Што мене ми е спорно последниве денови! Албанските политичари сакаат да јадат трици за историското минато на Македонија (како на пр. дека била источна провинција на Илирида или дека македонците се измислена нација), а кога на маса се ставаат вистинските историски факти за нивната земја/народ, они плачат. Како на пример дека тие дошле од зад Карпатите од една земја која денес не постои, дека немаат допирна точка со Илирида и дека некогаш северна Албанија била населена со срби, дека во источна Илирида живееле македонци, а во јужна грци и сите тие со времето биле или албанизирани или протерани. Тоа се вистински историски факти. Дека нивниот великан- Ѓоргија Кастриот бил србин. Па дека нацијата им е создадена 1912 со помош на Австро-унгарија и Германија, дека во 2-те светски војни работеле и војувале со/за окупаторот. Па и јадат тоа што не се јаде дека одредени цркви во западна Македонија требало да и припаднат на албанската православна црква! Нека земат една историска книга и нека прочитаат дека црквите во Македонија биле поделени помеѓу бугарската и албанската православна црква, од страна на Германија, а со помош на Италија, за време на втората светска војна. Тоа пред се била територијална поделба. И дека никогаш, никој не ги викал албанци, туку геги и тоски. Албанија била надворешен проект на Австро-унгарија за намалување на влијанието на кралството Југославија на Балканот. Патем, за ослободување на Скадар загинале скоро 20.000 срби, а потоа тој град морал да и биде даден на Албанија. Зошто таквите историски факти забораваат да ги споменат?!
И денес се правал главни кога се отвара некое историско прашање. Се нема основни аргументи, па се менува историјата како се сака. Како на пример, пред неколку години во тираж е пуштен историски учебник каде се негира постоењето на србите на Балканот и се даваат лажни податоци дека речиси сите цркви на Косово биле изградени од албанците!
Нека земе да прочита нешто во животот таа т.н. политичарка која нема елементарни познавања за историското минато на својата земја,а најгласно кокодака. Срамно е за нејзината земја и за нејзиниот народ.