The King of Clay
Модератор
- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 5.032
- Поени од реакции
- 3.608
Еве ја темата за вториот мастерс во тениската сезона. Сметам дека нема потреба за некое спектакуларно отворање, важните информации околу турнирот сигурно ги знаете.
Ајде на кратко, турнирот во Мајами има формат на жреб ист како и во Индијан Велс, ќе се игра неполни две недели и тоа е причината што многу го сметаат како петти грен слем.
За разлика од претходните години, оваа е видно ослабен поради отсуството на Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, па така први двајца носители ќе бидат Вавринка и Нишикори.
Првиот натпреварувачки ден е веќе завршен, денес се одиграа околу 50-тина мечеви, сите со квалификационен карактер. Утре почнува главниот жреб кај дамите, а мечеви од главниот жреб кај мажите може да очекуваме веќе од среда. Два дена подоцна почнува второто коло и на сцена доаѓаат и дел од тие 32 носители кои биле слободни во првото коло.
Ќе биде интересно да се види како ќе реагира најдобриот играч за 2017, тоа е несомнено Федерер кој ги освои и двата најважни турнири до сега, интересно е тоа што на вториот освоен не загуби ниту сет. Дали ќе може да продолжи со неговата неверојатна игра и тука?
Покрај Роџер, очекувам добри партии и од Вавринка, Надал, Тием, Димитров.
Токму Тием денеска учествуваше на правењето на жребот во неговата категорија и немаше баш добра рака, во евентуално четвртфинале би требало да игра против Федерер.
Целосниот жреб од машката конкуренција може да го видите тука.
За дамите верувам нема потреба да пишувам, просто не беше ни спомнат шампионот од Индијан Велс, ниту пак се прокоментира некој од мечевите.
И кај мажите и кај жените има нешто заедничко, оваа година и двајцата актуелни шампиони нема да бидат во можност да ја бранат титулата, како што спомнав погоре Новак нема да игра поради повреда на лакт, а поради мајчинство Викторија Азаренка ќе пропушти солиден, ако не и цел дел од тениската сезона 2017.
За крај, ајде по еден одговор на анкетата, без Новак и Мареј ќе биде интересно како ќе одат гласовите.