Го разбирам твојот гнев дечко сосема, и јас сум разочаран како и ти. Покрај толку труд на крај да бидеш заебан..... Не е убаво чувство.....
Не се работи воопшто за мене. Јас живеам по рабовите на системот. Од државата ниту нешто барам, ниту нешто давам за неа. Јас сум само посматрач на ова што се случува. Ќе напишам сега еден подолг пост, кој сака нека го прочита.
Во основа, постојат две врсти на држави. Едната врста каде што еден човек, или една клика собрана околу тој човек тврди дека има од Бог дадено право да владее со едно општество. Другата врста се базира на општествен договор. Тој договор вели дека НИКОЈ нема од Бог дадено право да владее со едно општество, туку дека припадниците на тоа општество се договараат, преку гласање или на друг начин да одберат луѓе кои ќе управуваат со општеството и за тоа ќе земаат плата. Тие луѓе не се поважни од ниту еден друг припадник на тоа општество, и тие имаат одредена функција во него. Тој договор вели дека на последниот крал народот му ја одсече главата, и дека на секој кој ќе тврди дека е крал, повторно ќе му ја одсече.
Француската револуција го направи тој исчекор од една врста општества во друга, од монархиите од различни типови во граѓанските општества. Тоа е моментот кога слободата доаѓа кога последниот крал е обесен на цревата на последниот свештеник. Француската револуција е најважниот поединечен настан во политичката историја на човештвото.
Е во Македонија ние не успеавме да имаме таква револуција. Нашиот народ од кого најискрено ми се гади, остана во стадиумот на закрпостени селани. За време на Римската Империја, исто како и за време на Француската Монархија, ималу слуги кои оделе по господарите или кралевите со кофа, и кога ним ќе им се примочало, вршеле мала нужда во таа кофа. Додека мочале, малку го прскале носачот на кофата, ама нему тоа не му сметало, затоа што бил роб или слуга. Тој носач, тоа е македонскиот народ. Гвујо го фатија како краде, Гвујо го поништи општествениот договор, арно ама на носачите на кофата тоа не им смета, не отидоа по неговата глава. Им се помоча во сурат, арно ама им даде сендвичи. Е сега, и сендвичите се малку испрскани, ама барем се јадат.
Во тој момент, припадниците на тој народ не се граѓани, туку слуги. Како такви, тие немаат право да бистрат политика. Аристотел велеше дека човекот е политичко суштество, но за да биде политичко суштество мора прво да биде човек. Робовите во стара Грција не биле политички суштества, туку орудија.
Пред да бидеш Тврдокорен, геополитички стратег, патриот, прво мораш да бидеш човек. Кога Гвујо ви се помоча во лицата и ви кажа дека го снимале со жолти комбиња, а не му ја одсековте главата заради тоа, вие го изгубивте правото да бидете луѓе. Вашиот патриотизам е сега смешен, затоа што патриотизмот на роб на му стои, нема право на него.
Сега ви смета платформата. Платформата не ви крива за вашата неспособност да се издигнете на стадимоут луѓе, односно граѓани. Да бевте граѓани кои го нашутираа Гвујо, платформа немаше ниту да има.