Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
S

silmarillion

Гостин
Сега Бетмен протестира против албанската платформа.Ај кажи шо има погрешно во тоа?Кажи барем еден дел од таа фамозна платформа шо има барем нешто позитивно за македонците или Македонија???Или пак ти ја подржаваш тиранската платформа па сега жестоко ги напагаш сите шо се против неа?
Против платформата сум и тоа поише од разни форумски патриоти кои за работичка или тендерче ќе си ја сркнат платформата ко оџа баклава. Впрочем тоа го правеа 10 години па сеа се праат на триипол ко ќе им кажеш дека платформата е дефакто во функција и ние сме федерална држава со двојни аршини на запад и исток. Платформата треба да се бара да ја повлече ДУИ а не да ја отфрли СДС. Се додека тоа не го сфатите незнам како планирате 100.000 надвор да извадите. А и откако се видоа војсковоџите на протестов, ни на крај памет не ми текнува да искочам да шетам со опортунистиве. Павле втори дел нема потреба да правам ;)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Сега Бетмен протестира против албанската платформа.Ај кажи шо има погрешно во тоа?Кажи барем еден дел од таа фамозна платформа шо има барем нешто позитивно за македонците или Македонија???Или пак ти ја подржаваш тиранската платформа па сега жестоко ги напагаш сите шо се против неа?
Нема ништо погрешно во правото на протест, но ептен е симптоматично што за тој Бетмен, Дамовски и сите нив платформата не постоеше до последната минута од преговорите на ДПМНЕ и ДУИ, а после наеднаш стана актуелна тема иако платформата беше потпишана месец дена претходно. Заев неколку пати јавно и јасно кажа што прифатил а што не, а дефинитивно не прифатил се што беше во платформата и најсимптоматично е што едно од барањата на протестантите е да има нови избори, истото барање на ВМРО ДПМНЕ. Од каков интерес е на протестантите да има нови избори, зарем тие не се залагаа само за отфрлање на платформата, од каде испадна нивното барање за нови избори и што тоа има врска со нивната „независна и народна организација“.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Лош фејкњуз ова со Пехчево. Како може некој да порача нешто, кога нема живи луѓе таму.
Повеќе шанси има некое зомби од Припјат да го викне Хан, него жител на Пехчево.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Против платформата сум и тоа поише од разни форумски патриоти кои за работичка или тендерче ќе си ја сркнат платформата ко оџа баклава. Впрочем тоа го правеа 10 години па сеа се праат на триипол ко ќе им кажеш дека платформата е дефакто во функција и ние сме федерална држава со двојни аршини на запад и исток. Платформата треба да се бара да ја повлече ДУИ а не да ја отфрли СДС. Се додека тоа не го сфатите незнам како планирате 100.000 надвор да извадите. А и откако се видоа војсковоџите на протестов, ни на крај памет не ми текнува да искочам да шетам со опортунистиве. Павле втори дел нема потреба да правам ;)
Зошто СДС да не ја отфрли?Која е причината?Пази една Грција ја смета платформава за многу опасна како е можно една македонска партија да не ја отфрли?
 
S

silmarillion

Гостин
Зошто СДС да не ја отфрли?Која е причината?Пази една Грција ја смета платформава за многу опасна како е можно една македонска партија да не ја отфрли?
Ти имаш проблем со СДС или со ДУИ? Еве СДС ќе ја отфрли и? Таа магично ќе исчезне? ДУИ ќе им се стресат јајцата кога никој не го бара тоа од нив? ВМРО се сере у гаќи сами на мегдан со ДУИ да искочат на браникот па им треба СДС за кого 25 години зборат дека се квинслинзи и предавници? Сеа ја сфаќаш работата?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Зошто СДС да не ја отфрли?Која е причината?Пази една Грција ја смета платформава за многу опасна како е можно една македонска партија да не ја отфрли?
СДСМ не ја отфрли буквално со зборовите „отфрлање“ за да има коалиционен капацитет кај албанските партии, но стопати повторија што е прифатено а што не, а тоа дефинитивно не се сите точки од платформата.
Туку шо вика @silmarillion , зошто никој конкретно не упати барање до ДУИ или до БЕСА за откажување од платформата? Затоа викам смешно и чудно ми бе барањето на една т.н патриотска и народна организација како здружението „За заедничка Македонија“ да бара нови избори, и што ќе се случи после новите избори, платформата пак мистериозно ќе ја снема од дневен ред ако хипотетички ВМРО и ДУИ пак преговараат.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Хипотетички сдс да ја отфрли таа фамозна платформа, дпне планира наредниот ден да иде у мала речица и да прља колена за да праи влада со дуи. Идејата им е само останување на власт. Секако дека ќе беше поприродно да бараат од дуи тие да ја повлечат отколку сдс да ја одбие. Ако дпне и мисли добро на државава (а не и мисли) треба да си ја среди со дуи работата.
 
A

Avenger99

Гостин
Гледам Алсат-М, новинари во посета на Новаци, сакаат да прашаат локален жител што мислите за загадувањето од РЕК Битола..
Човеков вика: Од која партија сте?
Новинаркава одговара: Не сме од партија, новинари сме.
Фала, пријатно.
:cenzura:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Сега Бетмен протестира против албанската платформа.Ај кажи шо има погрешно во тоа?Кажи барем еден дел од таа фамозна платформа шо има барем нешто позитивно за македонците или Македонија???Или пак ти ја подржаваш тиранската платформа па сега жестоко ги напагаш сите шо се против неа?
Бетмен протестира за тендерите на мајка му и неговото работно место заедно со тие на двајцата браќа негови. Дајте мислам, пола форум лично го знае типот, уште бруцош кога беше. Го здоболе за платформи и неплатформи, да е до него со шест раце ќе ја потпише и двоглав орел ќе си нацрта на фасадата у Охрид. Само да капнува од тендерчињата.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
СДС ќе одат со Џафери за прецедник на собрание или имаат свој кандитат?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.056
Поени од реакции
23.501
Од денешна проспектива нели мислиш дека дпмне карактерно повеке личи на наследник на комунистичка идеологија?
Затварање политички неистомисленици,пратење и тотална контрола врз интелектуалната и политичка елита,закани уценувања,ставање на судбината на државата во раце на една личност.
Југославија после тито се распадна,зашто по груевски и Македонија да се распадне?
Државата мора да се потпре на институции а не на една личност.
Воопшто не мислам дека се карактерно наследник на комунстичката партија. Ако ги следам изјавите на видни и не толку видни членови и симпатизери на СДСМ како јавно и без тронка срам и совест заговараат убиства, затворање на неистомисленици и ајде да не набројувам си знаеш и тоа кога уште не беа доберени до власта, ако ги пратиме постапките на оние кои се доберија до власт и на оние на кои им е подарено да бидат некаква власт, ако се сетиме што правеја кога беа власт тогаш незнам зошто воопшто и ме прашуваш. Нема никаков сомнеж од каде влечат карактерните црти на СДСМ, да не се лажеме околу тоа.
Те интересира повеќе дали Македонија би се распаднала после Груевски или за време на СДСМ пошто и така можеш да го поставиш прашањето. Не би рекол дека би се распаднала во класична смисла на зборот , ама нема да личи на ништо, најмалце на стабилна држава. Додуша и сега не личиме на ништо ама јбг, така не стокмија нашите стратешки западни пријатели , ние само си играме држава со картите што ни ги поделија. А немаме баш некоја јака рака.[DOUBLEPOST=1490650921][/DOUBLEPOST]
Луѓето сендвичи имаат различна интерпретација на овие состојби, тие зборат за виши сили, смислени сценарија и армагедони.
Беа на браникот на кримосиве кога овие прогонуваа се што не им беше по терк, излегоа снимките, и уште се на истиот браник.

Така да не знам со кој памет влегуваш во дискусија со ликови кои се реално одлепени од реалноста.

За нив никогаш и не постоеше институционална криза и криминал, за нив има само еден тон сценарија на кои никој не им го знае крајот.
Ако имаш нешто да ми кажеш слободно означи ме, не си ја стегај душата. Вака ептен педерски и подмукло, дури и од тебе.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.870
Не гледам во нешто да не се согласувам со тебе, со тоа што мислам дека ги идеализираш работите. Капитализмот како таков е систем со вграден фелер. Тој е така конструиран да покрупниот капитал има секогаш тенденција да се укрупнува и секогаш да се формираат елити кои имаат доволно средства да корумпираат, да играат над законот, да купуваат луѓе и институции со ефтин конформизам и со популизам. Капитализмот секогаш ги фаворизира елитите и повисокиот во степенот на хиерархија.
Не ми се коментираат утопии и дистопии, затоа што во реалноста е нешто друго. Луѓево овде имаат некаква психологија, некој менталитет што глорифицира авторитети (често и непотврдени), што се плаши од џандари и насилство, менталитет да се приклонува кон некое мнозинство, иако реално не разбира како и зошто тоа е формирано.
Е сега, за да не се сведе на нереален, неприменлив и неодржлив план за излез од кризава, се' повеќе се воздржувам да коментирам дека се потребни системски промени и сум повеќе посветен на дневни ситуации. Овде нема терен за системски промени. Од таму и тргна дискусијава - народот е составен во голем дел од конформисти (луѓе задоволни со малку) и опортунисти (луѓе кои си користат каква било прилика да се збогатат или напредуваат во општеството). Малцинство се како мене што вечно бљујат против партијата на власт и и' ги ловат грешките секојдневно и ги критикуваат.
Млада држава. 5 века османлиско едноумие, па комбинирано српско-бугарско кралско едноумие, па 50 годишно комунистичко едноумие - ние не знаеме да се понашаме, не знаеме како да се самоуправуваме во овој систем, а тоа овие манипулатори вешто го користат и го возат народов. Му даваат палми на кои се растураат од крадење при набавката, а школите, болниците се распаѓаат и маса народ уште тоа не може да го осознае дека не треба да биде така.
Еве ова што сега се случува во парламентот е класичен пример на немање култура. Талибанците не сакаат да ја дадат реално изгубената власт и играат игри на задржување, одолговлекување, трошење време и немаме механизам да ги отстраниме од таму и да не остаат да живееме и работиме ко цел нормален свет. Не е ниту време, ниту место да се идеализира и да се очекува дека некој од чинителите во политиката ќе се однесува по некој очекуван смер на однесување - ова е „див запад“, борба меѓу две племиња, без правила.
Идеологизацијата е основниот порив за борба, мора да го има, инаку поентата ми ја промаши, целта ми беше да доловам момент во кој платично се објаснува дисипација на носење на одлуки кои од етиолошки аспект се причинско последична врска за денешната ситуација, од една страна, и концентрација на одговорноста за истите. Концентрацијата на капиталот и создавањето на корпорациите слободниот проток на капитал, експанзија на истите преку национални, државни граници т.н транснационални корпорации во суштина се највисокиот стадиум на капитализмот, некој го нарекол империјализам, сега се нарекува глобализам, тоа е природата, онаа инстинктивна кај човекот, меѓутоа тоа не значи дека треба да се остави сето тоа само на пазарната економија, постојат механзими кои регулираат дел од овој процес. Во САД постои комисија која се бави со берзанска трговија, контрола на протокот на капитал, шпекулативно работење итн...поентата ми е примена на т.н легалистички аспект кон проблематиката, максимално регулирање на недореченостите до степен да не постои сива зона во процесот на доделување на јавните набавки и вработувањата во јавниот сектор. Се согласувам дека анулирање н корупцијата не постои, посебно кога се работи за факторот човек, но постои начин за драстично намалување, мислиш дека немаат идеи некои универзитетски професори, магистранти, докторанти по универзитите кај нас, но нема иницијатива токму поради околностите кои ги наброја, кај нас постои партиско менгеме, кое притиска се до моментот средината не префрли на едната или другата страна, останатото се смачкува буквално, различни страни, сепак дел од истиот механизам.
Кај нас сеуште исклучително влијание имаат структурите кои се остатоци од претходните владетели, окупатори ситеми како сакаш наречи ги, тие врховистичко-удбашки структури моментално се тие кои служат како катализатор на разбивањето на демократските, пред се, но и Евро-Атлантските процеси посебно кај нас, сепак Балканот ќе си остане тоа што е.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.056
Поени од реакции
23.501
Ова во парламентот не е дебата, ова е циркус од страна на ДПМНЕ
И јас гледав циркузи од СДСМ години на назад па можи затоа не сум изненаден, повеќе сум изненаден што ти глумиш изненаден, како првпат да гледаш циркузи во парламенотот.
И во Бугарија победил пријателот на Грујо, кој има само пофалби зборови за него
И така наеднаш Борис Борисов ни стана најдобар пријател, безмалку херој , ама пак затоа душманот Кире Лазаров ( онака прво ми текна на него, инаку одбери кој сакаш ) аир да не види. Предавник низаеден.
Кој ке биди следниот ваш херој од странство ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom