Еве ме мене пак.
Бидејќи не сакам многу крцкава пита, сакав повеќе да ги омекнам корите за да не се почувствува многу дека е со готови, па направив повеќе фил и го шлапнав на крај одозгора остатокот.
Првпат да правам пита со праз, а да не биде целосно со праз. Овојпат додадов плус павлака, млад кромид, јајца, пченкарно брашно, пециво, зачини...
Ама мислам нема поголема радост од тоа на мали дечиња да им се допадне.
На крај едното ми рече: Дадо, ако мозес, кога ке мозес пак да наплавис од слцињава и од питава, ама ако мозес.
Јас не сум за деца, има трупчиња да ги направам уште од мали.
Со блиц:
Без блиц:
П.С.
@bobipp бидејќи беше единствен пријавен со супата, ти одлучуваш која ќе биде следната тема.