палми што ги ставија во Скопје од стотици илјади евра се исушија и угинаа.
А изгледа по тоа што се пишува исто и во другите градови.

Тоа се тие имбецили. За нивни хирови и фантазии се потрошија илјадници евра за да изгорат неповратно.

Абе ако треба Али Ахмети нека биде премиер само конечно да си одат овие шизофреници од власта и подалеку од државните пари.
Palmite vo Skopje se isushija. Dajte Ali Ahmeti da ja spasi Makedonija......'bati logikata...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Во 10 години власт паторот излезе на тв дуел сам со себе и со нарачани прашања на канал5, сител и тв нова, и овде на некој на форумов тврдеше дека немало потреба од тв дуел.
Негова последна дебата, беше на Х/О и после дебатата ја прекинаа емисијата со емитување на канал5.
Во една прилика латас изјави дека на македонија и е доста од дебати во стилот на Бранко/Љупчо и дека и треба работа. Сега знаеме зошто.
 
S

silmarillion

Гостин
И говорнициве на протестиве: "Некој да ни кажува како да збориме, некој да не уценува".

Добро тој некој има име презиме и партија позади него, зашто никој не ги спомнува Али и ДУИ? Не е веќе симптоматично, него е јасно зашто. И пак никој што го поддржува протестот не сака да дискутира на тема зошто не бараат лично од Али и ДУИ да ја повлечат платформата а бараат СДС да ја отфрли? И што мислат дека ќе се случи ако СДС ја отфрли и како нови избори се решение ако ВМРО нема ниедна албанска партија која ќе коалицира со нив?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Ако има конструктивна дискусија не гледам зошто понатамошна елаборација би била излишна, напротив, еве дигресија на примерот со палмите од пола милион евра,

Хиерархиски локалниот крадоначалник би бил идеологот за вакво арчење средства, а иститот се бира на избори, ваквиот потег не се одразува само на него лично туку и на политичката структура која стои позади него, која и каква и да е, гласачите одлучуваат на избори,нејсе,

Чекор понатаму е налогодавачот раководно лице од некое од јавните претпријатија или пак раководно лице од локалната самоуправа кое го реализира сево ова, од распишување на тендер ако има па до реализација, вообиачено партиско вработување, прв коруптивен момент, значи нетранспарентно вработување, кое лесно се решава, со формирање на комисија составена од општински советници од сите политички структури и претставници на локална самоуправа, конкурсите мора да бидат јавни, секој кој сака да работи во јавен сектор да дозволи доколку е примен на работа да се објави резимето и врз основа на што е вреднуван, секој кој е дискфалификуван од конкурсот да знае кој бил подобар, во спротивно доколку се утврди било каков коруптивен момент сите членови на комисијата да бидат санкционирани и да го губат правото на работа во јавен сектор. Нема потреба од додатни хонорари за советниците.

Понатаму, јавните набавки кои се основата за ревносна партиска борба, како интер, така и внатрепартиска, повторно нетранспарентност која е води кон корупција, на истиот принцип да се објавуваат јавно која понуда е прифатена, со кој план и динамика на работа и сл, за повторно сите инволвирани да знаат на што се, комисија може да се формира на истиот начин, со ист состав, додатно тука би била покрај претходната самкција, да се воведе и некоја драконска затворска казна за сите членови на комисијата,секој кој сака да се бави на било кој начин со јавни набавки и генерално во јавен сектор, да мора да се одрече од оној сегмент кој води до корупција, а тоа е нетранспарентноста,

Ретерирам кај вработувањата, партиски но нископозиционирани, кои воглавно некој пежоративно ги етикетира, поголемиот дел од тие луѓе за таа некоја плата која им е единствена егзистенција, од етиолошки аспект, не верувам дека се проблемот за набавка на палми од пола милион евра, тие и ќе ги посадат, одгледуваат и се што ќе им с наложи, само и само да си ја задржат својата егзистенција, не верувам дека не се рационални, тие најмногу знаат и повеќе гледаат што се случува, и тоа секојдневно, но околностите се такви да се практикува онаа стара наша „наведната глава, сабја не ја сече“ , некоја просечна работа за исто такви пари,


Е сега, во целост се согласувам за рационализација, односно одредување на приоритети, коловози со дупки како крос патека, а од друга страна пола милон евра за некоја пиздарија, но не гледам ниту една партија ова да го третира сериозно, да промовира некој проект за нулта корупција, било во начин на вработување, јавни набавки и сл, освен празни флоскули ништо конкретно, никакви планови за работа, преземање на одговорност доколку нешто не се реализира, некава одговорност да се преземе воедно со преземењео на власт?!

Еве еден постулат за некаков проект за нулта корупција, уште правно да се разработи и ефектуира, е сега зошто на сево ова т.е на антикорупцискиот моментум му ја одзеде иницијативата и наметна националистички моментум е...прашање за оние кои ги намерачиле слатките пари од јавните набавки и партиските вработувања.Суштински системски промени.
За некој да резонира рационално треба да има избор, значи добро платен приватен сектор и се по закон, со пасошот да може да замине каде сака низ европа и да работи.
Џабе ти се закони, имаме ние пишани закони ама никој не ги почитува.
Здравството ти е прав пример кај нас, пошто државното е корумпирано и не оди во прилог на докторите и сестрите тие имаат избор, Германија или приватно.
Во приватното колку толку се поценети и земаат подобри плати, а Германија им е ветената земја. И што вика министерот, ќе увезуваме доктори. Ете каде е нерационалноста.
Со ваква слобода самиот систем кај нас ќе почне да се смени, ама за тоа треба време а не закони.[DOUBLEPOST=1490681140][/DOUBLEPOST]
Хипотетички сдс да ја отфрли таа фамозна платформа, дпне планира наредниот ден да иде у мала речица и да прља колена за да праи влада со дуи. Идејата им е само останување на власт. Секако дека ќе беше поприродно да бараат од дуи тие да ја повлечат отколку сдс да ја одбие. Ако дпне и мисли добро на државава (а не и мисли) треба да си ја среди со дуи работата.
Не хипотетички, можно е
Иванов да им го даде мандатот на Дуи, како трета најбројна партија
или ВМРО да рече ај на нови избори.
у секој случај ВМРО пак на власт
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Зошто тогаш викаш дека не се хашки случаи тие? Тоа те прашувам, дали викаш дека случајот кој го спомнав и уште 3 други не беа вратени од Хаг или беа? Тоа кажи ми.
Па „Хаг“ ги врати. Воопшто немаше процес таму. Според законот за амнестија, само за хашките случаи истиот не важи. Види, не ми е целта да бранам или напаѓам, целта ми е да „утврдиме“ како е законот. Ако мене ме прашуваш, јас никого не би амнестирал, ама закон е закон...
 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
Па „Хаг“ ги врати. Воопшто немаше процес таму. Според законот за амнестија, само за хашките случаи истиот важи. Види, не ми е целта да бранам или напаѓам, целта ми е да „утврдиме“ како е законот. Ако мене ме прашуваш, јас никого не би амнестирал, ама закон е закон...
Што ќе се случи ако СДС ја отфрли платформата?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom