Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
27 мај 2013
Мислења
3.470
Поени од реакции
4.623

My Sister`s Keeper

Филмов го гледам по трет пат и ненормално многу ме допира.
Се работи за семејство со три деца од кој третото(најмалото) е инжинирано во утробата за да биде совршен донатор за нејзината постара сестра која има леукемија. Овоа најмалото ги тужи родителите поради што повеќе несака да трпи болки и медицински третмани.
Несакам повеќе да откријам само морам да кажам дека секој од вас мора , буквално мора да го погледне.

На Имдб 7.4 од мене 10ка јака !
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.401
Поени од реакции
9.270
Mystic River

Патиштата на тројца пријатели од детството повторно ќе бидат споени откако ќе се случи трагедија-убиство на ќерката на еден од нив. Истрагата и текот на филмот ќе ви изгледаат предвидливи и лесни, но тоа што овој филм го прави поразличен од другите крими филмови со истраги е тоа што тука ништо не е како што изгледа. Емотивна приказна со совршен заплет.

Клинт Иствуд одлично си ја завршил работата како режисер, како за приказната, така и за изборот на актери. Шон Пен во одлично издание на очаен татко кој е спремен на се само да го најде убиецот на својата ќерка и да ја одмазди нејзината смрт по секоја цена, Кевин Бејкон како полицаец кој е задолжен за истрагата и Тим Робинс како чуден, очаен и затворен тип кој се бори со своите демони, преживувајќи пекол после траумите кои ги доживеал во детството. Еден од моите омилени филмови (y)(y)
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.470
Поени од реакции
4.623
Legends of the fall


Се работи за..
Полковник William Ludlow и неговите три сина(Самуил, Тристан и Анфред)
Живеат на ранч. Самуил ја носи својата вереница(Сузана) со цел да ја запознае со своите браќа и татко. Таа останува да живее со нив на ранчот. Анфред се заљубува во Сузана а она во Тристан. Работата станува уште полоша кога тројцата браќа одлучуваат да се приклучат во првата светска војна во Европа 1914 година и покрај приговорот на нивниот татко..

IMDB: 7.5

ОД МЕНЕ: 9
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
El Cuepo (The Body) 2012



Уште еден во низата убави шпански трилери, но овој за мене спаѓа во групата на најдобри. Приказната се врти околу случувањата во Институтот за Форензика мислам дека е во Барселона каде што една вечер искусен чувар преплашен од нешто бега од зградата и е ударен од автомобил. Со овој настан започнува истрагата која што ќе открие дека всушност во мртовечницата фали телото на една од последните жртви, неверојатно успешна и богата жена сопственик на хемиска компанија.

Ќе престанам овде бидејќи мислам дека колку помалку знаете за филмот пред да почнете да го гледате, толку повеќе ќе ви се допадне. Ќе ви препорачам ниту да не го гледате целиот трејлер на филмот. Прекрасен трилер со многу пресврти и одлична глума и режија. Ремек Дело на шпанската кинематографија. Од мене 9/10
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.596
Поени од реакции
18.018
После подолго време сум толку многу импресиониран од филм што дури и рецензија се решив да пишам. Претежно читам по темиве за филм, барајќи добар предлог, и ако некој го гледал The best offer а не го препорачал направил грев. Каков скапоцен камен е овој филм, а колку незабележано поминува. Совршен е од сите аспекти. Џефри Раш ни прикажа глума која е тешко да ја опишам со зборови. Неговиот глас, начинот на кој се изразува, неговото камено студено лице, начинот на кој оди, даваат уникатен вкус на овој деликатес од филм. Ја направи најдобрата трансформација на лик која било кога сум ја видел на филм/серија, трансформација која ја градеше полека и речиси незабележливо, поради тоа и филмот така неприметно се вовлекува под кожа. Дефинитивно еден од оние филмови кои те тераат да мислиш на нив по неколку дена, како парфем кој случајно те освоил и не може да ти излезе од глава. Дефинитивно ќе направи разлика кај луѓе кои имаат голема скала за градација на задоволствата, суптилни луѓе, кај кои нијансите прават голема разлика. Филм за страста, за посветеноста, за совршенството, за љубовта кон деталите, за уметноста, а сепак обвиен со превез на мистерија, така што создава впечаток на некоја чудна напнатост и надреалност на моменти, делува инспиративно. Навистина не би сакал да пишувам ништо за приказната зошто ќе ме пцуете откако ќе го изгледате. А да, Sylvia Hoeks е толку многу убава што делува нереално, вистинска муза за секој вљубеник во уметноста. И кога на крај ќе се додаде и саундтракот напишан од Енио Мориконе, не можете а да не се вљубите во овој филм. Прекрасно ремек-дело кое ќе ве прогонува, 10 од 10.

 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.470
Поени од реакции
4.623
Arlington Road


Професор на факултет почнува да се сомнева во тоа дека неговиот сосед е терорист. Не треба повеќе да се спомнува, само ќе кажам дека филмов е многу добар мора секој од вас да го погледне.
Имдб скромна 7.2
Од мене 8.5
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.662
Поени од реакции
4.728
Run Lola Run (1998)



Можеби ќе најдеш 100.000 марки за 20 минути но нема да најдеш филм шо е пократок од саат ипол а приближно како овој.
Ова ќе те расони од спиење,спид е бавен збор за текот шо те чека.
Саундтракот додава на еуфорија од почеток до самиот крај.
Еден од најинтересно склопените филмови шо го иам погледнато,замисли си ја напнатоста на Гаспар Ное со cut scenes во стилот на Аронофски.
Не чекај,брзо симињај(превод најди) и гледај.

Bloody Brilliant :cool:
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Snowpiercer (2013)



Експеримент предизвикува да се случи ледена доба и убива речиси се на земјата. Единствениот живот е во масовниот воз кој патува непрекинато и кој е поделен на класи. Во предниот дел на вагоните се наоѓа елитата каде ужива удобен живот, во задниот дел на вагоните се обичните смртници кои живеат мизерно. Возот наликува на роман на Орвел, каде пропагандната машинерија создава класни разлики и поделеност на двата дела од возот, кои креираат два света.
Куртис го предводи бунтот за конечно ослободување на потчинетите од лоботомијата која ја создава Вилфорд, личност околу кој е изграден култ на неприкосновен владател и креатор на системот во возот.
Со секое ослободување на вагон тие се сретнуваат со работи кои не се ни свесни дека постојат. Додека едните јадат протеински плочки направени од инсекти, другите ги уживаат сите нормални привилегии на животот. Групата во бунтот се соочува со проблеми, брутална борба и скриени пораки се до целосното ослободување.
Ако сте фан на делата на Орвел или ако го имате гледано Metropolis (1927) ви го препорачувам филмов.
Не сум фан на давање на оценки, никогаш не ме интересирало тоа.
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Mientras Duermes (Sleep Tight) 2011

download.jpg

Уште еден типичен шпански филм. Едноставна, убава и мрачна драма/трилер.

Главниот лик е човек кој што неможе да биде среќен и кој единственото задоволство во животот го доживува кога ги гледа како и луѓето околу него се несреќни. Тој моментално работи како рецепционер во една зграда каде што повторно се обидува сите станари да ги иритира во зависност од нивните интереси. Сепак една млада и убава девојка е посебен предизвик за него.

Верувам дека ќе им се допадне на сите што го сакаат овој жанр а и европскиот филм. Инаку го има филмот и во HD. Од мене 7/10
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.596
Поени од реакции
18.018
Snowpiercer

Филм метафора кој поставува добри прашања. У суштина главното прашање е дали би ја мењал сигурноста на возот за личната слобода во неистражената дивина? Не би навлагал тука повеќе, очигледно е што сакал да каже режисерот. Начинот на кој е изведено сето тоа е тоа што го прави филмот посебен, а и без да знаеш кој е режисер доволно е да ги загледаш првите 15 минути и да сфатиш дека азијати умешале прсти у филмов т.е режисерот е Јужнокореец, на моменти мислев дека гледам аниме. :) Значи од кај им иде инспирацијава не знам. :) 9 од 10 од мене. :)
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.584
Поени од реакции
81.164
Том Хенкс :cuc:, Ема Томпсон :cuc:.......................:cuc:

Биографски филм за Памела Траверс авторката на Мери Попинс, и Волт Дизни. Средба на сосема два различни карактера, приказна за создавањето на филмскиот хит "Мери Попинс" од 1964 година. Тоа е се на се кратката рецензија, симнете го, земете пуканки, и уживајте во наредните два часа. Нема да зажалите
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Catch Me If You Can (2002)
Океј значи, у превод фати ме ако можеш. Или по нашки, нати куцо мевце.
Овој од лево, е главна фаца. На овој од десно баш не ми текнува, дека одамна го имам гледано, ама ќе ми текне, само пополека. :D Значи овој од лево прави мучки нешто, ау бау. Го бркаат за да му ја скршат кичмата, од многу мучки правење. Ама овој батка, со кошулкава и синиот каиш, уствари он ќе им ја скрши кичмата, затоа што го бива едноставно. Чекај, сеа ми текна! Овој од десно го бркаше, да му ја скрши кичмата. Цело време го бркаше да му ја скрши кичмата, ама на крај, нејќеше више да му ја скрши кичмата, туку го спаси за другите да не му ја скршат кичмата. А овој лево, нели што сакаат да му ја скршат кичмата... у ствари батка има проблеми од дома. Нешто неговите не беа у ред, разводи, вамте - тамте. И овој стана лошо момче, што ќе праиш, таква му била судбината. Ама ако! Го бива, разбираш... он се труди, работи, го имаат у предвид. Дека сака да си ја спаси кичмата, нели да не му ја скршат, шета низ светот. Мења идентитети, бидејќи му се може. Мења и работни места, воа - ноа. Овие упорно сакаат да му ја скршат кичмата, ама овој не им дава. Врвка работава. Си прави свои дипломи, ама меморијава слабо ме држи како беше точно. Па нешто некои сликички лепеше од некои авиони, за да стане возач на авион. Иначе долго трае, сакаат да му ја скршат кичмата два ипол саати, ама тешко им иде. Ама кога ќе видиш, не го бркаат само два ипол саати. Него скоро цело живот. Постојано иде шест месеци понапред, па рикверц у две години. Па шиба напред тринаесет месеци. Треба малку време да сконташ. До душа на мене ми требаше, ма добро, ништо чудно тоа.
Што се тиче до музиката - топ е! Интересна, нешто ко на Пинк Пантер. Кога сакаат да му ја скршат кичмата, у позадина иде она: Пам парам пара рара рам...

Океј значи батка... ја поима си немам како да раскажувам филмови. И мрзам кога ќе ме прашаат за што се работи у филмот. Кога е многу едноставно, сакаат да му ја скршат кичмата.
Или е класика. Двајца се сакаат, има една главна лоша, што сака да и' ја скрши кичмата на добрата. Евентуално добарата е грда, ама се разубавува. Бидејќи внатрешната убавина е битна. Ама на крај, лошава лошо завршува, овие се сакаат до крајот на филмот.

Иначе го препорачувам овој. Што да кажам више? :D

 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.470
Поени од реакции
4.623
OUT OF THE FURANCE


Russell Baze (Крис Бејл) е човек кој решава чесно да заработува, и е вработен во фабриката каде и неговиот татко бил вработен долго време, за разлика од него неговиот по мал брат Rodney ( Кејси Афлек ) и служи на државата во Ирак. Не треба многу да откривам од филмов, нема да ви биде интересно.

Филчево е солидно, уживав додека го гледав. Од мене 7.5 !
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.584
Поени од реакции
81.164

Сабота, 24 Март - 1984 година. Петорица студенти (Пубертетлии :icon_mrgr: ) се приморани целиот ден да го поминат во школо со нивниот професор. Се ќе беше тоа добро, само што студентите се со сосема различни карактери. Во филмов ќе се запознаете со Џон (на прв поглед тежок багабонт и криминалец), Ендју (Спортски тип), Брајан (Еден од најдобрите студенти во школото, ама кај нас ваквите ги викаме "Бубалици"), Клер (Богата татина маза) и Алисон (нездрава личност на прв поглед). Да не го заборавиме и професорот Дик кој исклучително е темпераментна личност, и гледа само како да им го направи денот на студентите помизерен. Како што ви опишав, ученициве немаат ништо заедничко, и се со тотално различно мислење за опкружувањето околу нив. Со буџет од само 1 милион долари, филмов направи тотален БУМ кај тинејџерите. И после 30 години, филмов се смета за еден од најдобрите дела што некогаш се направени во филмската индустирја. Се разбира неможете а да не го забележите саундтракот за филмот, од Simple Minds, песна со која се прославија како бенд.Филмов го ставам во категоријата Must Watch Movies... дека едноставно делово е за сите несватени души :icon_mrgr:

ИМДБ Оценка: 7.9/10
Моја оценка: 10/10

Уживајте :pipi:

 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.470
Поени од реакции
4.623

Семејство на Клајд Шелтон(Gerard Butler) е брутално убиенo. Оние кои се одговорни се фатени. Меѓутоа, поради несоодветна постапка,односно имање само на посредни докази , сторителите добиваат многу мали казни. Клајд се решава се да превземе во негови раце и по 10 години настапува во акција.

Филмов ми е еден од поомилените , има некој не реални дејства но во целост е многу добро направаен филм, а и не ми се верува некој да го нема гледано, ако има таков MUST WATCH е филмов.

Адерналин 500 ми се качи додека го гледав :icon_lol:

Имдб 7.4
Од мене има 10ка чиста:drk:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom