Конечно се заврши мојава процедура околу гражданството па да објаснам подробно за неупатените членови каква е процедрата од почеток до крај.
Значи вчера го земав пасошот и мојата голгота заврши. Ама да почнам од почетокот.
Кога почнувате процедура имате две опции преку конзулатот односно амбасада или директно во софија. Првата скала е добивање на бугарски происход од државната агенција за блгари в чужбина или Дабч за потекло, ќе ви треба доказ во вид на стар документ од дедо, баба се признава воени книшки, свидетелства, ученички книшки итн. Најдобар документ е гражданство на родители и во тој случај не е потребно да се вади происход и се заканува директно интервју дали во амбасада или софија. Се признаваат и братучед, тетка, вујко итн за происход. Ако немате никакви документи тогаш ќе земете потврди од здруженија на блгари во Македонија. Има две кој се признати Македонско бугарско пријателство или Бксс во Струмица.Потоа ќе ви треба документација за поднесување. Значи ваш извод, извод од родени или умрени на вашите родители, изводи од родени или умрени од баба или дедо во зависност на кого се повикувате. Ако се поврзувате преку пасош на братучед илу тетка, вујко копија од неговиот пасош и полномошно. Сите документи издадени во Македонија се преведуваат кај овластен преведувач од бугарската амбасада, имате табла таму со телефони и имиња и се легализираат во амбасада или софија. Ако одите преку софија тогаш таму се преведува и легализираат документи. Јас повеќе ќе ви кажам како е преку амбасада. Значи откога ќе ги завршите тие работи закажувате термин за продавање на документи за докажување на бугарски происход во дабч. Ги предавате документите и ќе ви дадат број. На страната на дабч ја следите преписката односно молбата и ако добиете удостроверение за блгарски происход. Јас чекав осум месеци сега може е побрзо. Го подигате од амбасада или конзулатот.
Тоа е првата фаза, потоа со происход и повторно со изводи преведени и легазирани закажувате интервју дали во амбасада или софија. Има полемики меѓу членовите каде е побрзо зависи од повеќе фактори. Али вие ќе одлучите каде ќе поднесете. Јас од почеток до крај бев преку амбасада и за 26 месеци добив гражданство со стар документ од дедо. За интервју сега се чека околу 18 месеци за интервју преко софија и околу една година преку амбасада. Не можам сите детали да ви пишам ќе одземе премногу простор па пишете во пп.
Е сега на интервју...... Ќе ви постават неколку прашања, празници, зашто сакате да бидете блгарски граждани, што ќе се смени кај вас од кога ќе добиете, дали имате роднини во бг, дали ќе живеете во бг, знаме, химна итн. Најбитно е да не згрешите во националноста и гражданство. Запамтете како оче наш. Имате македонско гражданство, а по националност блгарин. Тука ако згрешите 100% не добивате гражданство дури и да имате родители со бг гражданство. Бидете самоуверени, одговарајте кратко и точно и се ќе биде во ред. Запамтете тие луѓе не се непријатели туку административци кои си вршат работа. Кога мене ме прашаа на крај што ќе се смени кај тебе од кога ќе добиеш гражданство малку застанав се закочив и заборавив оние работи дека ќе бидам признат од мојата родина Бугарија и само кажав дека ќе ми се наполни душата и срцето. И така малку чудно ме погледна ама видов дека и беше мило на жената. Исто е битно да кажете дека ќе живеете во бг, имате пари да и веститате во бизнис. Никој не сака социјални случаи во својата земја. Затоа не го потценувајте интервјуто зошто може скапо да ве чини. Не слушајте совети дека интервјуто е само формалност.
За сега толку може нешто пропуштив утре ќе ви пишам што после интервју