http://kajgana.com/zaev-i-da-ima-novi-izbori-kje-soberam-70-potpisi-za-pred-ivanov
Se samoproglasuva za premijer promovira programa vo koja apla laze deka nema da se menuva ustav za po 2-3 saati da ja smeni izjavata
I na ovaa crpka i veruvate koja nikad nema da stane premijer
И да има нови предвремени парламентарни избори, лидерот на СДСМ Зоран Заев е убеден дека пак ќе биде исправен пред претседателот Ѓорге Иванов со повеќе од 70 потписи, затоа што рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М изјави дека има план Б, во случај ако претседателот на државава, Ѓорѓе Иванов не му го додели мандатот, но и дека се надева дека тој нема да се реализира.
„Планот А е да биде доделен мандатот од Иванов. Во планот А е и конституирање на Собранието и избор на Претседател на Парламентот. Јас се надевам дека нема да дојде до план Б, туку ќе се реализира план А. Ќе се обидеме деновиве да постигнеме договор за претседател на Собранието. Да биде функционален и ќе се обидеме со тој чекор“, рече Заев.
За предлогот да се спроведат нови предвремени парламентарни избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на СДСМ вели дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа, а тој пак ќе застане пред Иванов да го бара мандатот.
„И да одиме на избори јас верувам дека ќе бидам исправен пак пред Иванов со повеќе од 70 потписи. Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа“, вели Заев.
Сепак, според него, изборите не се решение за излез од кризата, туку да му се даде шанса да формира влада.
За тоа дека ветил промена на Уставот, Заев смета дека не е потребна негова промена за некој да добие права.
„Нашиот Устав е доволно европски и либерален, тоа се овозможува преку закони и мерки да бидат унапредени одредени права“, изјави Заев.