Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.318
Не знам што си запнал со ЕУ и меѓународната заедница. Овој народ имаше шанса да покаже дека е државотворен кога пукнаа бомбите. Требаше со вили и секири да им влезе во Собранието и да им каже на Гвујо и компанија дека државата Гвујо не ја наследил од татка, па да може да краде колку сака. Арно ама, помили беа сендвичите. Потоа Гвујо имаше шанса да даде оставка и да се пријави за кривичен прогон, заедно со кликата околу него. И тоа не се случи.

Е сега сакаме држава?

Е нема.
Имаше точно, имаше голема шанса, меѓутоа зајо реши да прави геј шарада и го избрка поштениот свет.... и на крај сега и покрај шансата која одвај му се пружи на изборите со триста тракатанци, тој реши да се посере со прифаќање на платформата на криминалци и терористи од истите тие бомби кои ги збориш.

Мораш да признаеш дека Монти Пајтон подобро сценарио не можеше да изрежира. Јас би го ставил Џон Клиз да го глуми, ама незнам дали може фацата мутава да му ја долови.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Имаше точно, имаше голема шанса, меѓутоа зајо реши да прави геј шарада и го избрка поштениот свет....
Кој поштен свет? Армијата буџетари која за сендвич прави контрамитинзи? Мизеријата во раскош? Луѓе без гордост?

Ние држава не заслужуваме, ниту некогаш сме ја имале. Оваа карикатура од држава која постои две децении послужи само 200-300 семејства енормно да се збогатат. Тури му пепел на ова срање.

Држава не се брани со минтинзи, се брани со почитување на институциите. Овој народ не разбира што е институција, знае само за сендвичи.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.318
Кој поштен свет? Армијата буџетари која за сендвич прави контрамитинзи? Мизеријата во раскош? Луѓе без гордост?

Ние држава не заслужуваме, ниту некогаш сме ја имале. Оваа карикатура од држава која постои две децении послужи само 200-300 семејства енормно да се збогатат. Тури му пепел на ова срање.
Го разбирам твојот гнев дечко сосема, и јас сум разочаран како и ти. Покрај толку труд на крај да бидеш заебан..... Не е убаво чувство.....

Најтажно од све што овој процес кој се случуваше последните 2 години е школски пример како тие 200-300 семејства стигнале до богатството.[DOUBLEPOST=1489095995][/DOUBLEPOST]
Држава не се брани со минтинзи, се брани со почитување на институциите. Овој народ не разбира што е институција, знае само за сендвичи.
Не ме зезај?
 
D

Darko_ufo

Гостин
Ништо не се постигнува со протести и митинзи на улица, мора народот да верува на институциите затоа што само тие можат да ја решат оваа ситуација.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Треба да се има тотална доверба во институциите и судовите, еве сега Сеад Кочан ќе одговара пред правдата.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Па грешка беше тоа Заев, тогаш Господинот Премиер Господинот Никола Груевски повикуваше на доверба во институциите, јас се согласувам со тогашниот Господин Премиер Господниот Никола Груевски дека со насилство на улица ништо не може да се реши и дека се треба да се остави во рацете на институциите.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387

Добри сендвичите, а? :)
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Треба да се има тотална доверба во институциите и судовите, еве сега Сеад Кочан ќе одговара пред правдата.
Додека не видам правосилна судска пресуда, јас ќе се воздржам од коментари на таа тема. Ако е составено добро, издржано обвинение и ако е објективен судијата, да - ама ако не е така, многу лоша ситуација ќе биде. Мора првите случаи на СЈО да се солидни и уверливи за да се прикаже во добро светло и на јавноста која не го поддржува, а анкетите (што би рекол владе) викаат дека СЈО има поддршка од преку 60% од населението што е многу повеќе од било која партија поединечно. Сепак судовите уште се сива зона и контролирани од луѓето кои треба да се соочат со законот.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.318
Па грешка беше тоа Заев, тогаш Господинот Премиер Господинот Никола Груевски повикуваше на доверба во институциите, јас се согласувам со тогашниот Господин Премиер Господниот Никола Груевски дека со насилство на улица ништо не може да се реши и дека се треба да се остави во рацете на институциите.
Епа и јас се согласувам дека треба.

Ете институцијата Иванов, чија канцеларија беше демолирана и притоа полицијата истепана, донесе одлука да не ја прифати платформата. Тие на улица, не се отидени да протестираат, туку се отидени да му дадат подршка на претседателот во таа одлука.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Додека не видам правосилна судска пресуда, јас ќе се воздржам од коментари на таа тема. Ако е составено добро, издржано обвинение и ако е објективен судијата, да - ама ако не е така, многу лоша ситуација ќе биде. Мора првите случаи на СЈО да се солидни и уверливи за да се прикаже во добро светло и на јавноста која не го поддржува, а анкетите (што би рекол владе) викаат дека СЈО има поддршка од преку 60% од населението што е многу повеќе од било која партија поединечно. Сепак судовите уште се сива зона и контролирани од луѓето кои треба да се соочат со законот.
Многу си песимист, знаеш дека?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Го разбирам твојот гнев дечко сосема, и јас сум разочаран како и ти. Покрај толку труд на крај да бидеш заебан..... Не е убаво чувство.....
Не се работи воопшто за мене. Јас живеам по рабовите на системот. Од државата ниту нешто барам, ниту нешто давам за неа. Јас сум само посматрач на ова што се случува. Ќе напишам сега еден подолг пост, кој сака нека го прочита.

Во основа, постојат две врсти на држави. Едната врста каде што еден човек, или една клика собрана околу тој човек тврди дека има од Бог дадено право да владее со едно општество. Другата врста се базира на општествен договор. Тој договор вели дека НИКОЈ нема од Бог дадено право да владее со едно општество, туку дека припадниците на тоа општество се договараат, преку гласање или на друг начин да одберат луѓе кои ќе управуваат со општеството и за тоа ќе земаат плата. Тие луѓе не се поважни од ниту еден друг припадник на тоа општество, и тие имаат одредена функција во него. Тој договор вели дека на последниот крал народот му ја одсече главата, и дека на секој кој ќе тврди дека е крал, повторно ќе му ја одсече.

Француската револуција го направи тој исчекор од една врста општества во друга, од монархиите од различни типови во граѓанските општества. Тоа е моментот кога слободата доаѓа кога последниот крал е обесен на цревата на последниот свештеник. Француската револуција е најважниот поединечен настан во политичката историја на човештвото.

Е во Македонија ние не успеавме да имаме таква револуција. Нашиот народ од кого најискрено ми се гади, остана во стадиумот на закрпостени селани. За време на Римската Империја, исто како и за време на Француската Монархија, ималу слуги кои оделе по господарите или кралевите со кофа, и кога ним ќе им се примочало, вршеле мала нужда во таа кофа. Додека мочале, малку го прскале носачот на кофата, ама нему тоа не му сметало, затоа што бил роб или слуга. Тој носач, тоа е македонскиот народ. Гвујо го фатија како краде, Гвујо го поништи општествениот договор, арно ама на носачите на кофата тоа не им смета, не отидоа по неговата глава. Им се помоча во сурат, арно ама им даде сендвичи. Е сега, и сендвичите се малку испрскани, ама барем се јадат.

Во тој момент, припадниците на тој народ не се граѓани, туку слуги. Како такви, тие немаат право да бистрат политика. Аристотел велеше дека човекот е политичко суштество, но за да биде политичко суштество мора прво да биде човек. Робовите во стара Грција не биле политички суштества, туку орудија.

Пред да бидеш Тврдокорен, геополитички стратег, патриот, прво мораш да бидеш човек. Кога Гвујо ви се помоча во лицата и ви кажа дека го снимале со жолти комбиња, а не му ја одсековте главата заради тоа, вие го изгубивте правото да бидете луѓе. Вашиот патриотизам е сега смешен, затоа што патриотизмот на роб на му стои, нема право на него.

Сега ви смета платформата. Платформата не ви крива за вашата неспособност да се издигнете на стадимоут луѓе, односно граѓани. Да бевте граѓани кои го нашутираа Гвујо, платформа немаше ниту да има.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Епа и јас се согласувам дека треба.

Ете институцијата Иванов, чија канцеларија беше демолирана и притоа полицијата истепана, донесе одлука да не ја прифати платформата. Тие на улица, не се отидени да протестираат, туку се отидени да му дадат подршка на претседателот во таа одлука.
Затоа сега не смее да се повтори истата грешка и сите што протестираат мора да се вратат дома и да не вршат никаков притиоск врз институциите затоа што тие знаат како да завршат со оваа криза. Плус институциите ја имаат сета подршка од нашите стратешки партнери ЕУ и Америка.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Робовите во стара Грција не биле политички суштества, туку орудија.
Не сакам да те разочарам, но Стара Грција потона откога воведоа Демократија како систем на владеење...
Што значи, донекаде си во право.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom