Првоотворената истрага, која се води под името „Табла“ се однесува на кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 од Кривичниот законик, а постои основано сомнение дека е извршено од страна на Директор на Централно основно училиште „Реџо Рушит Зајази“ с.Зајас, Општина Зајас.
Имено, од доказите произлегува основано сомнение дека осомничениот на
28.06.2006 година во Кичево, како службено лице – Директор на наведеното училиште ја искористил својата службена положба и овластување и oвозможил имотна корист за едно правно лице.
Постои основано сомнение дека без да се спроведе постапка за јавна набавка и спротивно на задолженијата дадени со решението од Министерство за образование и наука на РМ, осомничениот со намера правното лице БАУПРОФ ДООЕЛ Кичево да се стекне со имотна корист, склучил Договор за градење на нов училишен објект во с.Горно Строгомиште Општина Кичево, за износ од 12.346.394 денари или 200.000 евра“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.
http://www.libertas.mk/direktor-na-osnovno-uchilishte-od-zajas-osomnichen-od-sjo-skluchil-dogovor-od-200-iljadi-evra-bez-postapka-za-javna-nabavka/
Аман дури до 2006-та се вратиле?? Значи и тогаш имало прислушкување само што СДСМ беше на власт. Или??