Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.279
Во мое време, некаде во 80 десетите јас почнав да проучувам историјата на раното христијанство, каде се запознав и со политички и со економски и со воени и општествени одлики на тоа време.Би те замоли сепак да се обидеш да ми одговориш. Доколку ти е пресложено да изнајдеш точка од каде да почнеш, дозволи јас да ти помогнам малку. Онолку колку што можам.
Многу ме интересира да знам, воедно предлог за почеток, од кои редови се бирани гувернерите за римските провинции. Значи како се избрани, како се поставени и која им била најбитната должност. Посебен осврт на тоа што се случувало со гувернери кои неуспешно ја вршеле работата.
Потоа може да ми го објасниш еврејското право, односно што е дозволено, а што е казниво и какви санкции постоеле во нивното право. Посебно да се задржиш врз моќта која ја имале управувајки со политичкиот и духовниот живот на евреите. Бидејки мојата скромна способност во вакви сложени работи не дозволува да сфатам како еден столар успеал тогашните великодостојници да ги раздрма до тој степен да морале да побаруваат услуги од римската власт (Пилат) и да и` се закануваат доколку не бидат остварени. Многу ме интересира, да ми ја објасниш и дипломатската тежина која ја имале Фарисеите што се осмелиле да условуваат човек кој без трошка совест и одговорност би ги убил заради лично непочитување.
Мислам дека ако почнеш од овде ќе немаш некои посебни потешкотии да ми одговориш како што си навикнат. Онака, со аргументи и докажани факти.
Поздрав
Во тоа време а долго после тоа, немаше национал географик а ни кабловска ТВ, немаше ниту интернет ни гугле (прв пат со интернет се запознав 97 или 98 преку нетскејп навигатор) немаше ни пдф фајлови а ни клипови.
Се читаа книги кои беа печатени со свои ИСБН броеви, каталошки заведени со познат автор. Се бараа податоци не преку срч на гугле туку лист по лист, книга по книга, том по том. Денес ти ќе искуцаш “Џизус крајст суперстар“ и ќе прочиташ 3-4 реда од то шо ќе ти понуди гуглето без да знаеш кој го пишел кога и како го напишал, на шо го базирал неко свое тврдење. Моето знаење е длабоко и древно, твоето е производ на неколку емисии на хистори ченел и бровсер хистори на мозилата.
Јас можам да дискутирам со некој кој како мене потрошил 30сетина години проучувајќи ја темата али ко ќе речи некој Исус бил столар, знам дека знаењето му е плитко како планинско поточе, кога некој не знае кој го уапсил и како го уапсил Исус, кога некој не знае шо можело а шо не можело туку така да се случува во Јудеја под римска окупација пред 2000 години знам дека имам работа со дете на кој треба да почнам да му опишувам и објаснувам од почеток, од основни работи па да стигнам до поентата.
Ниту го познаваш Рим ни Еврејството ниту светот од пред 2000 години, да познавеше немаше да поставуваш вака за мене многу неинтелигентни прашања.
ПС
ИСусовите учења во основ биле фарисејски, идеите и целите на Исус се поклопувале со тие на Фарисеите, али од каде ти да знаеш кога за фарисејството си дознал само од новиот завет без да си го замааш умот со некои си таму записи и истории