До кога ќе се смеете на прислушкувањето? Јаки ви се овие шали, како демек еј види ги што зборат сами себе ли се прислушкувале. Како не разбираш дека зборувале со лица чии телефони биле прислушкувани, има докази има се. Значи ти мене ме прислушкуваш и ми се јавуваш, освен мојот глас чиј друг ќе има?
Ја мислам дека го немаат сфатено уште концептот на прислушкување. Изгледа не сфаќаат дека тоа било машина (или повеќе) со скап и моќен хардвер и софтвер, купена за таа намера со милиони евра, отпосле уништена (или еден дел). А памтам уште во собрание како се правдаа за донесувањето на закон операторите да им носат линија директно до УБК оти било тоа за фаќање терористи. Имаше од опозиција пратеници кои укажуваа дека со тоа ќе може да снимаат кога сакаат и колку сакаат, може да замислите какви реплики добиле. Не памтам детали, ама сигурно Илија им „плеснал“ нешто колку непатриотски бил нивниот став и опасен за безбедноста на државата. И сѐ тоа нема врска, сите докази и цела здрава логика не е битна, битно е
„што, сами се прислушувале, а? хе хе“.
Не знам како си го замислуваат тоа, веројатно дека еден од Груевски и Мијалков морал да седи од другата страна со слушалки, па затоа било „невозможно“.
Слично ко што уставен ги укина кривичните дела за кои претседателот неможе да даде помилувања за дела против избори и гласање, точно темпирано за тој да ги искористи , па вмро глумеа изненаџени и увреѓени од неговата одлука. Ова уште во пократок период, ама се е тоа случајно, да, цел след на настани.
Исто се заборава дека покрај снимките на новинарите им беа давани и документи со извештаи односно нивните разговори прераскажани во кратки црти. Нормално дека Груевски не можел да ги слуша во целост снимките, некој ги обработувал пред тоа. Океј, тоа може да се фејкира лесно ама не е нешто за неверување. А ви текнува како Грујо одма после објавата на снимките шеташе сам и остваруваше „реални проекти“ по селца низ Македонија, а никој околу немаше, ни Ставре ни Гоца не беа во јавност извесен период? Им требаше време дури ги смират страстите за да дојдат до тоа дека нема врска што било, ако сакаат заедно да излезат од гомната ќе им треба уверлива и конзистентна приказна. Па и Миле од копиле му стана фамилија на Ставрески
Додека не ви смислат подобра финта за да ја повторувате како папагали.
Чисто процедурално, во разговор помеѓу Мијалков и Груевски, кој бил прислушкуван?
Чисто процедурално, ти текнува на муабетот на Гордана со Чавков за комисијата за надзор во УБК, Тито Петковски мислам дека беше во неа?
МЧ: Така, Комисијата ја водат они.
ГЈ: Да де, ама тоа е тоа. Но ова значи дека они ќе донесат одлука и ќе го известат или министерот или директорот, сега, кого и да го известат. Па ние им кажуваме дојдете тој и тој ден, тогаш.
МЧ: Така.
ГЈ: И нормално, они се мнозинство, ќе дојдат, ќе речат: Ааа, се прислушкува цела држава. Ние ќе речеме не се прислушкува. И толку.
МЧ: Така. Мислам дека може.
ГЈ: И толку ќе биде.
Онака и текнало дека може тоа да речат, не дека она не била уверена дека сѐ е чисто и регуларно. И немој сеа да користиш контра аргумент дека таа би знаела ако самата е прислушувана
слушнавме колкаво пиунче била, како и сите околу братучедите. Нивно било да потпишуваат и да не прашуваат многу што се купува и што се прави. Знаела дека цела опрема не е купена за џабе, ама сигурно не помислила дека може да отиде дотаму и верните министри кои ги поставил да бидат прислушувани.
Туку што испадна со жолтите комбиња што кружеле низ Скопје, нели имаше докази и ќе имаше транспарентна процедура?