Бркање технологија е скапичка работа, ако не работиш и да имаш директен бенефит од тоа, тогаш зборот е курчење/чалам.
Другар ти заработува 10000ки, но изгледа сеуште му ги плаќа друг сметките![]()
Ај келнерска математика:
С7 ти е 630 денари на ХХЛ тарифа која тие 1300 во првите 12 месеци и 2340 денари наредните 12 месеци, значи вкупно треба да исплатиш 15120 денари за уредот + 15600 први 12 месеци + 28080 следните 12 се на се 58800 денари трошок за телефон во 2 години :O
С7 ти е 1.149 денари на ХЛ тарифа која тие 650 во првите 12 месеци и 1.169 денари наредните 12 месеци, значи вкупно треба да исплатиш 27576 денари за уредот + 7560 први 12 месеци + 14028 следните 12 се на се 49164 денари трошок за телефон во 2 години :O
Цените ти се од ВИП, разликата со Т-Мобиле ти е мала, 59000 доаѓа М претплата + уред, 62232 денари на претплата од 1499.
Ова ти се цените за Самсунг С7, за еџот стави некоја илјадарка плус.
10 000 ки плата е 240 000 денари за 2 години, значи четвртина од платата треба да даде за телефон.
Замисли од дома да му немаат дадено станче и да треба да плаќа кирија како што голем дел плаќаме или станбен кредит од 150-300 евра месецот, плус сам да си плаќа сметки струја/вода/тв, плус облека,плус храна, има пари за с7ца?
Се додека даваат мама-тате и со 5000ки секупува с7ца, па дури и бмв се одржува и е ефтино за одржување, ама кога треба сам да платиш се и претплата од 600ки скапо ќе ти биде.
Вашиве пресметки ме потсеќаат на математиката што му ја правеше Цацко на џандарите:
Другар ми одамна е вдомен во сопствен стан и моментално е среќно оженет.
Има 2-3 кредити кои редовно си ги плаќаат со жена му. Кредитите се поврзани во главно со опрема за станот.
И жена му зема плата и сами си ги плаќаат сметките.
Ниту еднаш се нема пожалено како затаиле некоја рата.
Мајка му и татко му одамна му ги нема бидејќи не се повеќе на овој свет. Нема кој да го помага, и не му оставија некое наследство.
Работеше и во странство, создаде некоја паричка, запозна девојка, се врати овде само поради неа, си зема стан и тоа е тоа.
Станот го заработи 80% сам во странство. Со голем труд и со храброст. Работеше деноноќно. Неговите не беа богаташи. Се што создаде создаде сам во Африка. Така да тој факт неможеш да ми го побиеш зошто ми е жив пример човекот.
Инаку ми рачунаш тарифи за 2 години + уред брат.
Муабетот е само за уред. Тоа ти е исто ко да купиш шпорет сеа 15.000 од Нептун на 24 рати и да ми рачунаш колку струја ти троши шпоретот за тие 2 год. Секако дека шпоретот нема да излезе 15.000-20.000 со каматата, туку ќе излезе „400.000 ден.“


Пошто јас не пушам цигари, не значи дека треба сега на тој што пуши да му кажувам како во месецот дава 50 евра за нешто што не е ниту потреба ниту луксуз, туку обично труење и шок за човечкиот организам...
Трошокот за цигари во 1 месец ти се скоро 2 добри рати само за уред (Galaxy S7).
Galaxy s7 се набавува и по цена од 30.000 ден. од Mobelix, Ledikom итн. т.е. се наоѓа за поевтини пари од цените кои ги нудат операторите и овластените продавници како Сетек.
Пак ќе ти повторам дека секој вложува пари во она што го сака.
Тука ја завршувам дискусијата зошто нема никогаш да ми докажеш, а ниту пак јас ќе ти го променам мислењето.
Да не претеруваме...
дај не зезај, би земал ти телефон на 48 рати?
Не би земал, затоа што сум на договор преку Телеком и така земам телефони цел живот, па потоа ги препродавам и земам нови. Мојот начин е тој.
Јас колку толку ја бркам технологијата, и уред кој е стар 4 години за мене лично е стар уред.
Тоа е единствената причина зошто не би земал на 48 рати. Нема да можам подоцна да го продадам по исто така висока цена.
Кога би барал друга алтернатива, би го земал на онолку рати колку што ми дозволува мојата моментална финансиска ситуација се разбира.
Тоа што некој нема пари во моментот за појак телефон, не значи дека Нептун, Телеком, Сетек, Вип итн. треба да ги променат цените на производите.

Има различни купувачи. Некој има за Iphone 7 Plus, некој нема за LG L70.
Другар, на крајот секој купува по потребата, по желбата и по дозволеното. Уреди има по цени за сите и за секого. За секаква потреба.
+ Воведени се тие 48-72 рати, за да во моментот (во месецот) корисникот не биде многу „удрен по џебот“, а да има можност да земе нешто поскапо и поквалитетно доколку има страст кон тоа. Се разбира дека на крајот банката мора да има ќар од тоа...фала Богу.
Ама ако не сака некој да им дава дополнителни пари на банките и тера инат, нека повели и нека си го плати во кеш уредот доколку толку многу сака да го има...

Има луѓе што не им се даваат пари за телефони. Едноставно не им се потреба, не ги влече технологија. Не ги осудувам.
За тие луѓе си има телефони за 0 денари по операториве, или пак можат да земат уред со некоја смешна доплата

Но, некои луѓе ги влечат цигари, кладилница, казино, велосипеди, автомобили и делови, патувања низ светот, спорт.... па вложуваат таму наместо во уреди.