Не, не бев на тој во Скопје, не се исплаќа да се оди кога се уште ја нема главната забава.
Проблем е што ти не веруваш во ништо.
И министерот да ги броел подобро ќе ги изброел.
Не се носат бе од другите градови, веројатно кога ќе се гласа влада (ако се гласа) тогаш ќе има автобуси.
Повеќе се само малоумен може да ги кажува оние бројки од сликата.
Според мене максимум биле околу 100к, 40 места по 2к плус Скопје 20к, 100к, пред да ми реплицирате да знаете дека не сум ги броел, само онака сметам.
Друго велите се намалувал/зголемувал бројот, па не се протестира 1 ден па да се излезе еден пат, туку се протестира скоро еден месец, нормално е да има варијации во бројот, дел од протестантите се втора смена, дел одат преку 2-3 дена и сл.
Сепак сметам дека ако се прави влада, без проблем ќе има повеќе од 150к пред собрание.