Риболов

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
Друже за Вардар си јалнаш... оди накај Рајко (железничка станица велес-скопје), да видиш шо е скобал и утман... парче под 0,5 кг нема, ама не сум бил неколку месеци не знам корморани дали има... ако има џабе патот а инаку за канализација не е канализација да знаеш, само изгледа вие на лист мочате. Може и црвите со нараквици ги местите... речна риба е многу подобра од езерска
 
реките ни се тие,нема простор за многу пребирање, Босна и Србија имаат речен рај за риболов ми се чини гледам на слики по фб на Сава, Дрина, Дунав(и каналите) , Западна Морава се лови тапарошки и на фидер кој зема замав последно време

кај нас на Вардар и Дримот се најатрактивни за риболов,но рибата мириса доста и којзнае колку е добра за конзумирање(минатата сезона многу се жалеа на рибата од Дримот и Глобочица дека многу мириса)
 
Ај некој од искусните рибари да ми појасни одередени работи.

Купувам замрзната сардина (пример) како можам и дали воопшто да знам дали истата е товена во базени и ранете со пченка, или е ловена како што треба?

Дали некаде кај нас можеби се продава свежа сардина, и дали воопшто ја има во нашите реки - езера?
 
Сардината што ја купуваш е растена во солена вода, кај нас слично ќе ти дојде плашица / гириците :D

Мислам (значи не тврдам) дека сардините не ги ни товат во базени како лососот и остали, бидејќи ги има многу, лесно се фаќаат итн. Едни од поздравите риби е за јадење. Се надевам и коските дека ги јадеш :cool:

П.С. не сум рибар.
 
Да ги јадам и коските, знам дека имаат многу фосфор и калциум. Знам и дека не се тови, али пуст OCD "да се осигурам"

Ако продаваат негде свежа дај инфо.
 
Да ги јадам и коските, знам дека имаат многу фосфор и калциум. Знам и дека не се тови, али пуст OCD "да се осигурам"

Ако продаваат негде свежа дај инфо.
богати се и со омега 3, сардината се изловува во морињата, а кај нас стигнува на пазарот исклучиво конзервирана
 
Што е со линкот: нешто пропуштам или?
 
Кленот на што најмногу јаде во летниот период?
црна скачка (штурец) ? Или сосема друго нешто?
 
Кленот на што најмногу јаде во летниот период?
црна скачка (штурец) ? Или сосема друго нешто?
зависи на која вода ќе го зачекаш, буквално на СЕ може, од пченица/пченка, боили, па црви,ларви,скакулци,штурци,специјалци и секаков вид на инсекти па до доцна есен на дренка или на пилешки џигер.............на некои места многу успешно се лови на дубинка или пливка,на други места на блинкери или воблери...............
 
Фала многу за инфо :);)(y)
 
Пред 6-7 години се заебавав кога ми велеа дека е кленот додека зреат дренките е веган, но кога почна да гризе како луд целио кефои бев, од Козјак се вративме со по една вреќа клен секој и тоа одлични парчиња. Исто имам ловено и на црница (дудинки, боболки како и да ги викате), случајно заприметив дека од боболката покрај реката како паѓаат плодовите, нешто ги лапнува од долу, за проба наместив и му фрлив, тој ден само на тоа ловев.
Сом на внатрешни органи од свежо заклана кокошка стриптизерка, додека сеуште чадат џигери и внатрешни органи од кокошката, мести на куките и фрлај, не може стопанкиниот да им одолее.
 
Кленот јаде буквално се, ама ја најмногу и најголеми парчиња имам вадено на ларви и на воблер... Сум пробувал и на диво грозје, аронија, сливи итн, ама ништо посебно и помали парчиња испаѓаат, но сепак нема правила... На мрсул еден пријател на заебанција фрли извади клен... Мислам дека повеќе иде по жив мамец (црв, скачка, пчела, ларва)...Имам слушнато и на пикавец од цигар (не запален), натопен во арома од ванила и мед... Како и да е зависи кај си и кое време од годината е...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom