Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
29 декември 2012
Мислења
275
Поени од реакции
480
Одлична акција возбудлива до самиот крај како и сите филмови на Џејсон , вреди да се погледне особено за љубителите на акција за другите филмот нема некоја поента или нешто што ќе ве натера да размислувате туку типичен акционен филм :)

 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Nocturnal Animals (2016)

nocturnal_animals.jpg

Одамна не сум пишал на темава, ќе пробам да пишувам почесто во 2017 :)

Двочасовно возење креирано од дизајнерот Том Форд и одлична актерска екипа. Оние што знаат малку за Форд може и да ги приметат елементите од неговиот стил вметнати на сите страни во филмот.

Приказната е комплексна и се случува во сегашноста, минатото како и во замислен свет. Главниот лик го глуми Ајми Адамс која што вака надворешно делува како совршена жена со совршен живот, но всушност е речиси депресивна и скршена. Џејк пак глуми мистериозен лик од нејзиното минато кој што се појавува од нигде никаде и преку еден поклон што ќе и го испрати целосно го превзема нејзиниот живот како и дејството во филмот. Мрачната но стилизирана драма потоа преминува во возбудлива крими приказна која е инспирирана од нивните животи.

Нема да пишувам повеќе бидејќи нема потреба да се објаснуваат детали од оваа прекрасна драма/мистерија. Мора да се каже секоја чест за начинот на кој Џејк ги бира улогите мислам дека нема утнато филм можеби од Source Code.

Што знам можеби ова дефинитивно ми влегува во потесниот круг за филм на 2016та година. Од мене 10/10
 
Последно уредено:
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Don't Breathe (2016)
http://www.imdb.com/title/tt4160708/

Филмов само што го изгледав и неможам да издржам до утре да го предложам некому зато овде ќе пишам.
Се работит за 3ца тинејџери кој провалуваат во куќи и крадат се што ќе му дојт прирака и шо мојт да бидит понудено на црниот пазар. Се то му го продаваат на нивни чоек кој исто така му ги кажвит дојавиве за провалување.. И така налетвет на осамен слеп старец бившо војно лице, кој ја изгубил керкаму и за тоа добил дебело оштетување. Ќе му се чинит како лесен плен но настаните кои ќе се одвиваат многу добро ги опишува имево на филмов. Посебно ми се бендиса шо и 2ве страни во филмов не се форсирани многу за позитивна и негативна,добро едната страна мојт да се речит дека е помалце негативна од другата, така да филмов идат онака ко да гледаш добар фудбал а воопшто не ти е битно кој ќе победит. Забелешките шо ги имам ќе ги изоставам за да не ви откривам детали од филмот, од мене 10/10 имат, па бујрумте ако сте за.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Man Up(2015)



Филмов го гледав пред некоја недела по препорака од @Клипче (y) тенкс амиго
Во глобала филмов не е лош ама ко што реков е ту гуд то би риал :D за расположение да поткрене добар е ;)
Има смеење, романтики, доста забегани ствари ама пред се една позитивна типка која донт гив а шит и е така инспирејшнал.
Се трга од моментот кога се сретнуваат некако по грешка и девојката премолчува на некое време дека всушност не е таа со која што ликот треба да е на дејт...
Патем не ви препорачувам трејлер да гледате.
Лесен, забавен и интересен, моја оценка 7/10
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.019
La La Land

Имам измешани впечатоци за филмов, едно е сигурно - ова е супер креативен, неконвенционален, breath of fresh air филм. Ко џез партитура е, не можеш да го дефинираш во некоја рамка. Од друга страна во никој случај не би го ставил над Whiplash, барем според впечатоците со кои ме остави на крај. Во Whiplash го имаш набојот, ја имаш страста, те разнесува уште на пола филм, и што е најбитно џезот/музиката беше фронтранерот таму. На начинот како јас го доживеав би го поделил на две целини. Првата би била feel good 60 ти мјузикл, на тоа целел режисерот, само не знам колку Гослинг и Ема Стоун се снајдоа во нивните улоги. Генерално Рајан Гослинг ми е кул тип, кој и без да кажува многу може да ти ја долови моменталната ситуација само гледајќи му го изразот на лицето. Е сеа, back in the 60's, глумците давале доста подраматична глума, значи прво што ми паѓа на ум се Натали Вуд, Одри Хепберн, Тони Кертис, Џек Лемон, Џери Луис, Мерлин Монро итн. лупам на памет значи. Оваа генерација на млади актери, не дека се лоши глумци, едноставно за тоа што го барал режисерот од нив, премногу реалистично ни го пренесуваат дејствието или настаните. Немаш чувство дека си во некаква музичка бајка. А Шазел токму тоа сакал да го постигне, ефектот на бајка, со сите сјаечки светла и ноќни пејсажи. Друго, пеењето и играњето беа лоши, ама стварно лоши. Гослинг е здрвен и е смешно да го гледаш како се мучи да игра, не знае да пее, Ема Стоун попристојна беше. Иако секоја чест за песнава


ако не земат оскар за оригинална песна/музика или за што и да даваат, срам да и е на академијата. Пак ќе кажам ја унаказија двајцава песната,
можеби преку песнава Шазел сакаше да ни каже дека филмов не е класичниот хепи енд мјузикл. Има некоја носталгија и болка за изгубена љубов во неа, а како привршува филмот чувството се интензивира.
Друго, мјузикли не ми се баш омилен жанр, ама ај тој дел се потрудив да го игнорирам, она што не можам да го игнорирам е што у филм за џез ставаш музика што би ја стаил у рандом мјузикл, тоа е грев, боље да прилагодеше некои смут џез композиции, ќе искочеше боље, иако ќе кажам, за City of stars имаат длабок поклон. Ја на пример кога би снимал џез филм, цел филм би се одвивал у џез клуб со пригушено светло, би идела музикава у позадина
би се пиел џин Ричи и Хенеси коњак. Ма све би се пиело, сите можни ликери, брендиња, коктели и многу жени со длабоки деколтеа и миничи. :D А за фајронт обавезно Дјук Елингтон

:icon_lol:

Него отидов јас со мојов филм. Каде бев :D, а да, филмов е жив доказ дека животот не треба да се сфаќа пресериозно.
Најгенијалниот дел од филмов е вожњата што ја понуди при правењето прелаз од фил гуд филмче во 500 days of summer, тоа е вториот дел од филмот за кој сакав да зборам.
Пред да се префрлам на тоа, не можам да го изоставам делот во кој Шазел пробува да ни објасни колку е тешко да ја продадеш уметноста. Од една страна навистина е тешко да ја продадеш во вистинска смисла на зборот, од друга страна ја продаваш/предаваш морајќи да ги правиш сите компромиси кои ја изобличуваат во твоите очи и се чувствуваш како да си си го продал сопственото дете. Забораваш зошто уствари си почнал да се бавиш со тоа што некогаш толку си го сакал, ко да ја нема и онаа искра од внатре што те водела напред. Откако ќе ги поминеш сите понижувања и лупнати врати, универзумот ќе установи дека си фит фор да џоб. Токму поемава на Ема Стоун збори за тоа
и на крај кога соништата ќе станат реалност, а соништата кои несвесно си ги живеел до пред малку, стануваат минато.
Сега доаѓаме до вториот дел, навистина горчливо чувство, особено оние кои некогаш го осетиле на своја кожа. И одеднаш филмов од џез се претвори во блуз... Болен беше делот каде човек свесно, поради љубов, се става себе, своите емоции, своите надежи ко потпора за оној што го чувствуваш близок. За на крај се да заврши добро, освен ти кој ќе си завршиш со спомени и со својата музика. Затоа драги луѓе безусловна љубов најдобро е да имате само кон идеите, тие никогаш нема да ве напуштат или вие нив, напротив може само да раснете и да се редефинирате меѓусебно, луѓето доаѓаат и си одат, како и се опипливо на овој свет.
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.404
Поени од реакции
9.274
Fences 2016


Ептен ја потценив годината на невидено, планирав ни еден да не гледам, а толку многу ќе пропуштев, сите се добри филмови, ама нешто што највеќе ми остави впечаток беше ова.

Дензел Вашингтон како режисер и главен лик во драмата за еден црнец од работната класа кој е исфрустриран од односот на општеството кон него, од работното место каде што мисли дека е обесправен, потиснат и потценет, фрустрациите си ги лечи дома, врз сопругата и синот, обвинувајќи ги дека недоволно го почитуваат и ценат и не враќаат онолку колку што тој им дал, а се она што добиле од него е неговото иритантно присуство.

Одлична драма и совршена анализа на еден човек кој после низа неуспеси се претворил во себично, рамнодушно, неподносливо и егоистично гомно, на една обична жена која го посветила животот да биде совршена сопруга и мајка, која секојдневно живее со критиките на сопругот кој ја обвинува дека поради неа живее монотон и ист живот и на еден син тинејџер кој не смее да се бори за она што го сака, затоа што татко му не успеал да си ги оствари соништата...

Кој фактор е крив за она што на крај постануваме, и дали сите ние на крај се претвораме во нашиот татко?

На страна сите коментари дека црнците напнале со тоа дека се обесправени, мене воопшто не ме интересира тоа ако се работи за добар филм, а овој за мој вкус беше одличен!
Глумата одлична, веќе ја гледам Виола Дејвис како се смешка со оскарот за споредна, презаслужено! Огромна препорака. 9/10
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Manchester By The Sea (2016)

MV5BMTYxMjk0NDg4Ml5BMl5BanBnXkFtZTgwODcyNjA5OTE@._V1_UX182_CR0,0,182,268_AL_.jpg

Во сезоната на Оскарите, еден типочно оскаровски филм. Прекрасна драма во која главната улога ја има Кејси Афлек.

Убаво режирана приказна во која главните ликови се Кејси и неговиот внук тинејџер во еден мал америкаснки град. Обични луѓе со многу маани од тесно поврзано семејство кои што ги разделиле низа на трагични настани. Сепак една нова заедничка трагедија односно смртта на таткото на Патрик и братот на ликот кој што го глуми Кејси ќе ги принуди на заеднички живот и повторно соочување со духовите од минатото. Настаните во филмот се движат со умерено темпо во денешно и минато време со цел да се прикаже причината за моменталната состојба.

Сосема реална ми делува оценката на имдб и се надевам дека ќе успее филмот да освои некој значаен Оскар бидејќи е во конкуренција. Од мене 8/10
 
Член од
12 јануари 2013
Мислења
99
Поени од реакции
198
Captain Fantastic(2016)


Прво, филмов дефинитивно не е за секого. Приказната е за фамилија со 6 деца, кои живеат на многу нетипичен начин за нашето модерно општество, и е прикажан начинот како таткото ги одгледува и како сите тие се справуваат со смртта на нивната биполарна мајка. Децата се многу интелигентни, мене многу ми беше интересно како ги воспитуваше татко им, и какви навики имаа. Филмов заслужуваше номинација за оскар, ама само таткото (Viggo Mortensen) е номиниран за главна машка улога, ама и децата беа извонредни! За сите љубители на нетипични емотивни драми, го препорачувам.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.019
Само што го гледав Miles Ahead. Од прва не бев импресиониран, али кога размислив подлабоко ова е доста паметно направен филм. Целото дејствие од филмот е вулгарна симплификација на животот на Мајлс, за оние кои што ќе очекуваат виша уметност, don't bother, филмов му доаѓа ко трибјут кон животот на Мајлс преку метафора олицетворена во фиктивна приказна отсвирена на труба. А го симнав уште прошла недела заедно со Born to be blue (филмот за Чет Бејкер), и гледам денес на Телма го даваат. Се на се не бев разочаран. За разлика од филмов за Мајлс, филмот за Чет е повеќе биопички и има некоја 'дрими' атмосфера, игра и на карта на емоции што кај мене беше пресудно Born to be blue да ми се допадне повеќе. И Итан Хок и Дон Чидл беа маестрални, со тоа што Дон Чидл беше нереално добар. Чудно ми е како за вакво нешто, зборам за глумата на Дон Чидл, не добива ни малку внимание ако не веќе номинација за Оскар. Големи артисти и тешки џанаци ќе му дојде ко 2 у 1 или НЗС за филмовиве.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Assault on Precinct 13 (1976)
http://m.imdb.com/title/tt0074156/
Добра трилер акција за тепање време. Филмов има римејк кој е малку изменет ама не е толку добар како оригиналот.
Вооружена група ја напаѓа полициската станица, треба да се издржи до зората. Како што реков за тепање време е супер, не очекувајте ремек дело.

Escape from New York (1981)
http://m.imdb.com/title/tt0082340/?ref=m_nv_sr_3
Уште еден филм на Карпентер, далеку попознат од оној погоре предложениот.
Менхетен е претворен во затвор каде не важат никакви правила, таму се наоѓа киднапираниот претседател на Америка кој мора да биде спасен. Курт Расел како Снејк Плискен тргнува во акција. Една од подобрите глуми на Курт, одличен филм.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.019
The Revenant

Каснам едно година со филмов, у суштина од гледање ме одвлекуваа многуте критики дека филмот трае премногу долго и е досаден. Очекував спора драма, а добив сурова егзистенцијалистичка верзија на Авантурите на Том Соер и Хаклбери Фин или Повик на дивината. Да, филмов има наративна брзина на одвивање на дејствието, тоа е еден од факторите кој што ја праи магијата. Второ, ова е филмски класик, значи не зборам за филм за кој викаш бил добар и го забораваш после две недели. Ова е буквално филмски класик ко да речеме Once upon a time in America или Кум 1. Остај тоа, него е и кинематографско совршенство, овој филм ќе биде изучуван на филмски академии. Камерата најпрвин го фаќа пејзажот, природата и полека се фокусира на Лео како го напаѓа мечка, сето тоа у еден тејк. Со тоа у едно се спојуваат неверојатната убавина на природата и нејзината бескомпромисна суровост и немилосрдност. Ако треба со еден збор да се опише филмов тогаш тоа би било сирово и реалистично до коска, дури Инариту малце и претерал. Сепак ова е филм во кој на хероите пред се им се гледа стравот во очи, и само среќата и истрајноста, а не нивните неверојатни способности, се тие кои што им пресудуваат да живеат. Како и во секојдневниот живот. 10 од 10.
Кога ќе размислам дека лани оскар доби филм за попови педофили. :pos: За наредна година очекувам филм за правата на животните или за gender equаlity. Инаку секоја чест за Лео, бајаги се измачил али Том Харди брате :oleee:, каков карактер изгради низ филмот...
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Contratiempo (The Invisible Guest) (2016)

1.jpg

Фантастичен шпански трилер, од режисерот на El Cuerpo.

Во главните улоги се двајца млади, убави и успешни ликови кои што се впуштаат во љубовна авантура. Сепак на враќањето во Барселона од една нивна средба тие предизвикуваат сообраќајка со трагични последици по едно младо момче, а потоа и нив.

Динамиката на филмот е таква што овие 100мин колку што трае ќе ви се причинат како 10. Режисерот е одличен како што се и главните и споредните ликови. Сум гледал многу шпански трилери со вакви мрачни стории и мора да се каже дека имаат некој специфичен и генијален пристап. 9/10
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Крими документарец што дефинитивно ќе ве врзи за столчето доколку се љубители на тајните служби и нивната борба против модерниот тероризам.

Линк до видеото: http://channel.nationalgeographic.com/remembering-911/videos/liquid-bomb-plot/

Тагови: #liquidbombplot #mi5 #surveillance #counterterrorism
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
The Taking of Pelham One Two Three (1974)

Интересен филм, многу. Четворица вооружени киднапираат еден од возовите во метрото во Њујорк, 1 милион долари се потребни за да ги ослободат патниците. Интересно станува кога киднаперите нема толку лесно да се сложуваат.
Нормално филмов има римејк, со Џон Траволта и Дензел Вашингтон, крајот е изменет ама пак филмот е тука некаде како оригиналот. Интересни се и оригиналот и римејкот, ама јас оригиналот би го препорачал.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.086
Collateral Beauty (2016)
Дефинитивно Вил Смит игра одлично во драми полни со емоции. Малце самата приказна со глумците и писмата е некако луцкаста, во секој случај акцент е ставен на некои вообичаени човечки дилеми. Барем за мене добра драма, а за ова се заслужни и Едвард Нортон, Кејт Винслет и Мајкл Пења, јака екипа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom