Sungerot Bob
Живеј го животот
Муабетот од Драга Кајгана за тоа каква е хигиената во кафаните, кафичите, хотелите, како и за тоа што се се случува во кујната, а гостите незнаат за тоа, ме натера да ја отворам темава.
Сите ние сме слушнале од некој за тоа како на некое место хигиената не била доволна, чашите биле замачкани, во нив пливало некое ѓубре..................... или едноставно сме биле дел од персоналот, па со самото тоа сме биле и сведоци за нехигиената во угостителскиот објект.
Еве јас како некој кој има искуство со работа во угостителски објект би почнал со искуството. Прво и основно, нешто што го приметив кај помошниот готвачки персонал е тоа што додека ја подготвува храната, си ги подлижнува прстите, па пак со нив се меша во храната. На тоа бурно изреагирав, но во туѓ бизнис дефинитивно еден неможе против сите. Потоа друга работа која не ми се свиѓаше и е страшно нехигиенска е тоа што еден период мравки лазеа по храната, па мравките беа тргнати, па дел од храната повторно се врати во продажба.
Нешто што е исто така нехигиенски е тоа што чашите и тањирите употребени од сите гости заедно ги ставаа/т без претходно да ги исчистат и исплакнат во машината за садови, па згора на се по миењето некои од чашите со се флеки од сјајот одат во употреба. Нехигиенски е тоа што сосовите кои личат чисти и недопрени од некој претходен муштерија повторно ги враќаат во главниот сад за сос каде истиот и се чува. За млекото за правење пена за кафе кое стои неколку дена во металното ѓезве/сад во фрижидер да не збориме.
Па во оваа тема споделете ги вашите искуства. Кое е вашето мислење за ова, дали вината лежи кај газдата или кај персоналот?