Не да ги потсеќаш атер за мене, туку постирај им го од време на време. Знаеш се трупаат одговори, се множат страници па лесно се губи и оди во заборав
.
Така да ако ја постираш изјавата одвреме на време никој нема за брзо да го заборави или да се прави дека заборави или не ја видел.
Видиш веќе ја заборавија, ретко кој и спомна нешто околу тоа. Исто како да го немало. Ама секој можен момент ке ти го тријат носот како тоа нашите пријатели од странство не поддржаа, рекоја вака или така, не поддржаа и што знам што.
Чисто ме интересира дали во странските партнери и пријатели спаѓа и Германија пошто таа не гледа ништо лошо во платформата. Онаа де која не постои, која нема везе, спинот на Али за да си го врати рејтингот, очајниот обид на Груевски за да не оди во затвор, за која треба 2/3 мнозинство за да помини. За таа платформа правиме муабет колку да не се збунат па да помислат на некоја друга.
Ајде со лесно.
Јас нема многу да ти помогнам пошто мојот официјален став е дека Заев треба да си направи влада и треба да се почитува вољата на мнозинството кои си кажа тоа што имаше да си кажи на изборите. Ако тоа значи дека и платформата оди во пакет, јас во духот на демократијата ке ја почитувам вољата на мнозинството искажана на фер и демократски избори. Сега тие што го дадоја гласот на СДСМ нека си смилслуваат оправдување зошто и како. Нашите западни пријатели на кои толку се повикуваа во овие две години си кажаа тоа што имаат да кажат. Платформата стои, реална е и нема бегање од неа. Крај. Сега вие играјте со картите што ви ги поделивме.