Никогаш не сме имале добро здравство. А нели кон тоа целиме? Нели програмата на поранешната власт секои избори беше дека здравството ќе е подобро? Во било која болница оди ќе видиш какво е, хорор. Низ ходниците има кревети искршени, колички нема пациентите на раце се внесуваат (со свои очи сум видел сакаш верувај сакаш не), докторите не знаат што прават онака на среќа даваат лек, ако се погоди супер ако не не. Па оваа година има 30% повеќе умрени новороденчиња, тоа зошто е? Дека одлично здравство имаме? Или можеби мајките се криви? Ние од европското здравство сме одалечени светлосни години, а можевме да бидеме ако не исти тогаш многу подобри од сега што сме. 50 милиони евра се потрошени за здравството лани, и што е направено? Еден Клинички Центар секои избори го кажуваат, а од него нема ни еден столб кренато. Умираат пациенти по пат, ејј пази во 21век на амбулантно возило му откажале кочници. Па нормално кога тоа возило престанало да се произведува уште пред 50 години. Со канти од возила ги пренесуваат пациентите. Толку големи градови а никакви болници, во Скопје ги носат, а во Скопје бетер. Срамота, па уште ај кажете кога сме имале подобро, засрами се.