Пред неколку месеци се обратив на агенција за продажба на стан и евентуална уплата на помал, бидејќи итно ми беа потребни пари. Тие земаа клуч, потоа рекоа дека се расипала бравата и направија друг од кој не добив копија. Предложениот преддоговор не го прифатив во таа форма по консултација со правници. Откако барав извесни гаранции во преддоговорот (писмено фиксирање на она што беше усно договорено), работата почна да се тегне.Прво беше: идната недела, па за некој ден, па има проблем со 2 квадрати (иако според имот ниор лист всушност е поголема квадратурата), па повторни копии од елаборати и други документи ... Сега агентот воопшто не реагира на ниедна моја интервенција. Клучот е кај нив, немам увид ни можност за влез во сопствениот стан. Не знам со сигурност ни дали евентуалниот купец всушност нешто донел или врши работи во станот без ништо потпишано,без преддоговори и договори, без билокакви уплатени пари и без моја дозвола. Навистина не знам како да постапам. Вакво искуство со агенција за недвижности почнува да биде хорор. Прашав на неколку форуми дали луѓе имале искуство со таа агенција, но никој не одговори.